Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 13-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 13.05.2015 година

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 13-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 13.05.2015 година

I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:

1. Одлука за донесување на Детален урбанистички план за УЕ-4, блок 14,
опфат 5-Струга, број 07-3414/18 од 13 ноември 2012 година, донесена од Советот
на Општина Струга („Службен гласник на Општи­на Струга“ бр. 11/2012)
Реферат У.бр.16/2013 и У.бр.22/2013

2. Делот: „наука“ од членот 3 став 1 алинеја 2 од Законот за
административни службеници („Службен весник на Република Македонија“ бр.27/2014
и 199/2014)
Реферат У.бр.70/2014

3. Член 16 алинеја 3 во делот: „и други прописи и подзаконски акти“ од
Законот за судска служба („Службен весник на Република Македонија“ бр.43/2014).
Реферат У.бр.149/2014

4. Членовите 92 и 97 од Законот за шумите („Службен весник на Репуб­ли­
ка Македонија“ бр.64/2009, 24/2011, 53/2011, 25/2013, 79/2013, 147/2013,
43/2014 и 160/2014).
У.бр.12/2015

5. – Одлука за донесување на Детален урбанистички план за дел од УЕ
„Трета МУБ“, дел од Урбан блок 48–дел 5, Плански опфат меѓу ул.„Миле Кипра“,
ул.„Перо Шварц“ и ул.„Перо Чичо“–општина Куманово, бр. 07-4152/14, донесена од
Советот на општина Куманово на 26 јуни 2013 година.
– Одлука за донесување на измена и дополнување на Генерален
урбанистички план за град Куманово УЕ „Трета МУБ“, УБ 48–Општина Куманово.
Реферат У.бр.30/2015

II. ПРЕДЛОЗИ ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ ПО ПРЕДМЕТИТЕ:

1. Предлог за одлучување по предметот
У.бр.48/2014 со нацрт-одлука