У.бр.225/2020

Уставниот суд на Република Северна Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Северна Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 8 февруари 2023 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на член 24 став 3 во делот: „со истиот статус на работен однос“ од Законот за јавното обвинителство („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.42/2020).

2. Џамбазоски Панта од Скопје и Кичевски Давид од Крушево, застапувани од полномошник адвокат Дељо Кадиев од Скопје, до Уставниот суд на Република Северна Македонија поднесоа иницијатива за оценување на уставноста на одредбата од Законот означен во точката 1 од ова решение.

Во наводите на иницијативата се наведува дека согласно член 112 од Законот за јавното обвинителство со денот на започнување на примена на тој закон престанува да важи Законот за Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзано и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите („Службен весник на Република Македонија“ бр.159/2015), а согласно член 113 од Законот за јавното обвинителство, истиот ќе започне да се применува од 30 јуни 2020 година.

Подносителот на иницијативата ги цитира член 1 став 3 од Законот за Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзано и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, како и член 21 од истиот закон.

Според подносителот на иницијативата одредбата на член 21 според кој „По укинувањето на Јавното обвинителство, јавните обвинители, административниот персонал и истражителите се упатуваат на работа во Јавното обвинителство на позиции со споредливи парични примања“ се однесува на сите вработени во Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзано и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, јавните обвинители по престанокот на ова јавно обвинителство се вратиле на работа во јавните обвинителства од кои биле упатени на работа во Јавното обвинителство, истражителите се вратиле во МВР бидејќи нивниот работен однос им мирувал, а административните работници немале организација од која биле преземени, односно се вработиле во Јавното обвинителство по распишан конкурс.

Согласно член 1 став 3 од Законот за Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзано и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, тоа обвинителство било формирано за временски период од 5 години, односно од 2015 до 2020 година независно од можноста за продолжување и врз основа на оваа одредба сите вработени административни работници биле примени со договор за работа на определено време, сѐ до престанок на постоењето на Јавното обвинителство.

Подносителот на иницијативата наведува дека согласно одредбата од член 21 од Законот за Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзано и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, која им гарантирала на сите вработени во Јавното обвинителство по неговиот престанок, вработување во Јавното обвинителство „на позиции со споредливи примања“, поголем дел од административниот персонал дал отказ на работните места каде работеле пред да се вработат по распишаниот конкурс во Јавното обвинителство.

Според подносителот на иницијативата, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија оспорената одредба од член 24 став 3 од Законот за јавното обвинителство ја толкувал дека тој не треба да ги вработи административните службеници од Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзано и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите од причина што требало да ги прими на работа со „ист статус на работниот однос“ што за него подразбира „определено време до престанокот на СЈО“, а бидејќи Јавното обвинителство престанало, тогаш тој воопшто и не требало да ги вработи.

Оттука, подносителот смета дека постои евидентна разлика меѓу одредбата на член 21 од Законот за јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзано и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите и член 24 став 3 од Законот за јавното обвинителство, која, според подносителот, е недоречена и создава забуна во правниот промет.

Според начелото на владеење на правото регулирано со член 8 алинеја 3 од Уставот, подносителот смета дека не може во правниот промет да постои законска одредба што создава правна забуна и која дозволува различни толкувања и поради тоа нанесува штета на поширок круг лица.

Согласно наведеното, подносителот на иницијативата смета дека делот: „со истиот статус на работниот однос“ од член 24 став 3 од Законот за јавното обвинителство создава правна несигурност и е во спротивност со принципот на владеење на правото, поради што му предлага на Уставниот суд да поведе постапка за оценување на уставноста и истовремено да донесе решение за запирање на извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземени врз основа на Законот со цел да се спречи настанување на прекин на работниот однос на вработените административни службеници во Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзано и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, до донесување на конечната одлука по оваа иницијатива.

3. Судот на седницата утврди дека според член 24 став 3 од Законот за јавното обвинителство („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.42/2020), јавниот обвинител на Република Северна Македонија ќе ги распореди вработените од јавното обвинителство кое се укинува во другите јавни обвинителства на соодветни работни места, со истиот статус на работниот однос.

4. Владеењето на правото е една од темелните вредности на уставниот поредок, утврдено во член 8 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија.

Според член 32 став 1 од Уставот, секој има право на работа, слободен избор на вработување, заштита при работењето и материјална обезбеденост за време на привремена невработеност. Согласно став 2 секому, под еднакви услови, му е достапно секое работно место. Секој вработен има право на соодветна заработувачка, според ставот 3. Согласно ставот 5 на овој член од Уставот, остварувањето на правата на вработените и нивната положба се утврдуваат со закон и со колективни договори.

Јавното обвинителство е единствен и самостоен државен орган којшто ги гони сторителите на кривични дела и на други со закон утврдени казниви дела и врши и други работи утврдени со закон, согласно член 106 став 1 од Уставот.

Во Амандманот XXX на Уставот, со кој се заменуваат ставовите 2 и 3 на членот 106 од Уставот, во точка 1 став 3 е уредено дека надлежноста, основањето, укинувањето, организацијата и функционирањето на јавното обвинителство се уредува со закон што се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

Во оваа смисла, со Законот за јавното обвинителство („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.42/2020) се уредуваат основањето, надлежноста, организацијата, функционирањето и укинувањето на јавното обвинителство, основите и постапката за именување и разрешување на јавниот обвинител на Република Северна Македонија, основите за престанок на функцијата јавен обвинител на Република Северна Македонија, основите за избор, разрешување и дисциплинска постапка на јавните обвинители, основите за престанок на функцијата јавен обвинител, како и други прашања во врска со работата на јавното обвинителство.

Согласно член 112 од Законот, со денот на започнување на примена на овој закон престануваат да важат Законот за јавното обвинителство („Службен весник на Република Македонија“ бр.150/2007, 111/2008 и 198/2018) и Законот за Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзано и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите („Службен весник на Република Македонија“ бр. 159/2015).

Според член 113, овој закон се објавува во „Службен весник на Република Северна Македонија“, а влегува во сила и ќе започне да се применува од 30 јуни 2020 година.

Во член 1 став 3 од Законот за Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзано и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, е пропишано дека „Овој закон ќе биде во сила пет години од усвојувањето од страна на Собранието и може да се продолжи за еднаш годишно со одлука донесена со двотретинско мнозинство од пратениците“.

Согласно член 21 од истиот закон, по укинувањето на Јавното обвинителство, јавните обвинители, административниот персонал и истражителите се упатуваат на работа во Јавното обвинителство на позиции со споредливи лични примања.

Според оспорената одредба од член 24 став 3 од Законот за јавното обвинителство („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.42/2020), јавниот обвинител на Република Северна Македонија ќе ги распореди вработените од јавното обвинителство што се укинува во другите јавни обвинителства на соодветни работни места, со истиот статус на работниот однос.

Во овој член од Законот јасно е утврдено дека во случај на укинување на јавното обвинителство вработените, без да се прецизира дали се однесува на сите вработени – обвинители, истражители и административeн персонал, јавниот обвинител ќе ги распореди во другите јавни обвинителства на соодветни работни места, со истиот статус на работниот однос.

Во конкретниот случај, законодавецот како одлучувачки критериум за распоредување на вработените од укинатото јавно обвинителство во други јавни обвинителства, го определил статусот на работниот однос.

Под статус на работен однос се подразбира дали работниот однос е заснован на определено или на неопределено време. Вработените во Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзано и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите имале различен статус на работен однос и различен начин на вработување, како и различни права по престанокот на ова обвинителство. Административните службеници, биле примени на оглас и истите при конкурирањето и засновањето на работниот однос знаеле и биле свесни за засновање на работен однос на определено време и дека по престанокот на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзано и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, ќе им престане работниот однос.

5. Вработувањето, правата и обврските од работен однос за административните службеници кои биле примени на оглас и тоа на определено време во Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзано и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, се уредени со Законот за јавнообвинителската служба („Службен весник на Република Македонија“ бр.62/2015, 231/2015, 11/2016 и 21/2018).

Во Законот за јавнообвинителската служба е предвидено дека вработувањата во Јавното обвинителство и Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите се регулирани и со овој закон.

Имено, во Законот за јавнообвинителска служба, во главата XVI-a. ЈАВНООБВИНИТЕЛСКА СЛУЖБА ВО ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО ЗА ГОНЕЊЕ НА КРИВИЧНИ ДЕЛА ПОВРЗАНИ И КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД СОДРЖИНАТА НА НЕОВЛАСТЕНО СЛЕДЕЊЕ НА КОМУНИКАЦИИ, којашто содржи 17 члена, се уредуваат правата, должностите и одговорностите, како и системот на плати на јавнообвинителските службеници во ова јавно обвинителство и ќе се применуваат до денот на укинувањето на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

Оттука, произлегува дека правата и системот на плати на овие лица се применувале само до денот на укинувањето на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзано и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, но не и по неговото престанување.

Во овој закон е уредено дека вработувањето на јавнообвинителските службеници се врши преку објавување на јавен оглас согласно со општите прописи за работни односи и преку распоредување или преземање, при што кандидатите треба да ги исполнат општите и посебните услови. Притоа, мобилноста се врши преку распоредување, односно преземање на вработениот на работно место на исто ниво, односно на работно место за кое вработениот ги исполнува општите и посебните услови утврдени во актот за систематизација на работни места.

При преземање од судови, органи на државна управа, државни органи и други државни институции, вработените кои ги исполнуваат посебните услови утврдени во актот за систематизација на работните места, можат да бидат преземени и распоредени на соодветно работно место во Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзано и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите со согласност на Специјалниот јавен обвинител, раководното лице на институцијата од која се врши преземањето и вработениот. По укинувањето на Јавното обвинителство, вработените, коишто биле преземени, се враќаат во институцијата од која биле преземени на работно место на исто ниво.

Од наведеното, несомнено произлегува дека законодавецот точно ги определил начините на пополнување на работните места на јавнообвинителските службеници, дадени се потребните општи и посебни услови за пополнување на работните места, вклучувајќи го и временскиот период за кое е основано тоа обвинителство.

Оттука, Судот оцени дека наводите во иницијативата се неосновани од причина што сите лица кои не биле преземени од други органи и институции туку конкурирале на јавниот оглас за вработување во Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзано и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, биле запознаени со условите и начинот на вработување, особено со фактот дека работниот однос го засноваат на определено време до укинување на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите, односно дека работниот однос ќе им престане со укинувањето на ова јавно обвинителство.

Воедно, Законот за Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзано и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите („Службен весник на Република Македонија“ бр.159/2015) не е повеќе во правниот поредок и истиот не може да се применува по 30 јуни 2020 година, кога започнува да се применува Законот за јавно обвинителство донесен во 2020 година. Поради наведеното, Судот смета дека не може да се изврши распоредување на административниот персонал од Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзано и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите согласно член 21 од истиот закон, односно не може да се упатуваат на работа во Јавното обвинителство на позиции со споредливи лични примања како што беше предвидено во наведениот член 21 од Законот.

Оттука, Судот оцени дека оспорениот член 24 став 3 во делот: „со истиот статус на работен однос“ од Законот за јавното обвинителство не го повредува начелото на правна сигурност којшто е суштински елемент на принципот на владеење на правото од причина што истиот го задоволува критериумот на јасна, прецизна, недвосмислена норма која не остава можност за различно толкување и нејзина различна примена.

Во однос на тоа, како се применува оспорениот член 24 од Законот за јавното обвинителство во поглед на административниот персонал од Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзано и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, коешто престана да постои, е прашање за кое Уставниот суд не е надлежен да оценува и одлучува.

Врз основа на сето горенаведено, Судот оцени дека не може основано да се постави прашањето за согласноста на оспорениот член 24 став 3 во делот: „со истиот статус на работен однос“ од Законот за јавното обвинителство со уставното начело на владеење на правото уредено во член 8 алинеја 3 од Уставот.

6. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

7. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот, Добрила Кацарска и судиите: Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ- Бозаџиева, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски и м-р Фатмир Скендер.

У.бр.225/2020
08.02.2023 гoд.
С к о п ј е

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
Добрила Кацарска

* * *

Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në bazë të nenit 110 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe nenit 71 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 70/1992 dhe “Gazeta zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 8 shkurt 2023, miratoi

A K T V E N D I M

1. NUK INICOHET procedura për vlerësimin e kushtetutshmërisë së nenit 24 paragrafi 3 në pjesën: “me status të njëjtë të marrëdhënies së punës” të Ligjit për Prokurorinë Publike (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 42/2020).

2. Xhambazoski Panta nga Shkupi dhe David Kiçevski nga Krusheva, të përfaqësuar nga avokati Deljo Kadiev nga Shkupi, në Gjykatën Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut, parashtruan iniciativë për vlerësimin e kushtetutshmërisë së dispozitës së ligjit të shënuar në pikën 1 të këtij aktvendimi.

Në pretendimet e iniciativës thuhet se në pajtim me nenin 112 të Ligjit për Prokurorinë Publike me datën e fillimit të zbatimit të atij ligji, pushon së vlejturi Ligji për Prokurorinë Publike për ndjekjen e veprave penale që kan të bëjnë dhe që dalin nga përmbajtja e monitorimit të paligjshëm të komunikimeve (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 159/2015), dhe në pajtim me nenin 113 të Ligjit për Prokurorinë Publike, do të fillojë të zbatohet nga 30 qershori 2020.

Kërkuesi i iniciativës citon nenin 1 paragrafi 3 të Ligjit për Prokurorinë Publike për ndjekjen e veprave penale që kanë të bëjnë dhe që dalin nga përmbajtja e monitorimit të paligjshëm të komunikimeve, si dhe nenit 21 i të njëjtit ligj.

Sipas parashtruesit të iniciativës, zbatohet dispozita e nenit 21 sipas të cilit “Pas shfuqizimit të Prokurorisë Publike, prokurorët publikë, personeli administrativ dhe hetuesit dërgohen të punojnë në Prokurorinë Publike në pozita me të ardhura të krahasueshme monetare” ka të bëjë me të gjithë të punësuarit në Prokurorinë Publike për ndjekjen e veprave penale në lidhje dhe që rezultojnë nga përmbajtja e monitorimit të paligjshëm të komunikimeve, prokurorët publikë pas përfundimit të kësaj prokurorie publike janë kthyer në punë në prokuroritë publike nga të cilat janë udhëzuar për të punuar në Prokurorinë Publike, hetuesit janë kthyer në MPB për shkak se marrëdhënia e tyre e punës u ka pushuar, ndërsa punëtorët administrativë nuk kanë pasur organizatë nga e cila janë marrë, përkatësisht janë punësuar në Prokurorinë Publike pas hapjes së një konkursi.

Në bazë të nenit 1 paragrafi 3 të Ligjit për Prokurorinë Publike për ndjekjen e veprave penale të lidhura dhe që rezultojnë nga përmbajtja e monitorimit të paligjshëm të komunikimeve, kjo prokurori është themeluar për një periudhë 5 vjeçare, respektivisht, nga viti 2015 deri në vitin 2020 pavarësisht nga mundësia e vazhdimit, dhe në bazë të kësaj dispozite, të gjithë punëtorët e punësuar administrativë janë punësuar me kontratë pune me afat të caktuar, deri në përfundimin e ekzistimit të Prokurorisë Publike.

Parashtruesi i iniciativës thekson se në përputhje me dispozitën e nenit 21 të Ligjit për Prokurorinë Publike për ndjekjen e veprave penale që lidhen dhe rezultojnë nga përmbajtja e monitorimit të paligjshëm të komunikimeve, që u garantonte të gjithë të punësuarve të Prokurorisë Publike pas ndërprerjes së sajë, punësim në Prokurorinë Publike “në pozita me të ardhura të krahasueshme”, shumica e personelit administrativ dhanë dorëheqje nga vendet e punës në të cilat punonin para se të punësoheshin pas konkursit të shpallur në Prokurorinë Publike.

Sipas parashtruesit të iniciativës, prokurori publik i Republikës së Maqedonisë së Veriut dispozitën kontestuese të nenit 24 paragrafi 3 të Ligjit për Prokurorinë Publike e ka interpretuar se nuk duhet të punësojë nëpunës administrativë nga Prokuroria Publike për ndjekjen e veprave penale që lidhen dhe rrjedhin nga përmbajtja e monitorimit të paligjshëm të komunikimeve për arsye se duhej që t’i pranojë në punë me “të njëjtin status të marrëdhënies së punës” që për të nënkupton “kohë të caktuar deri në përfundimin e PSP-së. “ dhe meqë Prokuroria Publike përfundoi, atëherë ai fare nuk është dashur t’i punësojë.

Së këndejmi, parashtruesi konsideron se ekziston një dallim evident ndërmjet dispozitës së nenit 21 të Ligjit për Prokurorinë Publike për ndjekjen e veprave penale që kanë të bëjnë dhe që rezultojnë nga përmbajtja e monitorimit të paligjshëm të komunikimeve dhe nenit 24 paragrafi 3 i Ligjit për Prokurorinë Publike, e cila sipas parashtruesit është e padefinuar dhe krijon konfuzion në veprimet juridike.

Sipas parimit të qeverisjes së të drejtës të rregulluar me nenin 8 paragrafi 3 të Kushtetutës, parashtruesi konsideron se në veprimin juridik nuk mund të ketë një dispozitë ligjore që krijon konfuzion juridik dhe që lejon interpretime të ndryshme dhe për rrjedhojë dëmton një gamë më të gjerë të personave.

Në pajtim me të lartëpërmendurën, parashtruesi i iniciativës konsideron se pjesa: “me të njëjtin status të marrëdhënies së punës” nga neni 24 paragrafi 3 i Ligjit për Prokurorinë Publike krijon pasiguri juridike dhe bie ndesh me parimin e qeverisjes së të drejtës, për këtë arsye i propozon Gjykatës Kushtetuese që të fillojë procedurën për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe njëkohësisht të marrë vendim për ndalimin e ekzekutimit të akteve individuale apo veprimeve të ndërmarra në bazë të ligjit për të parandaluar ndërprerjen e marrëdhënies së punës së nëpunësve administrativë të punësuar në Prokurorinë Publike për ndjekjen e veprave penale që lidhen dhe rrjedhin nga përmbajtja e monitorimit të paligjshëm të komunikimeve, deri në marrjen e vendimit përfundimtar për këtë iniciativë.

3. Gjykata në seancë konstatoi se sipas nenit 24 paragrafi 3 të Ligjit për Prokurorinë Publike (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 42/2020), prokurori publik i Republikës së Maqedonisë së Veriut do t’i pozicionojë të punësuarit e prokurorisë publike që shfuqizohet në prokurori të tjera publike në pozita të përshtatshme, me të njëjtin status punësimi.

4. Sundimi i të drejtës është një nga vlerat themelore të rendit kushtetues, të përcaktuara në nenin 8 paragrafi 3 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut.

Sipas nenit 32 paragrafi 1 i Kushtetutës, secili ka të drejtën e punës, zgjedhjes së lirë të punësimit, mbrojtjes gjatë punës dhe sigurimit material gjatë papunësisë së përkohshme. Sipas paragrafit 2, çdo punë është e disponueshme për të gjithë, në kushte të barabarta. Çdo punonjës ka të drejtë në pagë adekuate, sipas paragrafit 3. Në pajtim me paragrafin 5 të këtij neni të Kushtetutës, realizimi i të drejtave të punonjësve dhe pozita e tyre përcaktohen me ligj dhe me marrëveshje kolektive.

Prokuroria Publike është organ shtetëror unik dhe i pavarur që përndjek kryerësit e veprave penale dhe veprave të tjera të përcaktuara me ligj vepra të përcaktuara penale dhe kryen edhe punë tjera të përcaktuara me ligj, në pajtim me nenin 106 paragrafi 1 të Kushtetutës.

Në amendamentin XXX të Kushtetutës, i cili zëvendëson paragrafët 2 dhe 3 të nenit 106 të Kushtetutës, pika 1, paragrafi 3, përcakton se kompetenca, krijimi, shfuqizimi, organizimi dhe funksionimi i prokurorisë publike rregullohet me ligj që miratohet me shumicën e dy të tretave të votave nga numri i përgjithshëm i deputetëve.

Në këtë kuptim, me Ligjin për Prokurorinë Publike (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 42/2020) rregullohen themelimi, kompetenca, organizimi, funksionimi dhe shfuqizimi i prokurorisë publike, bazat dhe procedura për emërimin dhe shkarkimin e prokurorit publik të Republikës së Maqedonisë së Veriut, bazat për përfundimin e funksionit të prokurorit publik të Republikës së Maqedonisë së Veriut, shkaqet për zgjedhjen, shkarkimin dhe procedurën disiplinore të prokurorëve publikë, arsyet për përfundimin e funksionit të prokurorit publik, si dhe çështjet tjera që kanë të bëjnë me punën e prokurorisë publike.

Në pajtim me nenin 112 të Ligjit, me ditën e fillimit të zbatimit të këtij ligji pushojnë së vlejturi Ligji për Prokurorinë Publike (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 150/2007, 111/2008 dhe 198/2018) dhe Ligjit për Prokurorinë Publike për ndjekjen e veprave penale në lidhje dhe që rezultojnë nga përmbajtja e monitorimit të paligjshëm të komunikimeve (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 159/2015).

Sipas nenit 113, ky ligj botohet në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut”, dhe hyn në fuqi dhe do të fillojë të zbatohet nga data 30 qershor 2020.

Në nenin 1 paragrafi 3 të Ligjit për Prokurorinë Publike për Ndjekjen e Veprave Penale që kanë të bëjnë dhe që rrjedhin nga përmbajtja e monitorimit të paligjshëm të komunikimeve, është përcaktuar se “Ky ligj do të hyjë në fuqi pesë vjet pas miratimit nga Kuvendi dhe mund të zgjatet një herë në vit me vendim të shumicës së dy të tretave të deputetëve”.

Në bazë të nenit 21 të të njëjtit ligj, pas shfuqizimit të Prokurorisë Publike, prokurorët publikë, personeli administrativ dhe hetuesit dërgohen të punojnë në Prokurorinë Publike në pozita me të ardhura personale të krahasueshme.

Sipas dispozitës kontestuese të nenit 24 paragrafit 3 të Ligjit për Prokurorinë Publike (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 42/2020), Prokurori Publik i Republikës së Maqedonisë së Veriut do t’i pozicionojë të punësuarit e Prokurorisë Publike e cila shfuqizohet në prokuroritë e tjera publike në pozicione përkatëse, me të njëjtin status të marrëdhënies së punës.

Në këtë nen të Ligjit, përcaktohet qartë se në rast të shfuqizimit të prokurorisë publike, punonjësit, pa u saktësuar nëse bëhet fjalë për të gjithë të punësuarit – prokurorë, hetues dhe personeli administrativ, prokurori publik do t’i pozicionojë në prokuroritë tjera publike në vendet e përshtatshme të punës, me të njëjtin status të marrëdhënies së punës.

Në rastin konkret ligjvënësi ka përcaktuar statusin e marrëdhënies së punës si kriter vendimtar për pozicionimin e të punësuarve nga prokuroria publike e shfuqizuar në prokurori të tjera publike.

Statusi i punësimit nënkupton nëse marrëdhënia e punës bazohet në një periudhë kohe të caktuar ose të pacaktuar. Punonjësit e Prokurorisë Publike për ndjekjen e veprave penale që lidhen dhe rezultojnë nga përmbajtja e monitorimit të paligjshëm të komunikimeve kishin status të ndryshëm punësimi dhe mënyrë tjetër punësimi, si dhe të drejta të ndryshme pas përfundimit të kësaj prokurorie. Nëpunësit administrativë janë pranuar me konkurs dhe kanë ditur dhe kanë pasur dijeni për vendosjen e një marrëdhënie pune me afat të caktuar dhe se pas përfundimit të punës së Prokurorisë Publike për ndjekjen e veprave penale që lidhen dhe rrjedhin nga përmbajtja e monitorimit të paligjshëm të komunikimeve, atyre do t’u ndërpritet marrëdhënia e punës.

5. Punësimi, të drejtat dhe obligimet e marrëdhënies së punës për nëpunësit administrativë që janë punësuar për një periudhë të caktuar kohore në Prokurorinë Publike për ndjekjen e veprave penale që lidhen dhe rrjedhin nga përmbajtja e monitorimit të paligjshëm të komunikimeve, janë të rregulluara me Ligjin për Prokurorinë Publike (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 62/2015, 231/2015, 11/2016 dhe 21/2018).

Në Ligjin për shërbimin e Prokurorisë Publike parashihet se punësimet në Prokurorinë Publike dhe Prokurorinë Publike për ndjekjen e veprave penale që kanë të bëjnë dhe që dalin nga përmbajtja e monitorimit të paligjshëm të komunikimeve rregullohen edhe me këtë ligj.

Gjegjësisht, në Ligjin për Prokurorinë Publike, në kapitullin XVI-a. SHËRBIMI I PROKURORISË PUBLIKE NË PROKURORINË PUBLIKE PËR NDJEKJEN E VEPRAVE PENALE QË LIDHEN DHE QË RRJEDHIN NGA PËRMBAJTJA E MONITORIMIT TË PAAUTORIZUAR TË KOMUNIKIMEVE, i cili përmban 17 nene, rregullohen të drejtat, obligimet dhe përgjegjësitë, si dhe sistemi i rrogave të nëpunëve në prokurorinë publikesë dhe do të zbatohen deri në ditën e shfuqizimit të Prokurorisë Publike për ndjekjen e veprave penale që lidhen dhe rrjedhin nga përmbajtja e monitorimit të paligjshëm të komunikimeve.

Së këndejmi, rezulton se të drejtat dhe sistemi i pagave të këtyre personave janë zbatuar vetëm deri në ditën e shfuqizimit të Prokurorisë Publike për ndjekjen e veprave penale që kanë të bëjnë dhe që rezultojnë nga përmbajtja e monitorimit të paligjshëm të komunikimeve, por jo edhe pas pushimit të saj.

Në këtë ligj është rregulluar se punësimi i nëpunësve të prokurorisë bëhet përmes shpalljes së konkursit publik në përputhje me rregullat e përgjithshme për marrëdhëniet e punës dhe me pozicionimin ose marrjen në detyrë, me çka kandidatët duhet të plotësojnë kërkesat e përgjithshme dhe kushtet e veçanta. Në të njëjtën kohë, lëvizshmëria kryhet përmes pozicionimit, respektivisht marrjes së të punësuarit në një vend pune në të njëjtin nivel, respektivisht në një vend pune për të cilin punonjësi plotëson kushtet e përgjithshme dhe të veçanta të përcaktuara në aktin për sistematizimin e vendeve të punës.

Gjatë marrjes nga gjykatat, organet e administratës shtetërore, organet shtetërore dhe institucionet e tjera shtetërore, punonjësit që plotësojnë kushtet e veçanta të përcaktuara në aktin për sistematizimin e vendeve të punës, mund të merren dhe të caktohen në një pozicion të përshtatshëm në Prokurorinë Publike për ndjekjen e veprave penale të ndërlidhura që rrjedhin nga përmbajtja e monitorimit të paligjshëm të komunikimeve me pëlqimin e Prokurorit Publik Special, personi udhëheqës i institucionit nga i cili kryhet marrja e punonjësit. Pas shfuqizimit të Prokurorisë Publike, punonjësit e marrë në detyrë, kthehen në institucionin nga i cili janë marrë në vendin e punës të të njëjtit nivel.

Nga kjo që u theksua më lart, padyshim rezulton se ligjvënësi ka përcaktuar drejt mënyrat e plotësimit të pozitave të nëpunësve të prokurorit publik, janë dhënë kushtet e nevojshme të përgjithshme dhe të veçanta për plotësimin e pozitave, duke përfshirë edhe periudhën kohore për të cilën është themeluar ajo prokurori.

Së këndejmi, Gjykata vlerësoi se pretendimet në iniciativë janë të pabazuara për faktin se të gjithë personat të cilët nuk janë marrë nga nga organet dhe institucione të tjera por kanë konkuruar në konkursin publik për punësim në Prokurorinë Publike për ndjekjen e veprave penale lidhur dhe që dalin nga përmbajtja e monitorimit të paligjshëm të komunikimeve, janë njohtuar me kushtet dhe mënyrën e punësimit, veçanërisht me faktin se marrëdhënia e punës është e bazuar në një periudhë të caktuar kohore deri në shfuqizimin e Prokurorisë Publike për ndjekjen e veprave penale të ndërlidhura dhe që burojnë nga përmbajtja e monitorimit të paautorizuar të komunikimeve, pra se marrëdhënia e tyre e punës do të përfundojë me shfuqizimin e kësaj prokurorie publike.

Në të njëjtën kohë, Ligji për Prokurorinë Publike për ndjekjen e veprave penale të lidhura dhe që rrjedhin nga përmbajtja e monitorimit të kundërligjshëm të komunikimeve (“Gazeta zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 159/2015) nuk është më në rendin juridik dhe i njëjti nuk mund të zbatohet pas datës 30 qershor 2020, kur fillon të zbatohet Ligji për Prokuroritë Publike i miratuar në vitin 2020. Për sa më sipër, Gjykata vlerëson se nuk është i mundur pozicionimi i personelit administrativ nga Prokuroria Publike për ndjekjen e veprave penale që lidhen dhe rezultojnë nga përmbajtja e monitorimit të paligjshëm të komunikimeve në përputhje me nenin 21 të të njëjtit ligji, gjegjësisht nuk mund të udhëzohen për të punuar në Prokurorinë Publike në pozita me të ardhura personale të krahasueshme siç ishte paraparë në nenin 21 të theksuar të Ligjit.

Prandaj, Gjykata vlerësoi se neni i kontestuar 24 paragrafi 3 në pjesën: “me status të njëjtë të punësimit” të Ligjit për Prokurorinë Publike nuk cenon parimin e sigurisë juridike i cili është element thelbësor i parimit të sundimit të së drejtës sepse plotëson kriterin e një norme të qartë, precize, të padyshimtë që nuk lë asnjë mundësi për interpretim të ndryshëm dhe zbatim të ndryshëm të saj.

Në lidhje me këtë, se si zbatohet neni 24 i kontestuar i Ligjit për Prokurorinë Publike në lidhje me personelin administrativ të Prokurorisë Publike për ndjekjen e krimeve që kanë të bëjnë dhe që rrjedhin nga përmbajtja e monitorimit të paligjshëm të komunikimeve; e cila ka pushuar së ekzistuari, është një çështje që Gjykata Kushtetuese nuk është kompetente për ta vlerësuar dhe vendosur.

Në bazë të lartëpërmendurësr, Gjykata vlerësoi se nuk mundet me bazë të parashtrohet çështja për pëlqimin e nenit 24 paragrafi 3 në pjesën: “me të njëjtin status të marrëdhënies së punës” të Ligjit për Prokurorinë Publike me parimin kushtetues të sundimit të së drejtës të rregulluar në nenin 8 alineja 3 të Kushtetutës.

6. Në bazë të kësaj, Gjykata vendosi si në pikën 1 të këtij aktvendimi.

7. Këtë aktvendim Gjykata e miratoi në përbërje të kryetares së Gjykatës, Dobrilla Kacarska dhe gjykatësve: Naser Ajdari, mr. Tatjana Vasiq-Bozaxhieva, dr. Osman Kadriu, dr. Darko Kostadinovski dhe mr. Fatmir Skender.

U.nr.225/2020
08.02.2023
Shkup

KRYETARE
e Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut,
Dobrilla Kacarska