Учество на меѓународна конференција во Хаг, Холандија

Во текот на ноември 2003 година, судијата Мирјана Лазарова-Трајковска учествуваше на “Конференцијата за основни права во плуралистичко општество” што се одржа во Хаг, Холандија, во организација на Советот на Европа и  Холандија, како актуелен претседавач со Комитетот на Министри во Советот на Европа. На оваа Конференција присуствуваа претставници од повеќе земји и тоа судии, амбасадори, професори и претставници на невладиниот сектор. За одбележување е присуството на Судијата на Холандија во Европскиот суд за Човекови права од Стразбур, Државниот секретар на Канада, Комесарот за Човекови Права на Советот на Европа, Г-динот. Алваро Гил-Роблес, како и г-динот. Ц. Строхал, Амбасадор и Директор на Канцеларијата за демократски институтции и човекови права при Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).