У.бр.118/2016

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и членовите 28 алинеја 1 и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992) на седницата одржана на 31 октомври 2016 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на дел од насловот

2. Игорчо Точев од Кочани, на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуките означени во точката 1 од ова решение.

Според наводите во иницијативата оспорениот дел од насловот пред членот 60 од Законот за судската служба, со употребата на зборовите „јавнообвинителска служба“ во цитираните делови, односно одредба, наместо зборовите „судските службеници“ и оспорениот член 128 став 1 и 2 во делот „јавнообвинителскиот“ биле во спротивност со членот 8 став 1 алинеја 3 и членот 51 од Уставот на Република Македонија.

Во иницијативата подносителот ги цитира членот 1, членот 60 и членот 128 од Законот за јавнообвинителска служба како и членот 1 од Законот за судската служба, укажувајќи на фактот дека оспорените одредби не биле јасни, прецизни и концизни норми. Според подносителот, во правниот промет морало да постојат јасни, прецизни и концизни норми кои сами по себе но и во врска со останатите одредби од законот, да имаат логичност и правна функционалност.

Поради наведените причини со иницијативата се предлага Судот да поведе постапка за оценување на уставноста на оспорените одредби и истите да ги укине.

3. Судот на седницата утврди дека во членот 60 став 1 од Законот за судската служба се наведува дека судските службеници се должни да ги извршуваат работите и работните задачи, опишани во актот за систематизација на работните места на судот.

Во ставот 2 од овој член се наведува дека судските службеници врз основа на задолжение во писмена форма од непосредно претпоставениот судски службеник, судскиот администратор или од претседателот на судот, се должни да извршуваат и работи и работни задачи кои не се содржани во описот од ставот (1) на овој член, а кои се соодветни со нивните професионални квалификации и со работните компетенции.

4. Судот понатаму утврди дека во членот 128 став 1 од Законот за судската служба се наведува дека основната плата која се исплатува на јавнообвинителскиот службеник се обезбедува вреднување на соодветниот степен на образование утврден со актот за систематизација за работните места, за работното место на кое тој е распореден и работното искуство.

Во ставот 2 од овој член се наведува дека делот на плата за степенот на образование кое го стекнал јавнообвинителскиот службеник се вреднува на следниот начин: – завршен VII/3 степен или 480 кредити според ЕКТС 250 бода, – завршен VII/2 степен или 300 кредити според ЕКТС 225 бода, – завршен VII/1 степен или 240 кредити според ЕКТС 200 бода, – 180 кредити според ЕКТС 175 бода, – вишо образование 150 бода и – средно образование 100 бода.

Според ставот 3 од овој член додатокот на плата за ниво и работно место се вреднува, и тоа за: – Б1- командант на судската полиција во Врховниот суд на Република Mакедонија 320 бода, – Б2 – координатор на судската полиција 267 бода, – Б3 – командир на судската полиција 270 бода, – Б4 – заменик – командир на судската полиција 238 бода и – В1 – за припадник на судската полиција 228 бода.

Во последниот став од овој член се наведува дека, работното искуство на вработените од ставот (3) на овој член се вреднува во износ од 0,5% во делот на основната плата со која се вреднува образованието и додатокот на плата за звање, за секоја навршена година работен стаж, а најмногу до 20%.

5. Според член 110 алинеја 1 од Уставот на Република Македонија, Уставниот суд одлучува за согласноста на Законите со Уставот.

Според член 28 алинеја 1 од Деловникот на Уставниот суд, Уставниот суд ќе ја отфрли иницијативата ако не е надлежен да одлучува за барањето.

Според член 51 од Уставот, во Република Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон. Секој е должен да ги почитува Уставот и законите.

Со членот 1 од Законот за судска служба се уредени правата, обврските, должностите, одговорноста и системот на плати на судските службеници.

Во Законот, правата, обврските, должностите и одговорноста на судските службеници се разработени во одделни глави.

Според главата IX. Права и должности на судските службеници од Законот за судска служба, во точката 1 се уредени правата на судските службеници, како правото на плата и надоместоци од плата, одморите и отсуствата, платеното и неплатеното отсуство, мирување на работен однос, стручното усовршување, правото на заштита и други права, а во точката 2 уредени се нивните должности, должноста за извршување на работите и задачите, за укажување на незаконски работни задачи, за известување за отсуство од работа, забрана за примање подароци и забрана за политичко дејствување на работно место.

Подносителот на иницијативата ја оспорува точката 2 од оваа глава која е наведена како „Должности на јавнообвинителските службеници„ во делот јавнообвинителските. Имено, од содржината на членот 60 јасно произлегува дека се работи за судските службеници и дека во гореспоменатата точка е направен пропуст, односно техничка грешка.

Според ставот 1 од членот 60 од овој Закон, судските службеници се должни да ги извршуваат работите и работните задачи, опишани во актот за систематизација на работните места на судот.

Според ставот 2 од овој член, судските службеници врз основа на задолжение во писмена форма од непосредно претпоставениот судски службеник, судскиот администратор или од претседателот на судот, се должни да извршуваат и работи и работни задачи кои не се содржани во описот од ставот (1) на овој член, а кои се соодветни со нивните професионални квалификации и со работните компетенции.

Понатаму, во Главата XVII. Судска полиција, целосно се уредени правата и обврските на припадниците на судската полиција, како дел од судската служба. Во оспорениот член 128 од Законот за судска служба, е уредена основната компонента на платата на припадниците на судската полиција, при што во оспорениот став (1) е утврдено дека со основната плата се обезбедува вреднување на соодветниот степен на образование утврден во актот за систематизација на работните места, за работното место на кое е распореден и работното искуство, а во ставот (2) е утврден начинот на вреднување.

Во ставот 1 од членот 128 од овој Закон, со основната плата која се исплатува на јавнообвинителскиот службеник се обезбедува вреднување на соодветниот степен на образование утврден со актот за систематизација за работните места, за работното место на кое тој е распореден и работното искуство.

Според ставот 2 од овој член, делот на плата за степенот на образование кое го стекнал јавнообвинителскиот службеник се вреднува на следниот начин: – завршен VII/3 степен или 480 кредити според ЕКТС 250 бода, – завршен VII/2 степен или 300 кредити според ЕКТС 225 бода, – завршен VII/1 степен или 240 кредити според ЕКТС 200 бода, – 180 кредити според ЕКТС 175 бода, – вишо образование 150 бода и – средно образование 100 бода.

Со ставот 3 од овој член, додатокот на плата за ниво и работно место се вреднува, и тоа за: – Б1- командант на судската полиција во Врховниот суд на Република Mакедонија 320 бода, – Б2 – координатор на судската полиција 267 бода, – Б3 – командир на судската полиција 270 бода, – Б4 – заменик – командир на судската полиција 238 бода и – В1 – за припадник на судската полиција 228 бода.

Во ставот 4 од овој член, работното искуство на вработените од ставот (3) на овој член се вреднува во износ од 0,5% во делот на основната плата со која се вреднува образованието и додатокот на плата за звање, за секоја навршена година работен стаж, а најмногу до 20%.

Од изнесеното произлегува дека во оспорените одредби делот „јавнообвинителските“, односно „јавнообвинителскиот“ кои би требало да се изменат со „судските“ односно „судскиот“ се погрешно означени, односно наместо зборот „јавнообвинителските“ и „јавнообвинителскиот“ би требало да стои „судските“ и „судскиот“, бидејќи Законот за судската служба се однесува на судските службеници, а од друга страна пак Законот за јавнообвинителската служба се однесува на јавнообвинителските службеници. Оттаму произлегува дека е направена техничка грешка, кое е во надлежност на законодавецот, а не на Уставниот суд, Судот оцени дека не сме надлежни за одлучување по иницијативата.

Имајќи ги предвид утврдените надлежности на Уставниот суд од член 110 на Уставот, во однос на наводите од иницијативата, Судот оцени дека во конкретниов случај исполнети се условите од член 28 алинеја 1 од Деловникот на Уставниот суд, за отфрлање на иницијативата со оглед дека наводите се сведуваат на барање за постапување кое е во надлежност на законодавецот, а не на Уставниот суд. Законодавецот е орган чија надлежност е да ги креира прописите, да ги менува и дополнува, а воедно и да врши технички исправки и корекции на прописите кои ги донесува.

6. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

7. Ова решение Судот го донесе со мнозинство гласови во состав од претседателот на Судот, Елена Гошева и судиите: д-р Наташа Габер-Дамјановска, Исмаил Дарлишта, Никола Ивановски, Јован Јосифовски, Вангелина Маркудова, Сали Мурати, д-р Гзиме Старова и Владимир Стојаноски.

У.бр.118/2016
31 октомври 2016 година
С к о п ј е

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Македонија
Елена Гошева