У.бр.130/2000-1

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и членовите 71 и 47 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Олужоен весник на Република Македонија” 6р.70/92), ма седницата одржана на 19 септември 2001 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

1. СЕ ЗАПИРА постапка за оценување законитоста на Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за донесување на Детален урбанистички план на дел од Месната заедница “Вардар” УЕ.бр.бб-Скопје, донесена од Советот на општина Кисела Вода на 11 |ули 2000 година.

2. Уставниот суд на Република Македонија по повод поднесена иницијатива на Атанас Ристески од Скопје, со решение У.бр.130/2000 од 16 мај 2001 година поведе постапка за оценување законитоста на одлуката означена во точката 1 од ова решение.

2. Постапката беше поведена затоа што доносителот на оспорениот акт ја донел оспорената одлука без да ја спроведе целокупната постапка предвидена со Законот за просторно и урбанистичко планирање, односно на Судот не му беа доставени докази дека Советот на општината го утврдил нацрт планот како почеток на постпаката за донесување на оспорената одлука.

4. По донесување на решението за поведување на постпката, доносителот на актот достави заклучок на Советот на општинага од 21 јуни 2000 година од кој Судот утврди дека нацрт-планот како почеток на постапката за донесување на плановите бил разгледан и усвоен од Советот.

5. Со оглед на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1на ова решение.

6. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, д-р Јован Проевски, Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски.

У.бр. 130/2000
19 септември 2001 година
Скопје