Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 8-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 27.02.2013

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 8-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 27.02.2013

I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИСТОСТА НА:

1. Член 45-а став 8 во делот: „освен по наставните предмети со кои учениците
се стекнуваат со вештини, односно за наставните предмети за кои не може да се
врши екстерното проверување на постигањата на успехот на учениците“ и став 9,
член 69 ставови 8 и 12, член 70-а ставови 7, 8 и 11 од Законот за средното
образование („Службен весник на Република Македонија“ бр. 44/1995, 24/ 1996,
35/1997, 82/1999, 29/2002, 40/2003, 42/2003, 67/2004, 55/2005, 113/2005,
35/2006, 30/2007, 49/2007, 81/2008, 92/2008, 33/2010, 116/ 2010, 156/2010,
18/2011, 51/2011, 6/2012 и 100/2012)
Реферат У.бр.162/2012

2. Правилникот за содржината и начинот на остварување на правата и
обврските од задолжителното здравствено осигурување („Службен весник на
Република Македонија“ бр.54/2012, 138/2012 и 164/ 2012), како целина и посебно
оспорените член 3 ставови 1 и 2, член 8 став 2 и член 15 став 1 од
Правилникот.
Реферат У.бр.109/2012

3. Член 25 од Правилникот за натпреварување на Македонската кошаркарска
федерација, донесен од Управниот одбор на Македонската кошаркарска
федерација на 6 октомври 2011 година.
Реферат У.бр.120/2012

4. Одлука за донесување на Детален урбанистички план за општина Струга
за УЕ-2 Дел од Блок 9/1.бр.07-2212/22, донесена од Советот на Општина Струга
на 30 септември 2010 година, објавена во („Службен гласник на Општина Струга“
бр. 10/2010)
Реферат У.бр.7/2013

II. БАРАЊА ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИ И ПРАВА:

1. Барање за заштита на слободи и права по предметот
У.бр.83/2012

2. Барање за заштита на слободи и права по предметот
У.бр.187/2012

3. Барање за заштита на слободи и права по предметот
У.бр.5/2013