109/2008-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и членовите 28 алинеја 3 и 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992), на седницата одржана на 18 јуни 2008 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на членот 7 став 1 и членот 22 во делот

2. Стамен Филипов од Скопје на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста на членот 7 став 1 и дел од членот 22 од Законот означен во точката 1 од ова решение.

Подносителот на иницијативата по цитирање на оспорените одредби наведува дека со оспорениот дел кој гласи: „согласно со одредбите од овој закон“ се вршела недозволена рестрикција на членот 73 став 3 од Уставот, која била пак резултат на забраната за распишување на референдум за прашањата неведени во оспорениот член 7 став 1 од Законот.

Според подносителот на иницијативата посебно била проблематична забраната за распишување на референдум за прашањата на изборите, бидејќи со ваквата забрана се девалвирал граѓанскиот суверенитет во Република Македонија (член 2 од Уставот), особено ако се имала предвид невозможноста на извршната власт пред време да го распушти Собранието на Република Македонија.

3. Судот на седницата утврди дека, во член 7 став 1 од Законот, беше предвидено дека, референдум не може да се распише за прашања што се однесуваат на Републичкиот буџет и завршната сметка на Буџетот, за јавните давачки, за резервите на Републиката, за прашања на изборите, именувањата и разрешувањата и за амнестија.

Во членот 22 од Законот беше предвидено дека, Собра-нието е должно да распише законодавен референдум кога предлог ќе поднесат најмалку 150.000 избирачи, за прашања од надлежност на Собранието согласно со одредбите од овој закон. Одредбата се оспорува во делот: „согласно со одредбите од овој закон“.

4. Според член 110 алинеи 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, Уставниот суд на Република Македонија одлучува за согласноста на законите со Уставот и за согласноста на другите прописи и колективните договори со Уставот и со законите.

Според член 28 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија, Судот ќе ја отфрли иницијативата ако постојат други процесни пречки за одлучување по иницијативата.

Имено, според член 92 од Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните („Службен весник на Република Македонија„ бр.81/2005 од 27 септември 2005 година), со денот на влегувањето во сила на овој закон (3 октомври 2005 година), меѓу другото, престанува да важи и Законот за референдум и граѓанска иницијатива (“Службен весник на Република Македонија“ број 24/98).

Тргнувајќи од суштината на член 110 од Уставот прои-злегува дека Судот ја оценува уставноста само на оние закони кои што се дел од правниот поредок на Република Македонија, што со други зборови значи дека Уставниот суд е надлежен да ја оценува уставноста само на оние закони кои се во правна сила, односно важат и се применуваат на територијата на Република Македонија, а не и на закони кои што престанале да важат.

Притоа, во член 47 алинеја 1 од Деловникот, постои исклучок од вака определената надлежност и тоа за случаите кога Судот ќе најде основи за оценување на уставност во времето на важење на оспорените акти, но само под услов актот да престанал да важи во текот на постапката пред Уставниот суд за оценување на неговата уставност, а не и пред тоа, што овде не е случај.

Имајќи ги предвид наведените уставни и деловнички одредби и пред се фактот што оспорените одредби како дел од Законот за референдум и граѓанска иницијатива престанале да важат со влегувањето во сила на Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните, и повеќе не се дел од правниот поредок на Република Македонија, Судот оцени дека како такви не можат да бидат предмет на оцена на уставноста пред Уставниот суд, заради постоење на процесни пречки за одлучување.

5. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

6. Ова решение Судот го донесе во состав од претседа­те­лот на Судот д-р Трендафил Ивановски и судиите: Лилјана Ингилизова-Ристова, Вера Маркова, Бранко Наумоски и Игор Спировски.

У.бр.109/2008
18 јуни 2008 година
С к о п ј е
мл

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Македонија
д-р Трендафил Ивановски