155/1993-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 70 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 3 ноември 1994 година, донесе

О Д Л У К А

Текст

1. СЕ УКИНУВААТ членот 36 став 9 и членот 90, во делот што се однесува на употребата на термините “Социјалистичка”, “друга социјалистичка република” и “Социјалистичка автономна покраина”, членот 91, членовите 67, 68, 69, членот 134 став 1 во делот што се однесува на употребата на терминот “покраински” Глава осма – кривични дела против самоуправувањето и членовите 166 и 167 од Кривичниот закон на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.28/91 и 24/92).

2. Оваа одлука ќе се објави во “Службен весник на Република Македонија”.

3. На Уставниот суд на Република Македонија, Централниот управен одбор на ВМРО – Демократска партија за македонско национално единство од Скопје му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста на одредбите од Законот ознашен во тошката 1 од оваа одлука, затоа што не биле во согласност со Уставот и тоа членовите 36 став 9 и 90 поради употребата на терминот “Социјалистичка”, членот 91, бидејќи со него се обезбедувала кривично правна заштита на СФРЈ – држава која веќе не постои, Главата осма – Кривични дела против самоуправувањето и членовите 67, 68 и 69, бидејќи со нив се обезбедуала кривично-правна заштита на самоуправувањето кое не било темелна вредност на Уставот на Република Македонија, членот 134 став 1, поради употребата на терминот “покраински”, членовите 166 и 167, бидејќи со нив се повредувало уставното начело на еднаквата заштита на сите видови сопственост.

4. На седницата Судот утврди дека во членовите 36 став 9 и 90 се употребуваат термините “Социјалистичка”, “друга социјалистичка република” и “социјалистичка автономна покраина”; со членот 91 кривично правно се заштитуваат “народите, народностите и етничките групи” кои `ивеат во СФРЈ; Глава осма и членовите 67, 68 и 69 се однесуваат на кривично правна заштита на самоуправувањето; членовите 166 и 167 се однесуваат на кривични дела несовесно чување на општествениот имот и противпрагвно отуѓување и прибавување на општествен имот.

5. Според член 1 став 1 од Уставот, Република Македонија е суверена, самостојна, демократска и социјална држава, а според ставот 2 од овој член, суверенитетот на Република Македонија е неделив, неотуѓив и непренослив.

Тргнувајќи од наведената уставна одредба, а имајќи предвид дека во оспорените членови 36 став 9, 90 и 134 став 1 се употребуваат термини “социјалистичка, “друга социјалистичка република”, “социјалистичка автономна покраина”, “покраински”, а во членот 91 се утврдува кривично правна заштита на народностите и етничките групи кои живеат во СФРЈ – држава која повеќе не постои, Судот оцени дека деловите на овие одредби не се во согласност со членот 1 од Уставот.

Согласно член 58 став 1 од Уставот, сопственоста и трудот се основа за управуваање и учество во одлучувањето, а според ставот 2 учеството во управувањето и одлучувањето во јавните установи и служби се уредува со закон врз принципите на стручност и компетентност.

Оттука произлегува дека единствена основа за управување и учество во одлучувањето се сопственоста и трудот, а Уставот допушта во јавните установи и служби учеството во управувањето и одлучувањето да се уреди со закон врз принципите на стручност и компетентност.

Имајќи предвид дека Уставот востанови нови темелни вредности на уставниот поредок битно различни од претходниот, а оспорените членовите 67, 68 и 69 содржат одредби со кои се санкционираат кривични дела против самоуправувањето кое беше интегрален дел и темелна вредност на социјалистичкото општествено уредување, Судот оцени дека тие не се во согласност со членот 58 од Уставот.

Уставот, во членот 8 став 1 алинеја 6 определува дека темелна вредност на уставниот поредок на Република Македонија е правната заштита на сопстеноста. Според членот 30 се гарантира правото на сопственост, а сопственоста создава права и обврски и треба да служи за добро на поединецот и на заедницата. Никому не можат да му бидат одземени или ограничени сопственоста и правата кои произлегуваат од неа, освен кога се работи за јавен интерес утврден со закон.

Делата од членовите 166 и 167 од Законот, кои се однесуваат на несовесно чување на општествениот имот и противправно отуѓување и прибавување на општествен имот, се темелат врз општествено економските односи на системот на социјалистичкото самоуправно општество во кое општествената сопственост односно општествениот имот имаше апсолутно доминантна позиција во однос на другите видови сопственост и другите видови имот (личен, приватен).

Меѓутоа, според Уставот сите облици на сопственост се рамноправни. Единствена граница која ја поставува Уставот е онаа когае потребно да се штити јавниот интерес.

Со оглед дека Кривичниот закон во овој дел предвидува кривични дела и санцкии само за заштита на општествениот имот, а не и на другите видови имот, Судот оцени дека членовите 166 и 167 од Законот не се во согласност со член 8 став 1 алинеја 6 и член 30 од Уставот.

6. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од оваа одлука.

7. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов.