101/2003-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и членовите 71 и 28 алинеја 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92) на седницата одржана на 1 и 2 октомври 2003 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување законитоста на Правилникот за дополнување на Правилникот за организација на работата и систематизацијата на работните места во Фондот за здравствено оси гурување на Македонија, донесен од Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија на 27 март 2003 година.
2. Кире Сотировски од Крушево на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за оценување законитоста на правилн икот означен во точката 1 од ова решение затоа што тој не бил во согласност со Законот за општата управна постапка и Законот за здравствено осигурување затоа што со него парцијално се дополнувал претходно донесениот правилник за само три подрачни служби каде за раководител на подрачните служби покрај ВИИ степен се предвидува и ВИ степен на стручна подготовка.
Ова било спротивно на Законот за општата управна постапка затоа што работниците кои непосредно ги извршуваат законите и другите прописи мораат да имаат висока стручна подготовка.
Исто така, оспорениот акт не бил во согласност со Законот за здравствено осигурување затоа што во него било предвидено тој да влезе во сила наредниот ден од денот на донесување, а тоа значи на 28 март 2003 година, а согласноста е дадена на 10 април 2003 година. Според тоа овој акт не може да стапи на сила пред добивање на согласност од министерот.
На 24 септември 2003 година подносителот на иницијативата поднесе барање за запирање од извршување на поединечните акти и дејствија донесени врз основа на оспорниот правилник.
3. Судот на седницата утврди дека врз основа на член 56 став 1 точка 5 од Законот за здравствено осигурување Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, на седницата одржана на 27 март 2003 година, донесол Правилник за дополнување на Правилникот за организација на работата и систематизација на работните места во Фондот за здравствено осигурување.
Во член 1 од оспорениот правилник е предвидено дека “во Правилникот за организација на работата и систематизација на работните места во Фондот за здравствено осигурување на Македонија бр.02-2236/5 од 22 април 2002 година во член 37, Преглед на работните места во подрачни служби во делот на Подрачната служба – Демир Хисар Подрачна служба – Крушево и Подрачна служба – Македонски Брод во точка 1 под број ВИИ се додава зборовите “или ВИ “.
Во член 2, пак, е предвидено дека овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на донесувањето.
Исто така Судот утврди дека на 10 април 2003 година Министерот за здравство донесол решение за давање согласност на оспорениот акт.
4. Согласно член 110 алинеја 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, Уставниот суд на Република Македонија одлучува за согласноста на законите со Уставот и за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите.
Уставниот суд ќе ја отфрли иницијативата ко не е надлежен да одлучува за барањето, согласно член 28 алинеја 1 од Деловникот на Уставниот суд.
Имајќи ја предвид содржината на оспорениот правилник, Судот смета дека истиот не претставува пропис во смисла на член 110 од Уставот на Република Македонија, туку е интерен акт со кој се уредува внатрешната организација и систематизација на работните места во Фондот за здравствено осигурување, а е во функција на извршување на работите од надлежноста на Фондот за која што е и основан, како и за остварување на правата, обврските и одговорностите на вработените во Фондот утврдени со закон и колективен договор.
5. Во однос на барањето за донесување на решение за запирање од извршување на поединечни акти и дејствија, Судот оцени дека со оглед на тоа што не е надлежен да ја оценува законитоста на оспорениот акт, не се исполнети условите за донесување на такво решение.
Со оглед на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.
6. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот Лилјана Ингилизова-Ристова и судиите д-р Трендафил Ивановски, Мирјана Лазарова Трајковска, Иџет Мемети, д-р Бајрам Положани, Игор Спировски и д-р Зоран Сулејманов.

У.бр.101/2003
1 и 2 октомври 2003 година
С к о п ј е
лк

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
Лилјана Ингилизова-Ристова