У.бр.139/2016-1

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 алинеја 2 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр. 70/1992), на седницата одржана на 4 април 2018 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

1. СЕ ЗАПИРА постапката за оценување на уставноста на член 29 став 2 точка 5 од Законот за трговските друштва („Службен весник на Република Македонија“ бр. 28/2004, 84/2005, 25/2007, 87/2008, 42/2010, 48/2010, 24/2011, 166/2012, 70/2013, 119/2013, 120/2013, 187/ 2013, 38/2014, 41/2014, 138/2014, 88/2015, 192/2015, 6/2016, 30/2016 и 61/2016).

2. Уставниот суд на Република Македонија, по повод иницијативата на Глигорие Ќатоски, адвокат од Струга, со Решение У.бр.139/ 2016 од 12 април 2017 година поведе постапка за оценување на уставноста на одредбата од Законот означен во точката 1 од ова решение, бидејќи основано се постави прашањето за нејзината согласност со Уставот. Текстот на решението Судот со мнозинство гласови го утврди на седницата одржана на 7 февруари 2018 година.

3. На седницата на Судот одржана на 4 април 2018 година, предлогот за укинување на оспорените одредби од Законот не го доби потребното мнозинство на гласови.

4. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

5. Ова решение Судот го донесе со мнозинство гласови во состав од претседателот на Судот, Никола Ивановски и судиите: Насер Ајдари, Елена Гошева, Јован Јосифовски, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски, Вангелина Маркудова, Сали Мурати и Владимир Стојаноски.

У.бр.139/2016
4 април 2018 гoдина
С к о п ј е

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Македонија
Никола Ивановски