220/2000-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 ор, Уставот на Република Македонија и член 70 алинеја 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр .70/92), на седницата одржана на 30 мај 2001 година, донесе

О Д Л У К А

Текст

1.СЕ УКИНУВА член 184 став 3 од Кривичниот законик (“Службен весник на Република Македонија” бр.37/96 и 80/99).
2.Оваа одлука произведува правно дејство од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”.
3.Уставниот суд на Република Македонија, по повод иницијатива на Македонскиот. прес центар – Скопје, со Решение У.бр.220/2000 година од 14 март 2001 година, поведе постапка за оценување уставноста на член 184 став 3 од Законот означен во
точката 1 на ова решение, затоа што основано се постави прашањето за неговата согласност со член 9 од Уставот на Република Македонија.
4.Судот на седницата утврди дека според член 184 став 3 од Кривичниот законик, ако делата од членовите 172, 173 и 174 се сторени спрема лице кое се наога на кандидатската листа, за време на изборите или непосредно пред гласањето, во време
кога она што се изнесува или пренесува не можело да биде јавно
негирано, гонењето се презема по службена должност.
5.Според член 8 алинеја 1 од Уставот на Република Македонија, основните слободи и права на човекот и граѓанинот признати во меѓународното право и утврдени со Уставот се темелна вредност на уставниот поредок на Република Македонија. Во членот 9 од Уставот е предвидено дека граѓаните на Република Македонија се еднакви во слободите и правата независно , меѓудругото. и од општествената положба.Граѓаните пред Уставот се еднакви. Правото на еднаквост кое Уставот го изразува преку гаранцијата дека граѓаните се еднакви независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло,политичкото и верското уверување, имотната и општествената положба и дека граѓаните се еднакви пред законите, е едно од најзначајните права и како такво претставува и темелна вредност на уставниот поредок на Републиката и по својата суштина ги негира дискриминацијата, привелегиите, повластувањата од секаков вид и по сите основи.Рамноправноста и еднаквоста, независно од општествената положба е обврска за државата во нормативното уредување на односите во општеството да не допушти дискриминација, ниту привилегии по основ на образование, имотна положба ниту по основ на функција. Принципот “сите се еднакви пред законот, посебно го обврзува законодавецот со забрана во законите да внесува одредОи со кои се прави разлика меѓу луѓето, како и обврска за органите при примената на законите, примената да ја вршат едкво спрема сите граѓани што значи во исти случаи да донесуваат исти одлуки, водејќи сметка за особеностите на случајот, а не според учесниците.Уставната гаранција почитувањето на достоинството и угледот на секој граѓанин предвидена во членот 25 од Уставот на секој граѓанин му гарантира заштита на неговиот личен и семеен живот, на достоинството и угледот токму затоа што тоа се вредности иманентни за човекот како индивидуа. Оттука и потребата за соодветното криминално-политичко вреднување на честа и угледот како добра што се од посебно значење за личноста .Меѓутоа, според ставот 3 на член 184 од Кривичниот законик, ако делата се сторени према лице кое се наога на кандидатска листа за време на изборите или непосредно пред изборите, во време кога она што се изнесува или пренесува не можело да биде јавно негирано. гонењето да се презема по службена должност, според мислењето на Судот значи ставање во привилегирана положба на овие граѓани во однос на другите граѓани. Овие граѓани се во еднаква положба со другите граѓани и самиот факт што се на кандидатската листа не го изразува личниот однос на кандидатот кон стореното дело, дали тоа што се изнесува е навреда или напад на честа и угледот. Понатаму, она што се изнесува и пренесува може да биде негирано и по завршувањето на изборите и граѓанинот својата заштита на честа и угледот може да ја оствари по приватна тужба. Со други зборови кандидатската листа не може да продуцира однос кандидат -држава , односно не е во прашање заштита на функција на граѓанин, па во таа смисла и гонењето да се презема по службена должност, поради што оцени дека оваа одредба не е во согласност со член 9 од Уставот.Врз основа на изнесеното Судот одлучи како во точката 1 на оваа одлука.
6. Оваа одлука Судот ја донесе со мнозинство гласови во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски , д-р Милан Недков, д-р Јован Проевски, Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски
У.бр. 220/2000
30 мај 2001 година
С к о п ј е