154/1999-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија врз основа на член 110 и 112 од Уставот на Република Македонија, член 70 од Деловникот на Уставниот суд на Република Маке- донија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92) на седницата одржана на 1 ноември 2000 година, донесе

О Д Л У К А

Текст

1. СЕ УКИНУВААТ

– член 30 став 2 точка 3 во делот што се однесува за примена на повластената даночна стапка од 5% на прометот на услуги на нотари од Законот за данокот на додадена вредност (“Службен весник на РМ” бр.44/99, 59/99, 86/99) и

– член 6 став 1 во делот кој се однесува за услугите на нотарите и ставот 3 од истиот член на Одлуката за утврдување на добрата и услугите кои подлежат на повластена стапка на данокот на додадена вредност (ДДВ-Одлука) (“Службен весник на РМ” бр.65/99).

2. СЕ СТАВА ВОН СИЛА Решението за запирање од извршување на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на членовите од Законот и Одлуката означени во точката 1 алинеја 1 од оваа одлука.

3. Оваа одлука произведува правно дејство од денот на објавувањето во ” Службен весник на Република Македонија”.

4. Уставниот суд на Република Македонија по повод иницијативата поднесена од Јасминка Темелковска од Скопје, кон која се приклучи и Нотарскта комора на Република Македонија со Решение У.бр.154/99, 164/99, 235/99 и 37/2000 од 14 јуни и 20 септември 2000 година поведе постапка за оценување уставноста на член 30 став 2 точка 3 во делот што се однесува за примена на повластената даночна стапка од 5% на прометот на услуги на нотари од Законот означен во точката 1 од оваа одлука, а по сопствена иницијатива поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста и на член 6 став 1 во делот кој се однесува за услугите на нотарите и ставот 3 од истиот член на Одлуката означена, исто така, во точката 1 на оваа одлука, затоа што основано се постави прашањето за нивната согласност со Уставот на Реублика Македонија, односно со Уставот и законот. Со наведеното решение под точка 3, Судот истовремено го запре извршувувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на членовите од Законот и Одлуката означени во точката 1 од оваа одлука.

5. На седницата Судот утврди дека членот 30 е лоциран во глава В на Законот насловена како “даночни стапки”, а во чии рамки се утврдени две стапки на пресмету- вање на данокот на додадена вредност и тоа: општа даночна стапка од 19% и повлас- тена даночна стапка од 5%.

Така, повластената даночна стапка од 5% се применува врз прометот и увозот на производите утврдени во ставот (1) на член 30, а додека според оспорениот став (2) на истиот член, повластената даночна стапка од 5% се применува и на прометот на след- ниве услуги: превоз на лица (точка 1); отпремување на отпад и услуги за одржување на јавна чистота (точка 2) и услуги на адвокати, нотари (оспорен дел) сметководители и ревизори (точка 3).

Ставот 3 од истиот член, Владата на Република Македонија поблиску ги утврдува добрата и услугите од ставовите 1 и 2 на овој член.

6.Според член 8 од Уставот на Република Македонија, една од темелните вредно- сти на уставниот поредок на Република Македонија е и владеењето на правото.

Според член 33 од Уставот, секој е должен да плаќа данок и други јавни давачки и да учествува во намирувањето на јавните расходи на начин утврден со закон.

Според член 2 од Законот за вршење на нотарските работи, нотарот, нотарските работи ги врши слободно, независно, самостојно, стручно и непристрасно врз основа на закон, други прописи и општи акти засновани врз закон, а според членот 3, нотаријатот е самостојна, независна јавна служба во која се вршат работи од видот на јавни овласту- вања врз основана закон по барање на граѓаните, државните органи, правните лица и други заинтересирани институции (став 1). Нотарот ја врши својата служба како основно занимање за времето за кое е именуван.

Во членот 132 од Законот утврдено е дека, нотарот има право на награда за работата и на надоместокот на трошоцит е во вршењето на службените дејствија од неговиот делокруг во согласност со нотарскта тарифа која ја донесува комората во согласност со Министерството за правда.

Согласно член 2 став 3, кој спаѓа во подглавата “Трговец според природата и обемот на дејноста” од законот за трговските друштва, лицата кои се занимаваат со слободни занимања (адвокати, нотари, лекари, патентни инженери, архитекти, слободни уметници, сметководители и сл.) се сметаат за трговци во смисла на овој закон ако со прописите според кои тие се вршат така е одредено.

Според член 1 став 1 од Законот за данокот на додадена вредност, со овој закон се воведува данокот на додадена вредност и се уредува неговото пресметување и плаќање, а според ставот 2 од истиот член овој вид на данок, како општ потрошувачки данок, се пресметува и плаќа во сите фази на производството и трговијата, како и во целокупниот услужен сектор, освен ако поинаку не е пропишано со овој закон.

Според ставот 2 од овој член на Законот, предмет на оданочување со данокот на додадена вредност е прометот на добра и услуги, кој се врши со надоместок во земјата од страна на даночниот обврзник во рамките на неговата стопанска дејност и увозот на добра.

Според членот 6 став 1 од Законот, промет на услуги во смисла на овој закон претставува секоја дејност која не е промет на добра во смисла на член 3 од овој закон, а во ставот 2 и 3 на овој член пропишани се и други дејности што се третираат како услуги и се предмет на оданочување со данокот на додадена вредност, а меѓу кои се и вршењето на услуги врз основа на закон или налог издаден од или во име на орган на јавната власт.

Во членот 9 став 1 од Законот, се дефинира дека даночен обврзник е лице кое трајно или повремено самостојно врши стопанска дејност, независно од целите и резултатите од оваа дејност, а во ставот 2 од истиот член се дефинира што се подразбира под стопанска дејност во смисла на став 1 од овој член – тоа е секоја дејност на производителите, трговците и лицата кои извршуваат услуги, која има за цел оствару- вање на приходи, вклучувајќи ги дејностите од областа на рударството, земјоделството и шумарството, како и отстапувањето на материјални и нематеријални добра за нивно користење.

7. Од анализата на наведените уставни и законски одредби, произлегува дека уставно право е на закодавецот со закон да ги утврдува даноците и другите јавни давачки, дека ова уставно право не е ограничено ниту во поглед на предметот на оданочување, ниту во поглед на субјектите и дека во рамките на остварувањето на ова уставно право законодавецот со Законот за данокот на додадена вредност не само што го вовел овој вид на данок, но го уредил и начинот на неговото пресметување и плаќање, со тоа што го утврдил предметот на оданочување, даночните обврзници, даночните стапки, ослободувањата и другите погодности, административните обврски на даночните обврзници, присилната наплата на данокот и др.

Имајќи го предвид наведеното, според мислењето на Судот, посебно утврденото својство на адвокатурата во член 53 од Уставот, како самостојна и независна служба што обезбедува правна помош и врши јавни овластувања во согласност со закон, од една страна, и со закон утврдената положба и статус на нотаријатот, кој, исто така, е дефениран како самостојна и независна јавна служба во која се вршат работи од видот на јавни овластувања, од друга страна, не може да се сметаат како забрана, односно ограничување на правото на законодавецот при остварувањето на неговото уставно овластување од членот 33 од Уставот, како субјект на оданочување да ги утврди, меѓу другите, и адвокатите и нотарите и нивните дејности односно дејставија што ги преземат да ги утаврди к ако услуги во смисла на Законот за данокот на додадена вредност. Ова од причини што уставно утврдената обврска за плаќање на данок и други давачки се однесува на “секој” под кој термин можат да се подведат и адвокатите и нотарите, а од друга страна, со подведувањето на правната помош што ја пружат адвокатите и на службените дејствија што ги преземат нотарите во рамките на нивната надлежност, под поимот стопанска дејноста во смисла на Законот за данокот на додадена вредност, не се задира, односно не ја доведува во прашање правната природа и карактер на нивните работи, односно дејствија утврдени во матичните закони и другите прописи, бидејќи оспорениот член 9 од Законот поимот стопанска дејност го дефинира само во смисла и за потребите на овој закон и при то а тргнува од други услови и критериуми, а тоа е – вршењето на било која дејност или услуга да има за цел остварување на приходи и лицето, односно субјектот самостојно да ја врши таквата стопанска дејност, во свое име и за своја сметка.

Оттука, според на ведениот критериум, освен нотарската дејност, во смисла на член 9 од Законот, третман на стопанска дејност имаат и услугите од другите дејности, кои, исто така, според својата природа и според другите прописи се нестопански дејности и од јавен интерес, како и нотарската дејност. Таков е случајот со услугите од здравството, радиодифузијата, образованието, социјалната заштита и др.

Тоа што пак некои од ови услуги се ослободени од плаќањето на данокот на додадена вредност, за разлика од адвокатските и нотарските услуги, кои се оданочуваат со повластена стапка од 5%, е работа на политиката на оданочување што ја утврдила државата во овој момент со овој закон.

Врз основа на сето напред изнесено, Судот смета дека оспорениот член 9, од кој што произлегува дека повластената даночна стапка од 5% да се применува и на услугите на адвокатите и нотарите наоѓаат потпора и се во функција на уставно утврдениот принцип на владеењето на правото, како една од темелните вредности на уставниот поредок на Република Македонија. Истовремено, оваа одредба, според мислењето на Судот, не е во несогласност и со член 33 од Уставот, од аспект на наводите во иницијативата според кои не било во согласност со Уставот работите кои од видот на јавни овластувања ги врши нотаријатот да се третираат како стопанска дејност, односно како вредност, со оглед на посебно утврдената положба и својство на нотаријатот со Законот за вршење на нотарските работи, на посебната природа на нивната работа, како и посебните начела на нивното работење.

8. Меѓутоа, тргнувајќи од тоа дека со иницијативата поднесена од Јасминка Темелковска членот 30 став 2 точка 3 од Законот се оспорува и од причин што со воведувањето на обврската за плаќање на данокот на додадена вредност на услугите на нотарите граѓаните дополнително ќе бидат оптоварени бидејќи тие според Законот за вршење на нотарските работи за дејствијата преземени од страна на нотарите веќе се обврзани да плаќаат нотарска такса, Судот смета дека во ситуација кога за исто дејствие преземено од нотар граѓаните едновремено плаќаат две јавни давачки (нотарска такса и данок на додадена вредност) се работи за воведува двојно одан очување по исти основ кое не е во функција на заштита на граѓаните од прекумерно и неоправдано оданочување поради што ова решение е во спротивност и со интенцијата на Уставот изразена во темелните вредности на уставниот поредок на Република Македонија утврдени во член 8 од Уставот – владеењето на правото и социјалната правда, во начелото на еднаквост на граѓаните, како и во член 33 од Уставот.

Поради напред наведеното, Судот одлучи како во точката 1 алинеја 1 од оваа одлука, при што го имаше предвид и фактот дека иако согласно Законот, директен даночен обврзник на овој вид на данок е нотарот, но тој паѓа на товар на граѓанинот како корисник на услугите на нотарот.

9. Со оглед дека Судот одлучи да поведе постапка за оценување на уставноста на членот 30 став 2 точка 3 од Законот во делот што се однесува за услугите за нотарите, по сопствена иницијатива одлучи да поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста и на член 6 од Одлуката на Владата на Република Македонија во делот во кој поблиску се определуваат нотарските услуги кои подлежат на повластена стапка на данок на додадена вредност, бидејќи правниот основ, односно овластувањето на Владата во смисла поблиску да ги определи и овој вид на услуги посредно произлегува, односно е поврзан со тој дел од наведениот член од Законот.

10. Со оглед на конечноста и извршноста на одлукатаа за укинување на оспо- рениот член од Законот и Одлуката, следуваше Судот да го стави вон сила и решението означено во точката 2 од оваа одлука.

11. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точките 1 и 2 од оваа одлука.

12. Оваа одлука Судот ја донесе во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михај- ловски, д-р Милан Недков, д-р Јован Проевски, Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски. (У.бр.154/99; 164/99; 233/99 и 37/2000)