Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 6-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 13.02.2013

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 6-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 13.02.2013

I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИСТОСТА НА:

1. – член 8,член 52 став 1 алинеја 16, член 54 став 1 алинеја 9, член 69
став 6, член 70 ставовите 1, 5 и 6, член 72 ставовите 2 и 3, член 77, член
87-а, член 96 ставовите 6 до 19, член 99 ставовите 2, 3, 11, 12, 14 и 15, член
103 став 5, член 113 ставовите 2 до 14 и ставовите 17 и 18, член 125
ставовите 2 до 7, член 133 став 11, член 134 ставовите 1 и 2, член 136
ставовите 1 и 2, член 140 став 2, член 146-а став 2, и член 161-б став 1
алинеите 14 и 16 од Законот за високото образование („Службен весник на
Република Македонија“ бр. 35/2008, 103/2008, 26/2009, 83/2009, 99/2009, 115/
2010 и 17/2011),
– членовите 14, 15, 16 и 17 од Уредбата за нормативи и стандарди за
основање на високообразовни установи и за вршење на високообразовна дејност
(„Службен весник на Република Македонија“ бр. 103/2010 и 168/2010),
– Правилник за условите кои треба да ги исполнува истакнатиот стручњак
од практиката од соодветната област за изведување на клиничка настава
(„Службен весник на Република Македонија“ бр. 120/2010),
– Правилник за начинот и условите за организирање на практична настава
за студентите („Службен весник на Република Македонија“ бр. 120/2010).
Реферат У.бр.98/2011

2. Член 3 став 1 точка 1, 2 и 3 во деловите: „јавните претпријатија
основани од Република Македонија“ од Законот за јавните службеници („Службен
весник на Република Македонија“ бр.52/2010, 36/ 2011, 6/2012 и 24/2012).
Реферат У.бр.55/2012

3. Законот за изменување и дополнување на Законот за спортот („Службен
весник на Република Македонија“ бр.18/2011 од 14 февруари 2011 година) во
целина.
Реферат У.бр.76/2012

4. Член 38 став 2 од Законот за Собрание на Република Македонија
(„Службен весник на Република Македонија“ бр.104/2009).
Реферат У.бр.175/2012

5. Член 12 во делот: „-публикација 179, 225, 651 и 804“ од Одлуката за
утврдување во кои случаи и под кои услови се смета дека е нарушен мирот на
граѓаните од штетна бучава, бр.19-6920/1, донесена од Владата на Република
Македонија на 29 декември 2008 година („Службен весник на Република
Македонија“ бр.1/2009).
Реферат У.бр.154/2012

6. Член 11 од Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за
техничките, употребените и другите услови за одредени типови на електронски
комуникациски мрежи и електронска комуникациска инфраструктура придружни
инфраструктурни капацитети и средства („Службен весник на РМ“ бр.68/2012)
донесен од директорот на Агенцијата за електронски комуникации.
Реферат У.бр.164/2012

7. – Заклучок со кој се дава согласност за поведување постапка за
утврдување на правен статус на бесправно изграден објект на К.П. 1475/2,К.О.
Нов Дојран на имателот Стојан Андов бр.07-727/8, донесен од Советот на општина
Дојран на 29 јуни 2012 година.
– Заклучок со кој се дава согласност за поведување постапка за
утврдување на правен статус на бесправно изграден објект на К.П. 1512,К.О.
Сретеново на имателот Тодор Чуков бр.07-727/9, донесен од Советот на општина
Дојран на 29 јуни 2012 година, и
– Заклучок со кој се дава согласност за поведување постапка за
утврдување на правен статус на бесправно изграден објектна К.П. 1513,К.О.
Сретеново на имателот правното лице „Боки-М“ дооел бр.07-727/10, донесен од
Советот на општина Дојран на 29 јуни 2012 година.
Реферат У.бр.196/2012

II. БАРАЊА ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИ И ПРАВА:

1. Барање за заштита на слободи и права по предметот
У.бр.9/2013