112/2000-0-1

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 алинеја 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 4 април 2001 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ПОВЕДУВА лостапка за оценување уставноста на член 1 став 2 точка 2 потточки 2.2, 2.3, 2.4, на ставот 1 од потточката 2.4 и на ставот 2 од оваа потточка во дело што гласи
2. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување уставноста на член 1 став 1, на ставот 2 точките 1 и 2 и на потточките 2.1 и 2.5 на точката 2 од ставот 2 и на ста вовите 3 и 4 на овој член од Законот означен во точката 1 на ова решение.
3. Ирина Петровска од Скопје на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста на Законот означен во точката 1 на ова решение. Според наводите во иницијативата оспорениот закон не бил во согласност со член 8 став 1 алинеја 10 од Уставот на Република Македонија. Имено. со овој закон “била постигната само рамнотежа помеѓу интересите на угостителите и корисниците на нивните услуги. Интересот на угостителите да работат според нивните економски потреби и интересот на
корисниците на услугите според нивните потреби”. Од другата страна бил граѓанинот со неговите потреби да не му се наруши хуманизацијата на просторот, како една од темелните вредности на уставниот поредок на Република Македонија, што подразбирало и заштита на нивниот психофизички интегритет и
право на приватност. Според Законот за работните односи
времето од 22,00 часот до 06,00 часот се сметало како време на
одм ор и обновување на работната способност на вработените за
следниот работен ден, а работење во ова време се вршело во
исклучителни случаи, но и тогаш под посебен режим и со
определени забрани за жени и младинци и овој период се сметал
како ноќна работа.Спротивно на интересите на граѓаните законодавецот со оспорениот закон определил работно време во угостителската дејност не водејќи грижа за хуманизацијата на просторот и со “круто решение го решил проблемот на спротивставените интереси” па така и одлучил работното време на угостителските објекти да трае и по 24,00 часот, при тоа со оспорениот закон не предвидел и мерки (одредби) за уредување и хуманизација на просторот после критичното време за работа од 23,00 часот.
4. Судот на седницата утврди дека според оспорениот закон, во Законот за угостителската и туристичката дејност (“Службен весник на Република Македонија” бр. 23/95 ), членот 10 се менува и гласи: Угостителските објекти за сместување и угостителските објекти за исхрана, туристичките информативни бироа и служби можат да работат секој работен, неделен и празничен ден. Според ставот 1 на овој член, распоредот, почетокот и завршувањето на работното време во угостителството и туризмот се уредува според видот на објектите и карактерот на работата на следниов начин:1. Угостителските објекти за сместувањо (хотели, мотели, пансиони, туристички населби, ноќевалишта,
одмаралишта и кампови) и информативните бироа и служби можат да работат од 00,00 до 24 часот. 2. Угостителските објекти за исхрана, без оглед на видот на објектот, можат да работат од 07,00 до 24,00 часот.2.1. Просториите за исхрана и забава, кои претставуваат една градежна целина со угостителските објекти
за сместување, можат да работат од 00.00 до 24,00 часот.2.2. Угостителските објекти за исхрана без оглед на видот на објектот, во периодот од 1 јуии до 31 август можат да работат од 07,00 до 02,00 часот.2.3. Угостителските објекти за исхрана без оглед на видот на објектот во деновите петок. сабота, деновите спроти празничните денови и празничните денови можат да работат од
07,00 до 01,00 часот. 2.4. Угостителските објекти – ноќен бар, кабаре и
дискоклуб, кои не се во состав на угостителските објекти за
сместување, можат да работат и тоа: ноќен бар и кабаре од 20,00
до 03,00 часот; а дискоклуб од 18,00 до 01,00 часот. 2.3. Угостителскиот објект – дискоклуб во деновите петок, сабота, деновите спроти празничните денови и во празничните денови и во периодот од 1 јуни до 31 август може да работат од 18,00 до 02,00 часот.Угостителската дејност во угостителските објекти, ноќен бар, кабаре и дискоклуб не може да се врши во деловна просторија која се наоѓа во колективна стамбена зграда, освен ако со деталниот урбанистички план за одделни делови на населени места поинаку не е определено.2.5. Угостителските објекти без оглед на видот, кои се лоцирани на граничните премини, аеродроми, железнички станци и меѓуградски автобуски станици, можат да работат од 00,00 до 24,00 часот.Вршителот на угостителската и туристичката дејност, самостојно го определува работното време на својот објект во согласност со своите деловни интереси, карактеристики на подрачјето и потребите на корисниците на услугите.Работното време од став 3 на овој член мора да биде истакнато на видно место на влезот на објектот и да е во согласност со работното време предвидено со одредбите на став 2 на овој закон.
5. Според членот 8 од Уставот на Република

Македонија, како темелна вредност на уставниот поредок наРепублика Македонија е утврдено уредувањето и хуманизацијата на просторот и заштитата и унапредувањето на животната средина и на природата. Оваа темелна вредност нормативно е изразена во членот 43 од Уставот според кој, секој човек има право на здрава животна средина. Секој е должен да ја унапредува и штити животната средина и природата.Според ставот 3 на овој член Републиката обезбедува услови за остварување на правото на граѓаните на здрава животна средина. Подигнувајќи го уредувањето и хуманизацијата на просторот и заштитата и унапредувањето на животната средина и на природата на ниво на темелна вредност на уставниот поредок на Републиката, уставотворецот ги имал предвид проблемите предизвикани со неконтролираниот технолошки развој и економски развој во земјата и странство што доведе до појавата криза на животната средина, што од своја страна значинарушување на рамнотежата на човекот и природата и дека помеѓу човекот и природата, односно животната срединп се создадени противречности. Токму затоа суштината на заштитата на животната средина не е само во нејзината заштита со закон и други прописи, туку и во создавање на таков општествен систем во кој интересите на граѓанинот и општеството ќе се развиваат хармонично во кое ќе се отстранат противречностите помеѓу човекот и животната средина. Во оваа смисла државата е должна во уредувањето на животната средина да создаде услови за здрава животна средина со секогаш присутно чувство на одговорност при воспоставувањето на рамнотежа помеѓу економскиот интерес и интересот на граѓаните за здрава животна средина. Уставот утврдува и должност на секој ( сите граѓани, претпријатија, установите и други организации, единиците на локалната самоуправа) да ја унапредува и штити животната средина, како и зачувувањето на природата и животната средина може да биде една од причините со закон да се ограничи слободата на пазарот и лретприемништвото. Според тоа сите субјекти се должни да ги спречуваат и отстрануваат штетните последици што со загадување на воздухот, земјиштето и водите, со бучава или на друг начин ги загрозуваат природните и со работа создадените вредности на животната средина или го доведуваат во опасност животот и здравјето на луѓето. Во тој контекст спречувањето на загадувањето на воздухот, на почвата и водата, спречувањето на штетната бучава и заштитата на животинскиот и растителниот свет поблиску се уредува со закон со што се создадени нормативни претпоставки за заштита и унапредување на животната средина и на природата.Со Законот за заштита и унапредување на жииотнатп средина и природата “Службен весник на Република Македонија” бр. 69/96, 13/99, 41/2000 и 96/2000, пречистен текст “Службен весник на Република Македонија” 6р. 51/2000, се уредуваат правата и должностите на Република Македонија, на правните и физичките лица, во обезбедувањето услови за заштита и унапредување на животната средина и природата заради остварување на правото на граѓаните на здрава животна средина.Со овој закон прецизно се дефинирани сите сегменти од битно значење за заштитата и унапредувањето на животната средина и природата. При тоа, животната средина и природата е дефинирана како простор со сите живи организми и природни богатства, односно природните и создадените вредности и вкупниот простор во кој човекот живее и во кој се сместени населби, добрата во општа употреба индустриските и другиобјекти, а заштитата и унапредувањето на животната средина е дефинирана како превентивна заштита и заштита од загадување и деградација на медиумите на животната средина (водата, воздухот и земјиштето), заштитата од осиромашување на озонската обвивка, спречување на штетна бучава, заштита од јонизирачко и нејонизирачко зрачење, користење и депонирање на отпадоци и друг вид на заштита на животната средина.Според член 3 на овој закон Републиката учествува во финансирањето на заштитата и унапредувањето на животната средина и природата со средства од Буџетот на Републиката, а според членот 4, правните и физичките лица при вршењето на дејноста потребно е да обезбедат рационално користење на природните богатства, финансиски средства за заштита на животната средина и природата во рамките на инвестиционите и производствените проекти и програми и следење на влијанието на дејноста врз квалитетот на животната средина.Во членот 5 од Законот е предвидено дека поблиските услови за заштитата и унапредувањето на животната средина и природата и здравјето на луѓето се пропишуваат со закон. Понатаму со законот поблиску се разработени правата и должностите на Републиката, правните и физичките лица за заштита и унапредување на животната средина и природата, финансирањето, надзорот и казнените одредби.Заштитата и унапредувањето на животната средина има свое место во нормирањето на сите области од општествениот живот. Така според членот 4 на Законот за просторно и урбанистичко планирање (“Службен весник на Република Македонија” бр.4/96), со просторното и урбанистичкото планирање се обезбедува порамномерен просторен рпзвој, рационално уредување и користење на просторот, услови за хумано живеење и работа на граѓаните и според ставот 2 на овој член, со просторното и урбанистичкото планирање се предвидуваат мерки за заштита на животната средина и природата.Со Законот за спречување на штетната бучава (“Службен весник на СРМ” 6р.21/88, 10/90 и 62/93), се утврдуваат правата и должностите на работните луѓе и на граѓаните, претпријатијата, месните заедници и другите организации, општините и градот Скопје, во поглед на заштитата од штетната бучава, како и условите и мерките за спречување и отстранување на штетната бучава во човековата средина, доколку со други прописи не е поинаку уредено.Со членот 2 од овој закон е определен поимот што подразбира штетна бучава во смисла на Законот, според кој под штетна бучава се подразбира честа или долготрајна појава на звук, или шум во човековата средина (околина) кој е над максимално дозволените граници пропишани врз основа на овој закон, стандардите и меѓународните конвенции прифатени од Република Македонија и има штетно влијание врз здравјето на луѓето. Според ставот 2, извори на бучава се сите видови на постројки, уреди, машини, транспорни средства и апарати чија употреба создава бучава во човековата средина, а според ставот 3, под поимот човекова средина (во смисла на овој Закон), се сметаат станбените згради и деловните простории, објектите на општествениот стандард и други објекти, како и населените места и зоните за одмор и рекреација . И според овој закон наведените субјекти имаат право и должност да обезбедуваат и спроведуваат мерки за спречување и отстранување на бучавата што сс остваруваат со програма на мерки и активности за заштита од бучавата. Тргнувајќи од сваќањето на темелната вредност за уредувањето и хуманизацијата на просторот и заштитата и унапредување на животната средина и на природата и уставната граранција дека секој човек има право на здрава животна средина и обврската на Републиката да обезбеди услови за остварување на правото на граѓаните за здрава животна средина, се поставува прашањто до каде е досегот на Републиката во нормирањето на работното време, односно дали законодавецот е потполно слободен во нормирањето на работното време во угостителската и туристичката дејност или е ограничен имајќи ги предвид уставните вредности кои гарантираат здрава животна средина. Според мислењето на Судот законодавецот не е потполно слободен во својата проценка да го нормира работното вроме во угостителската и туристичката дејност или пак ова прашање да го сведе на фактичко прашање. Имено. современите услови на живеење, технолошкиот развој и профитот не донесуваат само благодети туку репродуцираат и многу негативни појави кои свој одраз имаат и врз животната средина. Одтука произлегува дека законодавецот при нормирањето на работното време мора да ги има предвид уставните вредности за заштитата на животната средина и правата на граѓаните на здрава животна средина и да воспостави односи што ќе ги гарантираат правата на граѓаните. Со други зборови при нормирањето на работно време законодавецот е должен да воспостави односи кои истовремено ќе го овозможи вршењето на угостителската и туристичката дејност но и вршењето на овие дејности нема да влијае на загрозувањето на животната средина и правата на човекот на здрава животна средина.Со одделни оспорени одредби од оспорениот Закон, законодавецот со нормирањето на работното време, и покрај утврдените критериуми содржани во овие одредби, очигледно се раководел од интересите на вршителите на дејноста, без да го има предвид влијанието на работното време врз животната средина.Од овој аспект, според мислењето на Судот. од значење се одредбите од ставот 2 иа членот 1 од оспорениот закон под 2.2 и 2.3 што се однесуваат на нормирањето на работното време во угостителските објекти за исхрана, без оглед на видот на објектот во периодото од 1 јуни до 31 август да можат да работат од 07,оо до 02,00 часот, односно во деновите петок, сабота, деновите спроти празничните денови и празничните денови да можат да работат од 07,00 до 01,00 часот. Несомнено дека работното време според овие одредби има влијание врз животната средина, а законодавецот при тоа ги занемарил потребите на граѓаните за одмор во овој временски интервал. Освен тоа единствен критериум за определување на раОотното време е објектот да е наменет за исхрана и тоа без оглед на видот на објектот. Ако се има предвид дека ваквите објекти предизвикуваат бучава, како поради феквенцијата на гостите, така и поради употребата на уреди во функција на приготвувањето на храната несомнено дека со ваквото работно време е дехуманизиран просторот за живеење односно е деградирана животната средина.Исто така, од посебно значење е и одредбата на овој став под 2.4 со која е определено работното време на угостителските објекти – ноќен бар, кабаре и дискоклуб, кои не се во состав на угостителските објекти за сместување да можат да работат и тоа иоќен бар и
кабаре од 20,00 до 03,00 часот, а дискоклубот од 18,00 до 01,00 часот. Оградата на оваа одредоа “кои не се во состав на угостителските објекти за сместување” укажува дека отсуствува критериум за овој вид локали каде можат да бидат сместени, а при тоа нивното работење да не влијае на животната средина, како и одредбата од ставот 1 на оваа потточка од Законот, што се однесува на работното време за угостителски објект – дискоклуб во деновите петок, саоота, деновите спроти празничните денови и празничните денови во периодот од 1 јуни до 31 август да може да работи од 18.00 до 02,00 часот. Не е спорно дека во ставот 2, исто така, од потточката 2.4. од овој закон е предвидена забрана дека угостителската дејност во угостителските објекти ноќен бар, кабаре не може да се врши во деловна просторија која се наоѓа во колективна станбена зграда, освен ако со деталниот урбанистички план за одделни делови на населени места поинаку не е определено. Ако се има предвид дека работењето на овој видлокали е пропратено со голема фреквенција на корисниците на услугите, ова особено се однесува на дискообјектите, и ако продуцира голема бучава, тогаш се поставува прашањето дали критериумот да оваа вид дејност не може да се врши во колективна станбена зграда е доволен да обезбеди здрава животна средина на граѓаните кои живеат во соседството на овие локали. Исто така во врска со оваа одредба пред Судот се постаи прашњето дали дадената можност со детален урбанистички план за одделни делови на населени места да може да се предвиди работење на овие локали во определеното работно време и во колективни станбениз згради не се повредува темелната вредност на хуманизацијата на просторот и уставната гаранција за правото на граѓаните на здрава животна средина.Тргнувајќи од темелната вредност за слободата на пазарот и претприемништвото, нормативно изразена во члонот 55 од Уставот, пред Судот се постави прашањето дали погоре изнесениот став не задира во овие уставни вредности. Меѓутоа, тргнувајќи од сваќањето дека слободата на пазарот и претприемништвото не може да се свати како исклучува потполна слобода на субјектите на пазарот и дека државата како гарант на оваа слобода има значајна улога како регулатор на економските текови во стопанството, како и дека според членот 55 од Уставот слободата на пазарот и претприемништвото може да се ограничи и заради зачувување на животната средина и здравјето на луѓето, според мислењето на Судот законодавецот е должен при определувањето на работното време да го има предвид и зачувувањето на животната средина.Со оглед на тоа што со означените одредби од оспорениот закон со нормирањето на работното време во угостителската дејност не е обезбедена хуманизација на просторот и заштита и унапредување на животната средина и право на граѓаните на здрава животна средина, како и дека со овие одредби Републиката не обезбедува услови за остварунање на правото на граѓаните на здрава животна средина, пред Судот се постави прашањето за нивната согласност со член 8 алинеја 10 и со член 43 од Уставот.
6. Тргнувајќи од содржината на оспорените одредби од Законот Судот оцени дека не може да се постави прашањето за уставноста на оспорените одредби што се однесуваат на работното време за угостителските објекти за исхрана, туристичките информативни бироа и служби да можат да работат секој работен ден, неделен и празничен ден (став 1 од член 1), на угостителските објекти за сместување (хотели, мотели, пансиони. туристички населби, ноќевалишта, одмаралишта и кампови) и информативни бироа и служби да можат да работат од 00,00 до24,00 часот (став 2 точка 1), на угостителските објекти оа исхрана, без оглед на видот на објектот, да можат да работат од 07,00 до 24,00 часот (став 2 точка 2), на просториите за исхрана и забава, кои претставуваат една градежна целина со угостителските објекти за сместување, да можат да работат од 00,00 до 24,00 часот (точка 2 од став 3 под 2.1). Ова од причини што законодавецот со распоредот, почетокот и завршувањето на работното време, а во зависност од видот на дејноста, а тргнувајќи од видот на објектите и карактерот на работата обезбедил со нормирањето на работното време услови за остварување на уставните вредности за хуманизација на просторот и правото на граѓаните на здрава животна средина.Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точките 1 и 2 од ова решение.
7. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, д-р Јован Проевски, Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски.
У.бр.112/2000
4 април 2001 година
С к о п ј е