Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 22-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 11.07.2012

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 22-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 11.07.2012

I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИСТОСТА НА:

1. Правило за задолжителен настап на млади играчи во кошаркарските
првенства на Македонија.
(Реферат У.бр.200/2011 со нацрт-решение)

2. Членови 14, 16, 21, 27 и 31 од Одлуката за условите и начинот на
паркирање, организацијата, уредување и начин на наплата на јавните
паркиралишта, како и блокирање, деблокирање, преместување и чување на возила на
подрачјето на општина Прилеп, бр.07-140/21 од 18 јануари 2008 година, донесена
од Советот на општина Прилеп, објавена во „Службен гласник на општина Прилеп“
бр. 2 од 22 јануари 2008 година.
(Реферат У.бр.51/2012 со нацрт-решение)

ΙΙ. БАРАЊА ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИ И ПРАВА:

1. Барање за заштита на слободи и права по предметот
У.бр.77/2012 со нацрт-решение