Учество на офицерот за врски на Уставниот суд на Република Македонија на трет состанок на Заедничкиот Совет за Уставна Правда на Европската Комисија за Демократија преку Правото

На 9 и 10 март 2004 година во Венеција, Италија, се одржа трет состанок на Заедничкиот Совет на Уставна правда на Европската Комисија за Демократија преку Правото, позната како Венецијанска Комисија на Советот на Европа. Од Уставниот суд на Република Македонија, на оваа средба присуствуваше државниот советник м-р Симеон Петровски, кој е воедно и офицер за врски со Поткомисијата за Уставна правда при Венецијанската Комисија. На оваа средба беа присутни повеќе од 35 претставници и офицери за врска од Уставни судови, судови со уставно судска јурисдикција од Европа, како и од наднационалните судови. На овој состанок стана збор за повеќе прашања од интерес за јакнење на меѓународната соработка на Уставните судови и унапредување на уставно-судската мисла и практика.