Учество на Тркалезна маса одржана во Црна Гора, Милочер

Делегација на Уставниот суд на Република Македонија предводена од Претседателот на Уставниот суд, г-дин Бранко Наумоски, учествуваше на Тркалезна маса на тема: “Улогата на Уставниот суд во изградбата на владеење на правото“ во организација на Уставниот суд на Црна Гора во соработка со Фондацијата Ханс-Сеидел што се одржа во Милочер од 13 – 15 мај 2013 година. На овој настан беа разменети мислења и искуства на уставните судови во врска со уставни прашања кои се значајни за вршењето на функцијата на уставните судови.