Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 12-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 16.04.2014 година

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 12-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 16.04.2014 година

1. Член 1 и 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за патни
исправи на граѓаните на Република Македонија („Службен весник на Република
Македонија“ бр. 135/2011)

Реферат У.бр.189/2012

2. – член 18 став 1 во делот: „како раководител на Службата за безбедност и
разузнавање во Министерството за одбрана“ и член 27 став 2 во делот: Службата
за безбедност и разузнавање во Министерството за одбрана“ од Законот за
управување со кризи („Службен весник на Република Македонија бр.29/2005 и
36/2011),

– член 2 во делот: „ во воената служба за безбедност и разузнавање“ од Законот
за изменување и дополнување на Законот за државните службеници („Службен весник
на Република македонија“ бр.167/2010),

– Правилник за образецот и начинот на издавање на легитимацијата на овластените
службени лица во Министерството за одбрана („Службен весник на Република
Македонија“ бр.117/2006), донесен од министерот за одбрана на Република
Македонија,

– член 8 во делот: „Од страна на Воената служба за безбедност и разузнавање“ и
член 14 став 2 во делот: „а проверката на впишаните податоци кои кандидатите ги
изнеле за вистинити се спроведува од страна на Воената служба за безбедност и
разузнавање“ од Правилникот за постапката за прием на професионални војници на
служба во Армијата на Република Македонија („Службен весник на Република
Македонија“ бр.78/2008), донесен од министерот за одбрана на Република
Македонија,

– Правилник за кадровскиот менаџмент во Воената служба за безбедност и
разузнавање, дов.бр.01-632/1 од 03 октомври 2008 година, донесен од министерот
за одбрана на Република Македонија.
Реферат У.бр.13/2013

3. Член 3 точка 5 во делот: “Одлуките, решенијата и други акти на Уставниот
суд на Република Македонија и” од Законот за објавување на законите и другите
прописи и акти во “Службен весник на Република Македонија”, (“Службен весник на
Република Македонија” број 56/1999 и 43/2002)
.
Реферат У.бр.131/2013

4. Член 13 став 1 алинеја 1 и член 14 став 1 алинеи 1 и 2 од Законот за служба
во Армијата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“
бр.36/2010, 23/2011, 47/2011, 148/2011, 55/2012 и 29/2014).

Реферат У.бр.164/2013

5. Член 11 точка 1) од Тарифниот систем за продажба на електрична енергија на
тарифни потрошувачи, број 01-824/1 од 30 јуни 2011 година, донесен од
Регулаторната комисија за
енергетика на Република Македонија, (“Службен весник на Република
Македонија” број 88/2011, 97/2012 и 123/2012).

Реферат У.бр.111/2013

6. Правилник за упатување на работа во странство, бр.01-1085/1 од 10
февруари 2012 година, донесен од министерот за одбрана

Реферат У.бр.145/2013

II. БАРАЊА ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИ И ПРАВА:

1. Барање за заштита на слободи и права по предметот

У.бр.41/2013,

2. Барање за заштита на слободи и права по предметот

У.бр.27/2013.