114/1996-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 28 став 1 алинеја 1 и 2 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 15 мај 1996 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување уставноста и законитоста на Правното мислење за примена на конформната метода при пресметување на затезната камата, донесено од Врховниот суд на Република Македонија на 21 декември 1995 година.

2. На Уставниот суд на Република Македонија “Месо промет”, “Мег-промет”, “Графопромет” и “Техно-интерекспорт” сите од Скопје, му поднесоа иницијативи за оценување уставноста и законитоста на актот означен во точката 1 од ова решение, затоа што оспореното правно мислење не било во согласност со Законотза облигационите односи, Законот за сметководството и Законот за висината на стапката на затезната камата, затоа што тоа се заснивало на општите прописи кои доволно не ја регулирале материјата за пресметување на затезната камата и тоа како за висината на стапката на затезната камата така и за методот и времето на нејзиното пресметување.

3. Разгледувајќи ја иницијативата Судот утврди дека со решение у.бр.84/96 од 3 април 1996 година, го отфрлил барањето за оценување уставноста и законитоста на оспореното правно мислење, затоа што оцени дека тоа не преставува пропис во смисла на член 110 од Уставот на Република Македонија, туку тоа е донесено со цел за обезбедување на единствена примена на Законот.

Со оглед на тоа што Судот веќе одлучувал за оспореното правно мислење, а по повод на новоподнесената иницијатива не наоѓа основ за поинакво одлучување, одлучи како во точката 1 од ова решение.

4. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов. (У.бр.114/96)