Судиите на Уставниот суд на Република Македонија остварија средба со Групата на високи експерти за системски прашања за владеење на правото предводена од г. Рајнхард Прибе

На средбата се разговараше за актуелната состојба во уставното судството и предлог – мерките за унапредување на работата на Уставниот суд на Република Македонија, како заштитник на највисокиот правен акт во државата, Уставот на Република Македонија и гарант на демократијата, владеењето на правото и заштита на човековите слободи и права.
На крајот на средбата, беше искажана взаемна благодарност од одржаната средба.