Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 28-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 19.11.2014 година

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 28-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 19.11.2014 година

I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ
НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:

1. Член 26 став 2 од Законот за спречување и заштита од дискриминација
(„Службен весник на Република Македонија“ бр.50/2010 и 44/2014).

Реферат У.бр.81/2014

2. Член 135 став 2, член 6 ставoвите 1, 2 и 4, член 137, 138 и 139 од Законот
за аудиовизуелни медиумски услуги (“Службен весник на Република
Македонија” број 184/2013, 13/2014, 44/2014, 101/2014 и 132/2014)

Реферат У.бр.92/2014

3. Член 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за возила
(„Службен весник на Република Македонија“ бр. 70/2013), а во врска со член 52
став 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за возила („Службен
весник на Република Македонија“ бр. 123/2012).

Реферат У.бр.102/2014

4. – Одлука за донесување на Детален урбанистички план Градска четврт Ј 07 –
локалитети Капиштец, Завод за медицинска рехабилитација, Старо Водно, Долно
Водно, Мало Курило и Цвеќара, Општина Центар – Скопје бр.07-4414/4 од 18 јули
2014 година;
– Одлука за донесување измени и дополнување на Деталниот урбанистички план
Тасино Чешмиче 1, Општина Центар – Скопје, бр.07-4414/6 од 18 јули 2014 година;
– Одлука на Решението за запирање на објавувањето на Одлуката за донесување
измени и дополнувања на Деталниот урбанистички план Тасино Чешмиче 1, општина
Центар – Скопје, бр.07-4780/2 од 4 август 2014 година, и
– Одлука по Решението за запирање на објавувањето на Одлуката за донесување
Детален урбанистички план Градска четврт Ј 07- локалитети Капиштец, Завод за
медицинска рехабилитација, Старо Водно, Долно Водно, Мало Курило и Цвеќара,
општина Центар – Скопје, бр.07-4780/4 од 4 август 2014 година.

Реферат У.бр.115/2014