128/1995-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 112 став 1 од Уставот на Република Македонија и член 70 став 1 алинеја 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 5 јули 1995 година, донесе

О Д Л У К А

Текст

1. СЕ ПОНИШТУВА член 27 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување (“Службен весник на Република Македонија” бр.14/95).

2. Оваа одлука произведува правно дејство од денот на објавувањето во ” Службен весник на Република Македонија”.

3. Уставниот суд на Република Македонија, на иницијатива од Републи чкиот одбор на Сојузот на пензионерите на Македонија и на Мице Ташевски од Титов Велес, , со решение У.бр.128/95 од 17 мај 1995 година поведе постапка за оценување уставноста на одредбата од Законот озна чена во то чката 1 од оваа одлука, затоа што се постави прашањето за нејзината согласност со член 34 и член 52 став 4 од Уставот на Република Македонија.

4. На седницата Судот утврди дека во член 27 од Законот се предвидува пензиите за месец јануари 1995 година заклу чно со месец декември да се пресметуваат и исплатуваат во висина на исплатената пензија за месец декември 1994 година, зголемена за една третина од остварената стапка на пораст на трошоците на живот во тековниот месец во однос на претходниот месец. Исто така, Судот утврди дека во член 28 од наведениот закон се определува негово влегување во сила со денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”, а тоа е 16 март 1995 година.

5. Според член 34 од Уставот на Република Македонија граѓаните имаат право на социјална сигурност и социјално осигурување утврдени со закон и со колективен договор.

Од оваа уставна одредба произлегува дека правото на социјално осигурување, а во тие рамки и на пензиското осигурување, е едно од основните уставни права на граѓаните. Затоа, овластувањето на државата со закон да го уреди ова право има за цел да се создадат правни услови за неговото остварување, а не ограни чување на тоа право. Во таа смисла, со Законот за пензиското и инвалидското осигурување се определува задолжително пензиско и инвалидско осигурување, а стекнувањето и остварувањето на правата од пензиското и инвалидското осигурување да се врши во зависност од должината и обемот на вложувањето на средствата за пензиското и инвалидското осигурување, под условите утврдени со овој закон.

Со оглед на тоа што со член 27 од Законот не се уредуваат прашања во функција на остварување на уставното право на социјално осигурување, и во тие рамки на пензиското и инвалидското осигурување, туку со него се ограни чуваат тие права во изложената смисла, Судот оцени дека наведената законска одредба не е во согласност со член 34 од Уставот на Република Македонија.

6. Во член 52 став 4 од Уставот на Република Македонија е предвидено дека законите и другите прописи не можат да имаат повратно дејство, освен по исклу чок, во слу чаи кога тоа е поповолно за граѓаните.

Со оглед на тоа што со член 27 од Законот се пропишува на чин на пресметување на пензиите кој се применува од 1 јануари 1995 година, а според член 28 од истиот закон, таа законска одредба е објавена и влегла во сила на 16 март 1995 година, што зна чи дека оспорената одредба се применува пред да се објави и пред да влезе во сила, при што со неа се предвидува решение кое е понеповолно за граѓаните, бидејќи усогласувањето е пониско од порастот на трошоците на живот, Судот оцени дека озна чената законска одредба не е во согласност со член 52 став 4 од Уставот на Република Македонија.

7. Имајќи ја предвид тежината на повредата, како и нејзиното повторување, Судот утврди дека се исполнети условите за донесување поништува чка одлука предвидени во член 73 од Деловникот на Судот.

8. Врз основа на изнесеното, Судот одлу чи како во то чката 1 од оваа одлука.

9. Оваа одлука Судот ја донесе во состав од претседателот на Судот д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов. У.бр.128/95, 245/95