Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 3-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 27.01.2010

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 3-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 27.01.2010

РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИСТОСТА НА:
1. Закон за определување дополнителен услов за вршење на јавна функција
(„Службен весник на Република Македонија” бр. 14/08), во целина и посебно член
5 став 1 точка 7) во делот: „судија на Уставниот суд на Република Македонија” и
член 10 став 3 во делот: „на претседател на Републиката”.
(Реферат У.бр.42/2008 и У.бр.77/2008)

2. Член 35 став 1 точка 4 во делот: „или на поблага казна за друго
кривично дело кое го прави недостоен да ја врши функцијата член на Советот“ од
Законот за Советот на јавните обвинители на Република Македонија („Службен
весник на Република Маке­донија“ бр.150/2007).
(Реферат У.бр.63/2009)

3. – Член 261 став 1 во делот: „ги вршат испитни центри во согласност со
организацијата на соодветните организациони единици на Ми­нистерството за
внатрешни работи, согласно со закон“, од Законот за безбедност на сообраќајот
на патиштата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 54/2007, 86/2008 и
106/2008-исправка).
– Член 2 став 1 во делот: „овластува осум испитни центри на те­риторијата на
Република Македонија согласно организацијата на соодветните организациони
единици – Сектори за внатрешни рабо­ти на Министерството и тоа: 1. Испитен
центар со седиште во Скопје, 2. Испитен центар со седиште во Битола, 3. Испитен
центар со седиште во Велес, 4. Испитен центар со седиште во Куманово, 5.
Испитен центар со седиште во Охрид, 6. Испитен центар со седиште во Струмица,
7. Испитен центар со седиште во Тетово, 8. Испитен центар со седиште во Штип,
од Правилникот за начинот на спроведување на возачките испити и критериумите во
однос на просторните услови и материјално-техничката и информатичката опрема на
испитните центри, водењето на евиденциите во врска со спроведените возачки
испити и за формата и содржината на лиценцата за испитен центар („Службен
весник на Република Македонија“ број 103/2007), донесен од министерот за
внатрешни работи.
(Реферат У.бр.127/2009)

4. Член 127 став 2 во делот: „на иницијатива на работодавците“ … од
Законот за пензиското и инвалидското осигурување („Службен вес­ик на Република
Македонија“ бр. 80/1993, 3/1994, 14/1995, 71/1996, 32/1997, 24/2000, 96/2000,
50/2001, 85/2003, 50/2004, 4/2005, 84/ 005, 101/2005, 70/2006, 153/2007,
152/2008. 161/2008 и 81/2009).
(Реферат У.бр.132/2009)

5. Член 33 став 2 во делот: „и моралните“, член 63, член 66 во делот:
„заклучно до третото дете по ред на раѓање” член 99 став 4, член 101 став 2,
член 103 став 3, член 106 став 1 алинеја 5 во деловите: „значителна“ и „тешки“,
член 111 став 3, член 131 став 4 во де­ло­вите: „условите“ и „висината на
трошокот за издавање на лиценца“, член 154 алинеја 5, член 176 став 1 алинеја
4, член 190 став 3, член 197 став 2 во делот: „Формата и содржината на
обрасците на барањето и“, член 198 ставот 2, ставот 4 во делот: „и на пропи­
шаниот образец од членот 197 став 2 на овој закон и ставот 2 на овој член“ и
ставот 5 во делот: „од членот 197 став 2 на овој закон“, член 202 во делот: „и
присуството на полномошник“, член 209 али­неја 1 во делот: „односно на друг
противправен начин“, член 211 во делот: „остварени на противправен начин
согласно со членот 209 од овој закон“, член 212 став 2 алинеја 1 и член 245
став 1 во деловите: „груба“ и „потешко“ од Законот за социјалната заштита
(„Службен весник на Република Македонија“ бр.79/2009).
(Реферат У.бр.165/2009)

6. Членовите 4 и 8 од Законот за превоз во патниот сообраќај („Службен
весник на Република Македонија“ бр.68/2004, 127/2006 и 114/2009).
(Реферат У.бр.212/2009)