Уставен суд на
Република Северна Македонија
У.бр.24/2023
Скопје, 02.11.2023 година
Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав Добрила Кацарска, претседател на Судот и судиите Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, Елизабета Дуковска, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски и м-р Фатмир Скендер, врз основа на член 110 од Уставот на Република Северна Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 02.11.2023 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на член 18 во делот „и најмалку 15 години пензиски стаж“ од Законот за пензиското и инвалидското осигурување („Службен весник на Република Македонија“ бр. 98/2012, 166/12, 15/2013, 170/13, 43/14, 44/14, 97/14, 113/14, 160/2014, 188/14, 20/2015, 61/15, 97/2015, 129/2015, 147/2015, 154/2015, 173/2015, 217/2015, 27/2016, 120/2016, 132/2016, 35/18, 220/18 и 245/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.180/19, 275/19, 31/20, 267/20, 67/22 и 79/2023).
Образложение
I
Според наводите на подносителот на иницијативата оспорениот член 18 во делот „и најмалку 15 години пензиски стаж“ од наведениот закон, не бил во согласност со член 8 став 1 алинeја 8, член 9 став 2, членови 34, 35 и член 51 став 1 од Уставот на Република Северна Македонија.
Во иницијативата се наведува дека оспорената одредба е спротивна на начелото на пропорционалност, што значи правилен однос на поединечното кон целината. Според тоа осигуреникот кој има 14 години и 11 месеци платени придонеси за задолжително пензиско осигурување е „изгубен“ во целината на пензискиот фонд и осигуреникот не остварува право на старосна пензија.
До тој момент осигуреникот целосно и навремено ги исполнувал обврските што му ги наметнувал Законот, но штом наполнел 64 години старост за маж и 62 години за жена, Законот го лишувал од секакво право на пензиско осигурување. Ова решение прекумерно и непотребно ја отежнува состојбата на осигуреникот во моментот на остварувањето на неговото лично право. Подносителот наведува дека осигуреникот во периодот на плаќање на придонесите бил изедначен со сите осигуреници, а од моментот на завршувањето на неговиот работен век, тој бил ставен во подредена положба, односно бил исфрлен од пензискиот систем.
Според подносителот, системот треба да води грижа за опфаќање на што поголем број на субјекти, а не отфрлање и намалување на нивниот број, а посебно не на субјектите кои дотогаш биле во истиот и за неколку спорни дена кои недостасувале, Законот им одредувал различна материјална положба која била нелогична, непримерна и неправична.
Подносителот понатаму во иницијативата, дава предлог претставен преку табеларен приказ за овие осигуреници како да им се намали заменската стапка по индексни поени за мажи и жени, за секоја година помалку од пропишаните 15 години, како би се стекнале со пензија овие осигуреници без разлика на висината на истата.
На крајот на иницијативата, подносителот наведува дека пензискиот систем е камен темелник на социјалниот систем на секоја земја. Нашиот систем е во процес на постојано подобрување, навремено реформиран со добри резултати, применет на поволна старосна структура на населението и со задржани одредени добри решенија како висока заменска стапка, добро одмерен поповолен третман на жените, поволни решенија во делот на инвалидското осигурување.
Во дополнување на иницијативата, подносителот наведува дека правото на социјална сигурност и социјално осигурување се стекнува со денот на вработувањето на осигуреникот и од тој ден Уставот му ги гарантира тие права без ограничување и условување иако било пропишано дека тоа се уредува со закон и колективен договор.
Според подносителот, од моментот на засновањето на работниот однос, настанува и обврска за плаќање на задолжителниот вид на социјално осигурување – пензиско и инвалидско, со тоа осигуреникот останува припадник на социјалната држава, а тоа подразбира меѓусебни права и обврски, кои не може да се прекинат со излегување на осигуреникот од периодот на осигурување што не настанало по негова вина. Имено, придонесот за пензиското и инвалидското осигурување е јавна давачка наменета без изјаснување на волјата на осигуреникот, односно обврска на работодавачот, па според подносителот, осигуреникот и да сакал да продолжи со исполнување на обврската, тоа не можел да го стори.
Од овие причини, подносителот смета дека се повредува начелото на релевантни правни очекувања кое опстојува како широко очекување од социјалната држава, се крши начелото на стекнато право на засилување на правната позиција на поединецот во заедницата, се крши начелото на правната сигурност, елементарно кршење на правичноста, а сето наведено не е во функција на остварување, заштита и унапредување на правата на граѓанинот во конкретна и поединечна фактичка и правна ситуација.
Оспорената одредба не обезбедува социјална правда, економска благосостјба и напредок на поединецот како една од основните цели на Уставот и истата претставува ограничување на правата на поединецот, што според подносителот е спротивно на член 54 став 2 од Уставот.
II
Судот на седница утврди дека член 18 од Законот, гласи „Осигуреникот стекнува право на старосна пензија кога ќе наполни 64 години живот (маж), односно 62 години живот (жена) „и најмалку 15 години пензиски стаж“.
III
Според член 8 став 1 алинеја 8 од Уставот како едни од темелните вредности на уставниот поредок на Република Македонија се хуманизмот, социјалната правда и солидарноста.
Според член 9 став 2 од Уставот, граѓаните пред Уставот и законите се еднакви.
Согласно член 34 од Уставот, граѓаните имаат право на социјална сигурност и социјално осигурување утврдени со закон и со колективен договор.
Во член 35 став 1 од Уставот е утврдено дека Републиката се грижи за социјалната заштита и социјалната сигурност на граѓаните согласно со начелото на социјална праведност.
Според член 51 од Уставот во Република Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон. Секој е должен да ги почитува Уставот и законите.
Слободите и правата на човекот и граѓанинот може да бидат ограничени за време на воена или вонредна состојба според одредбите на Уставот, согласно член 54 став 2 од Уставот.
Од наведените уставни одредби, покрај другото произлегува дека Уставот го прокламира и утврдува општиот принцип на право на граѓаните на социјална сигурност и социјално осигурување кое е препуштено на уредување со закон и колективен договор. Уставот, исто така, ја прокламира грижата на Републиката за социјална заштита и социјална сигурност, која се остварува врз начелото на социјална праведност.
Според тоа, прокламирањето на наведените уставни принципи произлегува од социјалниот карактер на државата, а видовите на правата од социјално осигурување, нивната висина, начинот, постапката и условите за остварување на овие права се овластувања за законодавната власт, кој има широк простор во уредувањето на сите релевантни односи кои се од значење за остварување на социјалната сигурност на граѓаните.
Согласно член 110 алинеи 1 и 2 од Уставот на Република Северна Македонија, Уставниот суд на Република Северна Македонија одлучува за согласноста на законите со Уставот и за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите.
Пензиското и инвалидското осигурување како елемент на правото на социјално осигурување е предмет на уредување со Законот за пензиското и инвалидското осигурување („Службен весник на Република Македонија“ бр. 98/2012, 166/12, 15/2013, 170/13, 43/14, 44/14, 97/14, 113/14, 160/2014, 188/14, 20/2015, 61/15, 97/2015, 129/2015, 147/2015, 154/2015, 173/2015, 217/2015, 27/2016, 120/2016, 132/2016, 35/18, 220/18 и 245/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.180/19, 275/19, 31/20, 267/20, 67/22 и 79/2023).
Согласно член 4 од Законот, правата од пензиското и инвалидското осигурување се стекнуваат и остваруваат во зависност од начинот, должината и обемот на вложувањето на средствата за пензиското и инвалидското осигурување под услови утврдени со овој закон.
Според член 5 од Законот, права од пензиско и инвалидско осигурување се: право на старосна пензија; право на инвалидска пензија; право на професионална рехабилитација и права на соодветни парични надоместоци; право на семејна пензија; право на паричен надоместок за телесно оштетување и право на најнизок износ на пензија.
Меѓу правата од пензиското и инвалидското осигурување кои можат да се стекнат под услови утврдени со овој закон, спаѓа и правото на старосна пензија. Согласно член 18 од Законот, кој е оспорен со иницијативата, правото на старосна пензија осигуреникот го стекнува кога ќе наполни 64 години живот (маж), односно 62 години живот (жена) и најмалку 15 години пензиски стаж.
Член 18 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување го уредува прашањето на стекнување на право на пензија кое право се стекнува со исполнување на одреден минимум на пензиски стаж на осигурување и возраст. Ги предвидува и утврдува кумулативно законските услови за остварување на правото на старосна пензија. Оспорениот дел од одредбата, односно пропишаната граница на потребен минимум на пензиски стаж – најмалку 15 години, е во тесна врска со условот за стекнување на право на старосна пензија. Ваквото законско решение имплицира дека наведените услови за стекнување на правото за старосна пензија на осигуреникот, треба да се гледаат кумулативно, осигуреникот не може да се стекне со старосна пензија ако има 15 години пензиски стаж, а не го исполнил условот со потребни години старост. Впрочем, на кумулативно предвидени и утврдени услови за стекнување право за старосна пензија, се засноваат сите системи на задолжително пензиско и инвалидско осигурување, посебно системите со принцип на генерациска солидарност.
По однос на наводите за нееднаквост на граѓаните, уставното начело на еднаквост, го обврзува законодавецот при уредувањето на условите за остварување на определени права да не ги дискриминира граѓаните, односно тие услови да важат еднакво за сите граѓани. Меѓутоа, ова начело не може да биде пречка законодавецот на единствен начин да ги уреди условите за стекнување на право за старосна пензија, односно не значи обврска условите да ги определува зависно од должината на стекнатиот пензиски стаж.
Околноста што осигуреникот исполнил старосни години живот пред потребниот минимум од 15 години пензиски стаж, како услов за старосна пензија, сама по себе, не значи повреда на уставниот принцип на еднаквоста.
Оспорената одредба во која конкретно и јасно се утврдени условите за стекнување на правото на старосна пензија, како едно од правата утврдени во Законот за пензиското и инвалидското осигурување, е во функција на обезбедување на материјалната и социјалната сигурност во случај на настапување на старост на граѓаните по основ на нивната работа.
Предвиденото законско решение, осигуреникот со наполнети 64 години живот (маж), односно 62 години живот (жена) и најмалку 15 години пензиски стаж да претставува основа за стекнување на право за старосна пензија се поставени на сосема реални и објективни основи, поради што Судот, цени дека со предвидениот начин на уредување на оваа одредба не се доведува во прашање остварувањето на правата од социјална заштита.
Ова, дотолку повеќе што во член 5 од истиот закон, законодавецот предвидел и други права за стекнување со пензиско и инвалидско осигурување. Имајќи го предвид наведеното, Судот, утврди дека оспорената одредба не создава правна несигурност од причини што со неа јасно се утврдени условите под кои осигуреникот може да се стекне со правото на остварување старосна пензија.
Законот за пензиското и инвалидското осигурување, од неговото донесување во 1993 година, па сè до последните негови измени и дополнувања, бил повеќепати предмет на оцена пред Уставниот суд. Оспорената одредба во оваа иницијатива, исто така, била предмет на уставно-судска анализа, но како оспорена одредба со идентична содржина во член 17 став 1 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување („Службен весник на Република Македонија” бр.80/1993, 14/1995, 71/1996, 32/1997, 24/2000 и 96/2000, 50/2001, 85/2003).
Уставниот суд на Република Македонија со Решението У.бр.201/2003 од 10 март 2004 година, не поведе постапка за оценување на уставноста на член 17 став 1 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување („Службен весник на Република Македонија” бр.80/1993, 14/1995, 71/1996, 32/1997, 24/2000 и 96/2000, 50/2001, 85/2003). Одредбата е ценета од аспект на член 8 став 1 алинеите 3 и 8, член 34, член 35 став 1 и член 51 од Уставот.
Во овој предмет, Судот утврди дека меѓу правата од пензиското и инвалидското осигурување кои можат да се стекнат под услови утврдени со овој закон, спаѓа и правото на старосна пензија. Согласно член 17 став 1 од Законот, кој бил оспорен со иницијативата, правото на старосна пензија осигуреникот го стекнува кога ќе наполни 64 години живот (маж), односно 62 години живот (жена) и најмалку 15 години пензиски стаж.
Судот ценел дека согласно Уставот, правото на социјална сигурност и социјално осигурување на граѓаните, а во тие рамки и на пензиското и инвалидското осигурување, како дел од социјалното осигурување, се уредува со закон и колективен договор. Судот утврдил дека право на законодавецот е во оваа сфера да ги утврдува видовите на права, условите за стекнување, висината, начинот на стекнување и користење на правата и други прашања кои се од значење за остварување на социјалната сигурност на граѓаните.
Според тоа, Судот, оценил дека не е спорна одредба во која конкретно и јасно се утврдени условите за стекнување на правото на старосна пензија, како едно од правата утврдени во Законот за пензиското и инвалидското осигурување, е во функција на обезбедување на материјалната и социјалната сигурност во случај на настапување на старост на граѓаните по основ на нивната работа.
Врз основа на наведените уставни одредби, анализата на оспорениот член 18 од Законот, како и уставно-судската пракса по предметот У.бр.201/2003 во кој била ценета истата содржина на оспорената одредба, сметаме дека истата е ценета од уставен аспект на член 8 став 1 алинеи 3 и 8, член 34, член 35 став 1 и член 51 од Уставот, на кои одредби се повикува подносителот и во овој предмет, а па однос на член 54 став 2 од Уставот, подносителот не даде наводи за повреда на уставноста.
IV
Врз основа на наведеното, Судот, со мнозинство гласови, одлучи како во диспозитивот на ова решение.
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
Добрила Кацарска
Издвоено мислење по предметот У.бр.24/2023
* * *
Gjykata Kushtetuese e
Republikës së Maqedonisë së Veriut
У.бр.24/2023
Shkup, 02.11.2023
Gjykata Kushtetue e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në përbërje të Dobrilla Kacarska, kryetare e Gjykatës, dhe gjykatësve Naser Ajdari, mr. Tatjana Vasiq-Bozaxhieva, Elizabeta Dukovska, dr. Osman Kadriu, dr. Darko Kostadinovski dhe mr. Fatmir Skender, në bazë të nenit 110 dhe nenit 112 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe nenit 71 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 70/1992 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 02.11.2023, miratoi
AKTVENDIM
NUK INICOHET procedura për vlerësimin e kushtetutshmërisë së nenit 18 në pjesën “dhe të paktën 15 vjet stazh pensional” të Ligjit për sigurim pensional dhe invalidor (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë“ nr. 98/2012, 166/12, 15/2013, 170/13, 43/14, 44/14, 97/14, 113/14, 160/2014, 188/14, 20/2015, 61/15, 97/2015, 129/2015, 147/2015, 154/2015, 173/2015, 217/2015, 27/2016, 120/2016, 132/2016, 35/18, 220/18 dhe 245/18 dhe „ Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut“ бр.180/19, 275/19, 31/20, 267/20, 67/22 dhe 79/2023).
Arsyetim
I
Sipas pretendimeve të parashtruesit të iniciativës, neni 18 i kontestuar në pjesën “dhe të paktën 15 vite stazh pensional” të ligjit në fjalë, nuk ishte në përputhje me nenin 8 paragrafi 1 alineja 8, neni 9 paragrafi 2, nenet 34, 35 dhe neni 51 paragrafi 1 i Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut.
Në iniciativë thuhet se dispozita e kontestuar është në kundërshtim me parimin e proporcionalitetit, që nënkupton raportin e drejtë të individit me tërësinë. Rrjedhimisht, i siguruari që ka paguar kontribute për sigurimin e detyrueshëm pensional për 14 vjet e 11 muaj është i “humbur” në tërësinë e fondit pensional dhe i siguruari nuk realizon të drejtën e pensionit të pleqërisë.
Deri në atë moment, i siguruari i ka përmbushur plotësisht dhe në kohë obligimet që ia impononte ligji, por sapo ka mbushur moshën 64 vjeç për meshkujt dhe 62 për femrat, ligji i ka privuar nga çdo e drejtë për sigurim pensional. Kjo zgjidhje e vështirëson në mënyrë të tepruar dhe të panevojshme situatën e të siguruarit në momentin e realizimir të së drejtës së tij personale. Parashtruesi thekson se gjatë periudhës së pagesës së kontributeve, i siguruari ka qenë i barabartë me të gjithë të siguruarit dhe që në momentin e përfundimit të marrëdhënies së tij të punës është vendosur në pozitë vartëse, pra është përjashtuar nga sistemi pensional.
Sipas parashtruesit, sistemi duhet të kujdeset që të përfshijë sa më shumë subjekte, e jo të refuzojë dhe zvogëlojë numrin e tyre, e sidomos jo subjektet që deri atëherë kanë qenë në të njëjtin sistem dhe për disa ditë të kontestuara që kanë munguar, Ligji u ka përcaktuar një pozitë tjetër materiale e cila ishte e palogjikshme, e papërshtatshme dhe e padrejtë.
Parashtruesi, më tej në iniciativë, jep një propozim të paraqitur përmes një paraqitjeje tabelare për këta të siguruar se si të ulin normën e zëvendësimit me pikë indeksi për meshkujt dhe femrat, për çdo vit më pak se 15 vitet e parashikuara, se si do të fitonin këta të siguruar një pension pavarësisht nga shuma e të njëjtës.
Në fund të iniciativës, parashtruesi thekson se sistemi pensional është gurthemeli i sistemit social të çdo vendi. Sistemi ynë është në proces përmirësimi të vazhdueshëm, i reformuar në kohë me rezultate të mira, i zbatuar në një strukturë të favorshme të moshës së popullsisë dhe me disa zgjidhje të mira të ruajtura si përqindje e lartë zëvendësimi, trajtim më favorizues i matur mirë i grave, zgjidhje të volitshme në pjesën e sigurimit invalidorë.
Krahas iniciativës, parashtruesi thekson se e drejta për siguri sociale dhe sigurime sociale fitohet nga dita e punësimit të të siguruarit dhe që nga ajo ditë Kushtetuta i garanton atij ato të drejta pa kufizim dhe pa kusht, megjithëse parashikohej se kjo rregullohet me ligj dhe me marrëveshje kolektive.
Sipas parashtruesit, nga momenti i themelimit të marrëdhënies së punës, ekziston edhe obligimi për pagesën e llojit të detyrueshëm të sigurimit social – pensional dhe invalidorë, pra i siguruari mbetet pjesëtar i shtetit social dhe kjo nënkupton të drejta dhe obligime reciproke, të cilat nuk mund të ndërpriten me daljen e të siguruarit nga periudha e sigurimit që nuk është shkaktuar për fajin e tij. Domethënë, kontributi për sigurimin pensional dhe invalidor është një tarifë publike e dedikuar pa deklarim të vullnetit të të siguruarit, pra obligim i punëdhënësit, kështu që sipas parashtruesit, edhe nëse i siguruari ka dashur të vazhdojë të përmbushë obligimin, ai nuk mund ta bënte këtë.
Për këto arsye, parashtruesi mendon se cenohet parimi i pritshmërive përkatëse ligjore, që ekziston si pritshmëri e gjerë nga shteti social, cenohet parimi i të drejtës së fituar për të forcuar pozitën juridike të individit në bashkësi, cenohet parimi i sigurisë juridike, cenim elementar i drejtësisë, dhe të gjitha sa më sipër nuk janë në funksion të realizimit, mbrojtjes dhe promovimit të të drejtave të qytetarit në një situatë faktike dhe juridike specifike dhe individuale.
Dispozita e kontestuar nuk siguron drejtësi sociale, mirëqenie ekonomike dhe përparim të individit si një nga qëllimet themelore të Kushtetutës dhe paraqet kufizim të të drejtave të individit, që sipas parashtruesit është në kundërshtim me nenin 54 paragrafi 2 të Kushtetutës.
II
Gjykata në seancë përcaktoi se neni 18 i ligjit thotë “I siguruari fiton të drejtën e pensionit të pleqërisë me të mbushur moshën 64 vjeçe (meshkuj), respektivisht 62 vjet (femës)” dhe të paktën 15 vite stazh pensional“.
III
Sipas nenit 8 paragrafi 1 alineja 8 të Kushtetutës, një nga vlerat themelore të rendit kushtetues të Republikës së Maqedonisë janë humanizmi, drejtësia sociale dhe solidariteti.
Sipas nenit 9 paragrafi 2 i Kushtetutës, qytetarët janë të barabartë para Kushtetutës dhe ligjeve.
Sipas nenit 34 të Kushtetutës, qytetarët kanë të drejtën e sigurisë sociale dhe sigurimit social të përcaktuara me ligj dhe me marrëveshje kolektive.
Në nenin 35 paragrafi 1 të Kushtetutës është përcaktuar se Republika kujdeset për mbrojtjen sociale dhe sigurinë sociale të qytetarëve në përputhje me parimin e drejtësisë sociale.
Sipas nenit 51 të Kushtetutës në Republikën e Maqedonisë, ligjet duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën, kurse të gjitha rregullat tjera me Kushtetutën dhe ligjin. Të gjithë janë të detyruar të respektojnë Kushtetutën dhe ligjet.
Liritë dhe të drejtat e njeriut dhe qytetarit mund të kufizohen gjatë gjendjes së luftës ose gjendjes së jashtëzakonshme sipas dispozitave të Kushtetutës, në pajtim me nenin 54 paragrafi 2 të Kushtetutës.
Nga dispozitat e përmendura kushtetuese, ndër të tjera, del se Kushtetuta proklamon dhe përcakton parimin e përgjithshëm të së drejtës së qytetarëve për siguri sociale dhe sigurime sociale, që i është lëshuar në rregullimin e ligjit dhe marrëveshjes kolektive. Kushtetuta gjithashtu proklamon edhe shqetësimin e Republikës për mbrojtjen sociale dhe sigurimin social, i cili realizohet mbi parimin e drejtësisë sociale.
Sipas kësajë, proklamimi i parimeve të deklaruara kushtetuese buron nga karakteri social i shtetit, dhe llojet e të drejtave të sigurimeve sociale, lartësia e tyre, mënyra, procedura dhe kushtet për ushtrimin e këtyre të drejtave janë autorizime për pushtetin ligjvënës, i cili ka një hapësirë të gjerë në rregullimin e të gjitha marrëdhënieve relevante që janë të rëndësishme për arritjen e sigurisë sociale të qytetarëve.
Në bazë të nenit 110 paragrafët 1 dhe 2 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut vendos për pajtueshmërinë e ligjeve me Kushtetutën dhe për pajtueshmërinë e rregullave të tjera dhe të marrëveshjeve kolektive me Kushtetutën dhe ligjet.
Sigurimi pensional dhe invalidor si element i së drejtës së sigurimit social është lëndë e rregullimit të Ligjin për sigurim pensional dhe invalidor (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 98/2012, 166/12, 15/2013, 170/13, 43/14, 44/14, 97/14, 113/14, 160/2014, 188/14, 20/2015, 61/15, 97/2015, 129/2015, 147/2015, 154/2015, 173/2015, 217/2015, 27/2016, 120/2016, 132/2016, 35/18, 220/18 dhe 245/18 dhe „Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut“ nr.180/19, 275/19, 31/20, 267/20, 67/22 dhe 79/2023).
Në pajtim të nenit 4 të Ligjit, të drejtat e sigurimit pensional dhe invalidor fitohen dhe realizohen varësisht nga mënyra, kohëzgjatja dhe vëllimi i investimit të mjeteve për sigurim pensional dhe invalidor sipas kushteve të përcaktuara me këtë ligj.
Sipas nenit 5 të ligjit, të drejtat nga sigurimi pensional dhe invalidor janë: e drejta për pension pleqërie; e drejta për pension invalidorë; e drejta për rehabilitim profesional dhe e drejta për kompensim përkatës; e drejta për pension familjar; e drejta në kompensim monetar për lëndim trupor dhe e drejta për shumë më të ulët të pensionit.
Ndër të drejtat e sigurimit pensional dhe invalidor që mund të fitohen në kushtet e përcaktuara me këtë ligj, është edhe e drejta për pension pleqërie. Në pajtim me nenin 18 të ligjit, i cili kontestohet me iniciativën, i siguruari fiton të drejtën e pensionit të pleqërisë kur mbush 64 vjet (meshkuj), pra 62 vjet (femra) dhe të paktën 15 vjet shërbim pensional.
Neni 18 i Ligjit për sigurimin pensional dhe invalidor rregullon çështjen e fitimit të së drejtës për pension, e cila e drejtë fitohet me plotësimin e një minimumi të caktuar të stazhit pensional të sigurimit dhe moshës. I parashikon dhe përcakton në mënyrë kumulative kushtet ligjore për realizimin e të drejtës së pensionit të pleqërisë. Pjesa e kontestuar e dispozitës, pra kufiri i parashikuar i stazhit minimal pensional të nevojshëm – të paktën 15 vjet, lidhet ngushtë me kushtin për fitimin e të drejtës së pensionit të pleqërisë. Kjo zgjidhje ligjore nënkupton që kushtet e theksuara për fitimin e të drejtës së pensionit të pleqërisë të të siguruarit duhen parë në mënyrë kumulative, i siguruari nuk mund të fitojë pension pleqërie nëse ka 15 vjet stazh pensional dhe nuk ka plotësuar kushtin e viteve të nevojshme të pleqërisë. Kryesisht, në kushtet e përcaktuara të parapara dhe për të fituar të drejtën e pensionit të pleqërisë, themelohen të gjitha sistemet për sigurim të detyrueshëm pensional dhe invalidor, veçanërisht sistemet me parimin e solidaritetit të brezave.
Lidhur me pretendimet për pabarazi të qytetarëve, parimi kushtetues i barazisë e detyron ligjvënësit që me rastin e rregullimit të kushteve për ushtrimin e disa të drejtave të mos diskriminojë qytetarët, përkatësisht ato kushte vlejnë njësoj për të gjithë qytetarët. Megjithatë, ky parim nuk mund të jetë pengesë që ligjvënësi të rregullojë kushtet për fitimin e të drejtës së pensionit të pleqërisë në mënyrë unike, domethënë nuk do të thotë obligim për të përcaktuar kushtet në varësi të kohëzgjatjes së stazhit të fituar pensional.
Fakti që i siguruari ka mbushur moshën e pensionit para minimumit të kërkuar prej 15 vitesh të stazhit pensional, si kusht për pension pleqërie, në vetvete nuk do të thotë shkelje e parimit kushtetues të barazisë.
Dispozita e kontestuar, e cila përcakton në mënyrë specifike dhe të qartë kushtet për fitimin e të drejtës së pensionit të pleqërisë, si një nga të drejtat e përcaktuara në Ligjin për sigurimin pensional dhe invalidor, është në funksion të sigurimit të sigurisë materiale dhe sociale në rastin e veprimit të fillimit të pleqërisë së qytetarëve sipas bazës së punës së tyre.
Zgjidhja e parashikuar ligjore, që i siguruari me moshë 64 vjet (meshkuj), pra 62 vjet (femra) dhe të paktën 15 vjet stazh pensional është bazë për fitimin e të drejtës së pensionit të pleqërisë, vendoset në arsye krejtësisht reale dhe objektive, prandaj Gjykata vlerëson se me mënyrën e paraparë të rregullimit të kësaj dispozite nuk vihet në pikëpyetje realizimi i të drejtave të mbrojtjes sociale.
Kjo, aq më tepër që në nenin 5 të të njëjtit ligj, ligjvënësi ka parashikuar edhe të drejta të tjera që fitoheshin nëpërmjet sigurimit pensional dhe invalidor. Duke marrë parasysh sa më sipër, Gjykata vendosi se dispozita e kundërshtuar nuk krijon pasiguri juridike për arsye se përcakton qartë kushtet në të cilat i siguruari mund të fitojë të drejtën e realizimit të pensionit të pleqërisë.
Ligji për sigurimin pensional dhe invalidor, që nga hyrja në fuqi në vitin 1993, deri në ndryshimet dhe plotësimet e tij të fundit, ka qenë vazhdimisht objekt vlerësimi në Gjykatën Kushtetuese. Dispozita e kontestuar në këtë iniciativë ka qenë edhe objekt i analizës kushtetuese-gjyqësore, por si dispozitë e kontestuar me përmbajtje identike në nenin 17 paragrafi 1 të Ligjit për sigurim pensional dhe invalidor (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr.80/1993, 14/1995, 71/1996, 32/1997, 24/2000 dhe 96/2000, 50/2001, 85/2003).
Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë, me Vendimin U. nr. 201/2003 nga 10 mars 2004, nuk ka iniciuar procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë së nenit 17 paragrafi 1 të Ligjit për sigurim pensional dhe invalidor (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 80/1993, 14/1995, 71/1996, 32/1997, 24/2000 и 96/2000, 50/2001, 85/2003). Dispozita është vlerësuar në aspekt të nenit 8 paragrafi 1 alineja 3 dhe 8, nenit 34, nenit 35 paragrafi 1 dhe nenit 51 të Kushtetutës.
Në këtë lëndë, Gjykata vendosi se ndër të drejtat nga sigurimi pensional dhe invalidor që mund të fitohen në kushtet e përcaktuara me këtë ligj, përfshihet edhe e drejta për pension pleqërie. Në bazë të nenit 17 paragrafi 1 të Ligjit, i cili u kontestua me iniciativën, i siguruari fiton të drejtën e pensionit të pleqërisë me mbushjen e moshës 64 vjet për (meshkuj), gjegjësisht 62 vjet (femra) dhe së paku 15 vjet stazh pensional.
Gjykata vlerësoi se sipas Kushtetutës, e drejta për siguri sociale dhe sigurime sociale të qytetarëve, si dhe në këtë kuadër edhe për sigurimin pensional dhe invalidor, si pjesë e sigurimeve shoqërore, rregullohet me ligj dhe marrëveshje kolektive. Gjykata vendosi se është e drejtë e ligjvënësit në këtë sferë të përcaktojë llojet e të drejtave, kushtet për fitimin, shumën, mënyrën e fitimit dhe shfrytëzimit të të drejtave dhe çështje të tjera të rëndësishme për realizimin e sigurisë sociale të qytetarëve.
Sipas kësaj, Gjykata vlerësoi se nuk është dispozitë kontestuese në të cilën janë përcaktuar në mënyrë konkrete dhe të qartë kushtet për fitimin e të drejtës për pension pleqërie, pasi njëra nga të drejtat e përcaktuara në Ligjin për sigurimin pensional dhe invalidor është në funksion të sigurimit të sigurisë materiale dhe sociale në rast se qytetarët plaken në bazë të punës së tyre.
Në bazë të dispozitave kushtetuese të përmendura, analizës së nenit 18 të kontestuar të Ligjit, si dhe praktikës kushtetuese-gjyqësore për lëndën U.nr.201/2003 në të cilën është vlerësuar e njëjta përmbajtje e dispozitës kontestuese, konsiderojmë se vlerësohet nga aspekti kushtetues i nenit 8 paragrafi 1 alinetë 3 dhe 8, nenit 34, nenit 35 paragrafi 1 dhe nenit 51 të Kushtetutës, dispozita të cilave u referohet parashtruesi edhe në këtë rast, dhe në lidhje me nenin 54 paragrafi 2 i Kushtetutës, parashtruesi nuk ka dhënë pretendime për shkelje të kushtetutshmërisë.
IV
Në bazë të lartëpërmendurës, Gjykata me shumicë votash vendosi si në dispozitivin e këtij vendimi.
KRYETARE
e Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut
Dobrilla Kacarska