105/1995-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 алинеја 1 од Уставот на Република Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 1 јуни 1995 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување законитоста
на член 8 точка 3 под г), д) и ѓ) и член 22 став 2 од Правилникот за специјализација, субспецијализација и стручно усовршување, донесен од Јавната здравствена организација Медицински центар “Борка Талески” во Прилеп, на 4 декември 1992 година.
2. На Уставниот суд на Република Македонија, Борис
Ламбески и други од Прилеп му поднесоа иницијатива за поведување постапка за оценување законитоста на членот 8 точка 3 под г), д) и ѓ) и членот 22 од правилникот означен во точката 1 од ова решение, затоа што, покрај критериумите за специјализација што ги предвидувал Законот, се предвидувале дополнителни критериуми, што не било согласно со Законот за здравствената заштита и затоа што иако предвидувал да влезе во сила со денот на објавувањето на огласната табла, фактички не бил објавен, што било несогласно со Уставот на Република Македонија.
3. Судот на седницата утврди дека според точката 3 на член 8 од Правилникот, приоритет при упатувањето на специјализација ќе имаат здравствените работници и здравствените соработници кои, покрај условите од точките 1 и 2 (завршен факултет, завршен приправнички стаж и една година работно искуство во струката), имаат повисок просек на успех во школувањето со тоа што бодовите по овој основ се движат во распон од 5-20 во зависност од оценката со која кандидатот го завршил пжолувањето; дека согласно член 8 точка 3 под г) за работно искуство поминато во соодветна служба во специјализацијата, на која конкурира кандидатот, над три години добива 10 бода; дека за постдипломски студии, според членот 8 точка 3 под д), кандидатот добива 15 бода; дека согласно член 8 точка 3 под ѓ), по мислењата добиени од стручниот колегиум на соодветната служба каде што дотогаш работел кандидатот како и од стручната служба каде кандидатот конкурира за специјализација, директорот на ЈЗО Медицински центар “Борка Талески” – Прилеп, дава работна карактеристика, која се бодира со 20 бода и дека согласно член 22 став 2 “овој правилник стапува во сила осмиот ден од објавувањето на огласната табла во Јавната здравствена организација “Медицински центар “Борка Талески” – Прилеп.
4. Согласно член 149 од Законот за здравствена заштита (“Службен весник на Република Македонија” бр.38/91 и 46/93), здравствените работници и здравствените соработници можат да специјализираат ако имаат завршен приправнички стаж, положен стручен испит и една година работно искуство во струката по положувањето на стручниот испит.Според член 150 и 151 од Законот, Министерството за здравство утврдува критериуми и донесува програма за потребите од специјалистички и субспецијалистички кадри, а упатувањето на здравствените работници и здравствените соработници го врши здравствената организација по постапка и начин утврден со ошптите акти на организацијата, во согласност со програмата на Министерството.Од изнесените законски одредби произлегува дека условите за добивање на специјализација се определени со Закон за здравствена заштита (завршен приправнички стаж, положен испит и една година работно искуство во струката по положувањето на стручниот испит). Од овие законски одредби, исто така, произлегува дека Законот упатува односно го овластува Министерството за здравство да ги утврди критериумите за специјализација и да донесе програма за потребите од специјалистички и су бспецијалистички кадри.Понатаму, од овие одредби произлегува и дека здравствените организации и другите организации кои спроведуваат здравствена заштита, се овластени со своите општи акти (правилници) да ја определат постапката и начинот на упатувањето на здравствените работници и здравствените соработници на специјализација.Врз основа на ова овластување, здравствената организација Медицински ценатар “Борка Талевски” – Прилеп, меѓу другите, дополнителни критериуми за определување кои кандидати ќе бидат упатени на специјализација односно субспецијализација, ги предвидела успехот за време на студирањето, работното искуство поминато во соодветна служба, постдипломските, студии, работната карактеристика и сл.Имајќи го предвид изнесеното, Судот смета дека е право на здравствената организација да го утврди начинот и постапката за упатување на специјализација, а во тој контекст во зависност од конкретните услови и потреби да утврди дополнителни критериуми според кои ќе се определуваат кандидатите што ќе бидат упатувани на специјализација.Тоа што во конкретниов случај, здравствената организација во оспорениот правилник, покрај предвидувањето на основните критериуми утврдени во Законот, предвидела и дополнителни критериуми (просечна оценка на завршените студии, запишаните или завршените постдипломски студии или поголем работен стаж во струката) според мислењето на Судот, се движела во границите определени со Законот, поради што не може да се постави прашањето за нејзината законитост.Што се однесува до одредбата од член 8 точка 3 под ѓ) според која директорот на здравствената организација дава работна карактеристика која се бодира со 20 бода, Судот оцени дека истата е согласна со Законот поради тоа што директорот во овој случај е само еден вид координатор односно орган кој ги сумира бодовите добиени од соодветните стручни колегиуми каде што кандидатите работеле односно работат, поради што не стои наводот во иницијативата дека оваа одредба од Правилникот му дава можност на директорот субјективно да го определува бројот на бодовите по овој основ.Во врска со наводот во иницијативата со која се оспорува член 22 став 2 од Правилникот, од причина што не бил објавен на огласната табла, Судот оцени дека не може да се постави прашањето за неговата уставност од овој аспект поради тоа што правнилнжкот содржи одредба за негово објавување и влегување во сила, а тоа дали е објавен на огласната табла на здравствената организација е прашање од фактичка природа за што Судот, согласно член 110 од Уставот на Република Македонија, не е надлежен да одлуч ува.
5. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.
6. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, д-р НиколаКрлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловси,д-р Милан Недков, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов.
У.бр.105/951
јуни1995 година
С к о п ј е