Учество на свеченото отворање на судиската година на Европскиот суд за човекови права, Стразбур

Претседателот на Уставниот суд на Република Македонија г. Никола Ивановски и судијата Владимир Стојаноски на 27 јануари 2017 година учествуваа на свеченото отвoрање на судиската година на Европскиот суд за човекови права во Стразбур. На свечената седница на присутните им се обратија претседателот на Европскиот суд за човекови права г. Гвидо Раимонди и претседателот на Меѓународниот кривичен суд, Силвија Алехандра Фернандес де Гурменди. Во рамките на свеченостите беше одржан и семинар на тема: „Принципот на непротерување и невраќање како принцип на меѓународното право и улогата на судството во неговата имплементација“ на кој учествуваа повеќе од 300 претставници на највисоките судови во Европа.

За време на престојот во Стразбур, претседателот на Уставниот суд на Република Македонија оствари средба со претседатели на уставни судови од неколку европски земји, како и со претставници на меѓународни институции и организации.