71/2000-0-1

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 70 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија, на седницата одржана на 28 февруари 2001 година, донесе

О Д Л У К А

1. СЕ УКИНУВА Одлуката за изменување и дополнување на Планот за реализација на Урбанистичката единица 20 “Лисиче ” – локалитет “Мите Богоевски” – Скопје (” Службен гласник на град Скопје” бр. 10/97).

2. Оваа одлука произведува правно дејство од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”.

3. Уставниот суд на Република Македонија по повод поднесена иницијатива на Бранко и Менча Блажевски и Ѓорѓи и Стојна Стојчевски од Скопје со Решение У.бр.71/2000 од 6.12.2000 година поведе постапка за оценување законитоста на Одлуката означена во точката 1 од оваа одлука затоа што се постави прашањето за нејзината согласност со законот.

4. На седницата Судот утврди дека нацртот на планот, како почеток на постапката, е утврден на 7 јуни 1996 година, на четириесет и четвртата седница на Собранието на град Скопје со заклучок бр. 08-1483/1.На 16. 09. 1996, е одржана јавна расправа но од записникот 6р. 100/92 од 2. 10. 1996 на Месна заедница “Лисиче” може да се види дека јавна расправа се одржала за донесување на Детален урбанистички план за населба Горно Лисиче -урбанистичка единица 69 и дел од урбанистичка единица 68, а не за урбанистичка единица 20. Подоцна , Советот на Општина Кисела Вода во весникот “Вечер” објавува оглас дека од 13 до 27. 06. 1997 година во М.З.- населба Лисиче ќе биде изложен нацрт-планот за изменување и дополнување на планот за реализација на Урбанистичката единица 20 “Лисиче” (локалитет “Мите Богоевски “) – Скопје, но притоа не може да се утврди дека нацртот на планот повторно е утврдуван односно дека постапката се обновува комплетно, овој пат од Советот на Општина КиселаВода, ниту постои извештај како официјален документ за спроведената анкета.Оттука, Судот утврди дека нацртот на планот на кој се однесува оспорената одлука не е утврден од Советот на Општина “Кисела Вода”, ниту постои доказ дека јавната анкета, која била огласена, е воопшто спроведена.б.ЈСпоред член 22 став 5 од Законот за просторно и урбанистичкб планирање (“Службен весник на Република Македонија” 6р .4/96 – влегол во сила на 2 февруари 1996, 6р. 28/97 и 18/99) општината од подрачјето на град Скопје донесува детален урбанистички план и урбанистичка документација за населено место за подрачјето на општината.Согласно член 17 од Законот плановите од член 7 на овој Закон се изработуваат како нацрт и предлог план, а според став 3 по нацртот се спроведува јавна анкета .

Во член 52 став/Лл 2 од Законот еррбдвидено ДЈЈплановите за кои е започивта постапка од СЈрана на градот^ќе а донесат од општината ^а чие подрачје ср^ онесува плажготаенае*—ее—И -знесеното постапката за донесување на плановите започнува со донесување акт на надлежниот орган, стре д одредбијо од Закомот.што ге Р О гипа -Со оглед на тоа што е извесно дека нацртот на планот, како почеток на постапката за донесување на оспорената одлука односно план, е утврден во Собранието на град Скопје по влегувањето во сила на Законот (2.02.1996 година), а освен тоа и Советот на Општината нема никаков документ дека таа го утврдила нацртот на планот, Судот оцени дека одлуката не е во согласност со означените одредби од Законот.Понатаму во член 18 од Законот се утврдени правилата за постапката за организирање на јавната анкета по нацртот на планот. Според став 1 и 2 на овој член таа трае 15 дена и се огласува во дневниот печат, а според став 3 министерството надлежно за работите на урбанизмот изготвуваше извештај со образложение за неприфатените забелешки од граѓаните, кој се доставуваше заедно со предлог планот на усвојување (по 1999 година овој извештај го изготвуваат општините односно градот).Иако постои објава во дневниот печат дека нацрт- планот за урбанистичка единица 20 “Лисиче” се става на јавен увид , околноста што Општината ниту има документ за каков нацрт-план се работи, ниту има документ за постоење извештај за спроведена анкета, претставува основ за оцена дека оваа фаза од постапката воопшто не е спроведена. Поради тоа Судот смета дека оспорената одлука не е во согласност и со член 18 од Законот.

6. Врз основа на изнесеното Судот одлучи како во точката 1 од оваа одлука.

7. Оваа одлука Судот ја донесе во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен
Михајловски, д-р Милан Недков, д-р Јован Проевски, Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски.6.

У.6р.71/2000
28 февруари 2001 година
С копје