Присуство на прославата по повод 20 годишнината од основањето на Уставниот суд на Република Словачка

Делегација на Уставниот суд на Република Македонија, предводена од претседателот на Судот, г-дин Бранко Наумоски во периодот од 8 до 10 април претстојува во Кошице, Република Словачка по повод 20 години од основањето на Уставниот суд на Република Словачка.

Во рамките на свеченостите ќе се одржи и Меѓународна конференција на тема: „Положбата на уставните судови и нивното влијание врз правниот поредок на државата“.