Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 11-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 20.04.2016 година, со почеток во 09.00 часот

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 11-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 20.04.2016 година, со почеток во 09.00 часот

I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:

1. Член 68 во целина и посебно ставовите 2, 3, 4, 5 и 7 од Законот за
административни службеници (“Службен весник на Република Македонија” бр.
27/2014, 199/2014, 48/2015, 154/2015 и 5/2016).
Реферат У.бр.20/2015

2. Член 2 став 1 алинеја 2, во делот „или од општините, од градот
Скопје, како и од општините во градот Скопје“, член 14 став 2 алинеја 20, во
делот „во областа на комуналните дејности“ и член 20-б став 1 алинеја 3, во
делот „и јавните претпријатија“, од Законот за вработените во јавниот сектор
(„Службен весник на Република Македонија“ бр.27/2014 и 199/2014).
Реферат У.бр.112/2015

3. Одлука за давање согласност за трајна пренамена на земјоделско во
градежно земјиште за изработка на Урбанистички план за село Јосифово, донесена
од Влада на Република Македонија под бр.42-5719/1 од 15 јуни 2015 година
(„Службен весник на Република Македонија“ бр.101/2015).
Реферат У.бр.54/2016