Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 3-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 08.02.2017 година (среда), со почеток во 09.00 часот

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 3-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 08.02.2017 година (среда), со почеток во 09.00 часот

I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:

1. Делот: „Државната комисија за одлучување во управна постапка и
постапка од работен однос од втор степен“ од членот 84 став 3 од Законот за
култура („Службен весник на Република Македонија“ бр.31/1998, 49/2003, 82/2005,
24/2007, 116/2010, 47/2011, 51/2011, 136/2012, 23/2013, 187/2013, 44/2015,
61/2015, 154/2015 и 39/2016)
Реферат У.бр.56/2016

2. Закон за дополнување на Законот за високото образование („Службен
весник на Република Македонија“ бр.24/2013)
Реферат У.бр.78/2016

3. – Член 51 од Законот за вршење на работи за застапување во
царинските постапки („Службен весник на Република Македонија” број 180/2014); и
– член 51 став 1 во делот: „(2)” од Законот за вршење на работи за
застапување во царинските постапки („Службен весник на Република Македонија”
бр. 180/2014, 154/2015, 192/2015 и 23/2016);
Реферат У.бр.110/2016

4. Член 6 став 2, член 11 точка 14, член 17 став 3, член 28 точка 2,
член 46 и членовите 240, 241, 242, 243 и 244 од Законот за извршување (”Службен
весник на Република Македонија” бр. 72/2016).
Реферат У.бр.111/2016

5. Член 74 од Правилникот за условите, критериумите и правилата за
запишување и студирање на прв циклус студии на Универзитетот „Св.Климент
Охридски“ – Битола (Билтен на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, бр.
329 од 06.11.2009 година, бр.356 од 01.12.2011 година и бр.367 од 02.11.2012
година).
Реферат У.бр.171/2016