У.бр.87/1992

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Македонија и член 12 став 1 алинеја 1 од Законот за основите на постапката пред Уставниот суд на Македонија и за правното дејство на неговите одлуки, на седницата одржана на 20 мај 1992 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

1. СЕ ОТФРЛА барањето на Ѓорѓија Бошевски од Скопје за овозмножување безбедна операција, купување на стаж, одење во пензија на лекален начин, право на надоместок на штета и добивање на социјална помош.

2. Ѓорѓија Бошевски, мајор во пензија од Скопје, на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива со барање Судот да му овозможи остварување на правата означени во точкат 1 од ова решение.

3. Разгледувајќи ја иницијативата, Судот утврди дека со неа не се бара заштита на слободите и правата определени во член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Македонија. Според оваа уставна одредба, Уставниот суд на Република Македонија ги штити слободите и правата на човекот и граѓанинот кои се однесуваат на слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата, политичкото здружување и дејствување и забраната на дискриминација на граѓаните по основ на пол, раса, верска, национална, социјална и политичка припадност.

Со оглед на изнесеното, Судот оцени дека не е надлежен да одлучува по барањето од иницијативата на Ѓорѓија Бошевски и одлучи како во точката 1 од ова решение.