Свечена седница на Европскиот суд за човекови права

Судиите на Уставниот суд на Република Македонија д-р Наташа Габер-Дамјановска и Исмаил Дарлишта присуствуваа на формалното отворање на судиската година на Европскиот суд за човекови права, што се одржа на 28 јануари 2011 година во Стразбур. По тој повод се одржа и семинар на тема: „Кои се лимитите на еволутивното толкување на Конвенцијата“?

На свечената седница на Судот на присутните им се обрати претседателот на Европскиот суд за човекови права г-дин Жан Пол Коста и г-дин Антони Гутерес Висок комесар за бегалци на Обединетите нации.