109/2002-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92) на седницата одржана на 12 септември 2002 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување уставноста на член 24 став 1 во делот

2. Стамен Филипов од Скопје, на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста на член 24 став 1 во делот: “штабови” и став 2 во делот: “штабовите” од законот означен во точката 1 од ова решение, затоа што во Армијата како посебни формациски состави не постоеле штабовите, туку само единици, команди и установи. Со оспорената одредба се повредувале членовите 8 став 1 алинеја 3 и член 51 од Уставот.

3. Судот на седницата според член 24 став 1 од Законот за одбрана, Армијата се организира во единици, команди, штабови и установи, а според ставот 2 на овој член од Законот, организацијата на единиците, командите, штабовите и установите, како и нивната големина, структура, број, состав и намена се пропишуваат со организацијата и формацијата на Армијата.

4. Според член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот, владеењето на правото е една од темелните вредности на уставниот поредок на Република Македонија.

Согласно член 51 од Уставот, во Република Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон. Секој е должен да го почитува Уставот и законите.

Со Законот за одбрана, меѓу другото, се утврдени надлежностите на органите на државната власт во областа на одбраната, како и прашањата за Армијата на Република Македонија. Во таа смисла, штабовите како посебен организационен вид на организационата структура во одбраната и во Армијата се предвидени во повеќе одредби на Законот (член 17 став 3, член 19 точка 14, член 20 точка 32, член 26), а не само во оспорената одредба, како што тврди подносителот на иницијативата.

Тргнувајќи од карактерот и поставеноста на одбраната на земјата во Уставот, право е на законодавецот да ја утврдува организацијата на одбраната, вклучувајќи ги и штабовите како посебни формациски состави, и со тоа, според мислењето на Судот, со ништо не се повредуваат принципите на кои се повикува подносителот на иницијативата, поради што не би требало да се постави прашањето за согласноста на член 24 став 1 и 2 во оспорените делови, од Законот за одбраната со член 8 став 1 алинеја 3 и член 51 од Уставот.

5. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

4. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, д-р Јован Проевски и д-р Јосиф Талевски.

У.бр.109/2002
12 септември 2002 година
С к о п ј е
лк

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
д-р Тодор Џунов