Издвоено мислење по предметот У.бр.120/2003, У.бр.145/2003 и У.бр.179/2003

* * *

Согласно член 25, став 6 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Републлка Македонија“ бр. 70/92), по моето гласање против решението за отфрлање на иницијативата за поведување постапка за оценување на уставносга и законитоста на членот 1, точка 2 од Одлуката за измена на регулирани цсии на телекомуникациски услуги бр. 20692/1 од 24 април 2003 година, и точката 1.4.7.7. од Ценовникот за телекомуникациски услуги, донесени од АД “Македонски телекомуникации1′ Сконје, го издвојувам и иисмено го образложувам своето

ИЗДВОЕНО МИСЛЕЊЕ
НА РЕШЕНИЕТО У.БР.120/2003, У.БР.145/2003, И У.БР. 179/2003 ОД 30 МАРТ 2005 ГОДИНА

Со Решение У.бр.120/2003, У.бр.145/2003, и У.бр.179/2003 од 30 март 2005 година, Уставниот суд на Република Македонија ги отфрли иницијативите (поднесени од новеќе граѓани) за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за измена на регулирани цени на телекомуникациски услуги бр. 20692/1 од 24 април 2003 година на АД “Македонски телекомуникации“ Скопје, во делот во кој е утврдена висината на цената на месечната претплата по телефонски приклучок, односно член 1, точка 2 од оваа оллука и Ценовникот за телекомуникациски услуги на АД “Македонски телекомуникации“ Скопје во делот во кој е утврдена цената на посебното евидентирање и пресметка на дополнително фактурирање на телекомуникациските услуги во внатрешен и меѓународен телекомуникациски сообраќај во процентуален износ од 2% од износот на дополнително фактурирање, односно точката 1.4.7.7. од овој Ценовник. Според мислењето на мнозинството судии, оспорените акти не се прописи, затоа што се донесени од акционерско друштво, и затоа што во конкретниот случај тоа се акти на работење со кои се утврдуваат цени на телекомуникациски услуги кои ги дава, односно пружа АД “Македонски телекомуникации“.

Несогласувајќи се со мислењето на мнозинството судии, гласав против наведеното решение од следните причпии:

Телекомуникациската услуга е јавна услуга од јавен интерес за Република Македонија, која со Законот за телекомуникации ја врши постојниот оператор АД “Македонски телекомуникации“ кој со Договорот за концесија обезбеди вршење на дејност од јавно-правен карактер. Имајќи ја во предвид специфичната улога и положба на ова акционерско друштво, сметам дека со Одлуката за измена на регулирапи цени на телекомуникациски услуги бр. 20692/1 од 24 аирил 2003 година, односно член 1, точка 2 од оваа одлука, се воведе една нова давачка во однос на граѓаните корисници на фиксната јавна телекомуникациска мрежа. Со оваа измена на одлуката, наместо дотогашната месечна претплата како однапред платена услуга во форма на одреден број на импулси, кон граѓаните се воведе месечна претплата за која граѓаните од АД “Македонски телекомуникации“ Скопје не ја добиваат порано добиваната услуга, туку напротив, плаќаат давачка за која не добиваат противуслуга. Оваа давачка која за сите претплатници е утврдена во месечен паушален износ корисниците ја плаќаат независно дали го користеле телефонскиот приклучок или не.

Од друга страна, со точката 1.4.7.7. од Ценовниот за телекомуникациски услуги, допесен од АД “Македонски телекомуникации“ Скопје, се утврдува манипулативсн трошок од 2% на вредноста од реализираниот сообраќај што се наплатува преку месечните сметки за телефон, што го наметнува прашањето на непочитување на начелото на еднаква вредност на давањето, Имено, оваа цена прегплатниците ја плаќаат за покривање па трошоците за изготвување и достава на сметките за наплата за користење на телекомуникациските услуги и таа претставувала дел од облигационите договори склучени меѓу давателот и корисникот на телекомуникациските услуги.

И за двете давачки може да се покрене прашањето за оценка на уставноста и законитоста ако прифатиме дека оспорената Одлука и Ценовник се прописи. Согласно претходниот Закон за телекомуникации, а сега согласно Законот за слектронските комуникации АД “Македонски телекомуникации“ е даватсл на јавна комуникациска услуга, односно врши јавна телекомуникацнска дејност и некои од актите кои ова акционерско друштво ги носи имаат карактер на пропис по наметнатите давачки, но, и по последиците кои ги предизвикуваат. Ова особено од таму што со Законот за телекомуникациите на овој оператор му беше обезбедена монополска положба на пазарот за вршење на дејност од јавно-правен интерес.

Оттука, со оглед на тоа дека од оспорениот акт произлегува месечна давачка за корисниците на телекомуникациските услуги за која тие не добиваат услуга, но, за нив произлегува само обврска да плаќаат месечна претплата во паушален износ независно дали претплатникот ги користел услугите преку телефонскиот приклучок или не, не може да стане збор за облигационен однос, туку плаќање давачка како надомест кој ги има сите елементи на јавна давачка. Согласно членовите 33 и 68 од Уставот, јавните давачки се утврдуваат со закон и нив ги утврдува Собранието на Република Македонија, а не како што е случај со оваа месечна претплата востановена од акционерското друштво.

Односите поврзани со наплатување на дадените телекомуникациски услуги се дел од облигационите односи што настапуваат меѓу акционерското друштво кое дава телекомуникациски услуги, во случајот АД “Македонски телекомуникации“ и граѓаните, во купопродажбата на телекомуникациската услуга како стока на пазарот. При тоа за овие односи согласно член 8 од Законот за облигационите односи, учесниците тргнуваат од начелото на еднаква вредност на заемните давања кои се протегаат не само на испорачаната услуга, туку и во однос на направените трошоци на претпријатието за изготвување на сметките и цената што ја плаќаат граѓаните за изготвување и достава на тие сметки. Во конкретниот случај цената што граѓаните ја плаќаат на име манипулативен трошок се поврзува со изготвувањето и доставата на сметките и не се доведува во сооднос со стварните трошоци за изготвување на тие сметки, туку таа е одредена во зависност од цената платена за телекомуникациските услуги, односно 2% па вредноста од реализираниот сообраќај што се наплатува преку месечните сметки за телефон. Бидејќи нема суштинска поврзаност со овој манипулативен трошок и цената што се плаќа за реализираниот телекомуникациски сообраќај, со доведувањето на овие трошоци во зависност со вредноста од реализираниот сообраќај што се наплатува преку месечните сметки за телефон, а не во зависност со стварните трошоци се постапува спротивно на членот 8 од Законот за облигационите односи. Па овој начин граѓаните се доведуваат во состојба кога за изготвување на нивните сметки се прават еднакви стварни трошоци, а тие плаќаат нееднаква цена на тие трошоци во зависност од направените телекомуникациски трошоци.

Впрочем, видливо е од судската пракса дека Уставниот суд прифатил одлука со слична содржина донесена од истото акционерско друштво дека претставува пропис и ја поништил. Имено, Уставниот суд на Република Македонија со Одлука У.бр.217/2001 од 17.07.2002 година, ја поништил Одлуката за определување на надоместокот за добивање на телефонски приклучок, донесена од Извршниот директор на АД “Македонски телекомуникации“ на 13 јуни 2001 година. Со оваа одлука, судот оспорениот акт го третирал како пропис со кој се воведува јавна давачка што граѓаните треба да ја платат на претпријатие кое врши дејност од јавен иптерес и тоа било доволен основ судот согласно член 73 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија да ја донесе одлуката за поништување на оваа одлука.

Оттука, имајќи ги во предвид наведените причини, сметам дека членот 1, точка 2 од Одлуката за измена на регулирани цени на телекомуникациски услуги бр. 20692/1 од 24 април 2003 година, и точката 1.4.7.7. од Ценовникот за телекомуникациски услуги, донесени од АД “Македонски гелекомуникации“ Скопје, се во спротивност со член 8, став 1, алинеја 3, 6 и 7, како и со членовите 33 и 68 од Уставот на Република Македонија, како и со член 8 од Законот за облигационте односи.

Судија на Уставниот суд
на Република Македонија,
Мирјана Лазарова Трајковска

Решение У.бр.120/2003, У.бр.145/2003 и У.бр.179/2003