Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 18-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 14.05. 2008

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 18-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 14.05. 2008

РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:

1. Закон за изменување и дополнување на Законот за денационализација („Службен
весник на Република Македонија“ бр.44/ 2007).
(Реферат У.бр.143/2007)

2. Член 52 од Законот за здравствено осигурување („Службен весник на Република
Македонија“ бр.25/2000, 34/2000, 96/2000, 50/2001, 11/2002, 3/2003, 84/2005,
37/2006 и 18/2007).
(Реферат У.бр.15/2008)

3. Член 5 став 1 во делот „ако тоа не е во спротивност со закон и овој
колективен договор“, член 15 став 4 во делот „Работникот со понизок степен на
образование не може да биде распореден во група на сложеност за кое е утврден
повисок степен на образование“, став 5 и член 19 став 1 алинеја 3 од Општиот
колективен договор за јавниот сектор на Република Македонија („Службен весник
на Република Македонија“ бр.10/2008).
(Реферат У.бр.16/2008)

4. – Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за просечната цена на
производство, диструбиција и снабдување со топлинска енергија за греење за
регулиран период на Топлификација АД-Скопје, донесена од Регулаторната комисија
за енергетика на Република Македонија бр.02-406/1 на 25 февруари 2008 година.
– Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за просечна цена на
производство, диструбиција и снабдување со топлинска енергија за греење за
регулиран период на Скопје Север АД Скопје, донесена од Регулаторната комисија
за енергетика на Република Македонија бр.02-409/1 на 25 февруари 2008 година.
– Одлука за одобрување на Ценовник-Тарифа за испорака на топлинска енергија за
греење на тарифните потрошувачи на Топлификација АД Скопје, за приод од 1
јануари до 31 декември 2008 година, донесена од Регулаторната комисија за
енергетика на Република Македонија бр.02-428/1 на 28 февруари 2008 година и
– Одлука за одобрување на Ценовник-Тарифа за испорака на топлинска енергија за
греење на тарифните потрошувачи на Скопје-Север-Скопје за приод од 1 јануари до
31 декември 2008 година донесена од Регулаторната комисија за енергетика на
Република Макеоднија бр.02-429/1 на 28 февруари 2008 година.
(Реферат У.бр.56/2008 и У.бр.91/2008)

5. Правилник за начинот и условите под кои изграденото и неизграденото градежно
земјиште се дава под краткотраен закуп, донесен од министерот за транспорт и
врски („Службен весник на Република Македонија“ бр.80/2001).
(Реферат У.бр.82/2008)