Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 10-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 23.03.2011

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 10-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 23.03.2011

РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИСТОСТА НА:

1. Закон за Собранието на Република Македонија („Службен весник на
Република Македонија“ бр.104/2009), во целина.
(Реферат У.бр.197/2009)

2. Член 105 и 106 од Законот за здруженија и фондации (“Службен весник
на Република Македонија” број 52/2010)
(Реферат У.бр.81/2010)

3. – Член 154 став 2 од Законот за извршување на санкциите („Службен
весник на Република Македонија“ бр.2/2006 и 57/2010), и
– Правилникот за времето што треба да го помине и условите што треба да ги
исполни осуденото лице во установата од определен вид или во соодветно
одделение на установата од општ вид, број 07-981/1 од 11 септември 2007 година
(„Службен весник на Репуб­лика Македонија“ бр. 123/2007), донесен од директорот
на Управата за извршување на санкциите.
(Реферат У.бр.133/2010)

4. – член 4 ставови 3, 4 и 5 од Законот за Управата за јавни приходи
(„Службен весник на Република Македонија“ бр.81/2005, 81/2008, 105/2009 и
145/2010), и
– член 4 и член 5 од Законот за изменување и дополнување на Законот за Управата
за јавни приходи („Службен весник на Репуб­лика Македонија“ бр.145/2010).
(Реферат У.бр.218/2010)

5. – Член 45-а ставови 1 и 2 во деловите: „и екстерно“, како и ставовите
4 до 13 од Законот за средното образование („Службен весник на Република
Македонија“ бр. 44/1995, 24/1996, 34/1996, 35/ 1997,82/1999,29/2002,40/2003,
42/2003, 67/2004, 55/2005, 113/2005, 35/2006, 30/2007, 49/2007, 81/2008,
92/2008, 33/2010, 116/2010, 156/ 2010 и 18/2011) и
– Член 71 став 1 во делот: „и екстерно“, како и ставовите 3 до 11 од Законот за
основното образование („Службен весник на Република Македонија„ бр. 103/2008,
33/2010 , 116/2010, 156/2010 и 18/2011)
(Реферат У.бр.222/2010)

6. Член 191 став 5 и член 376 став 5 во делот: „против ова решение не е
дозволена жалба“ од Законот за кривичната постапка („Службен весник на
Република Македонија“ бр.15/1997,44/2002, 74/2004, 83/2008 и 67/2009).
(Реферат У.бр.227/2010)

7. Одлука за донесување на Детален урбанистички план за дел од УЕ
„Х.Т.Карпош“, урбан блок 64-д и 64-ѓ, плански опфат меѓу улиците Пролетерски
Бригади, 11-ти Октомври, Х.Т.Карпош, Трст, Јане Сандански и Киро Фетак број
07-6991/14 од 23.06.2010 година, донесена од Советот на општина Куманово
(„Службен гласник на општи­на Куманово“ бр.11/2010).
(Реферат У.бр.217/2010)

8. Одлука за пристапување кон изработка и донесување на Урбанистички
план вон населено место на КП.бр.1788/1, 1791/1, 1791/2 и КП.бр.1792/1 м.в.
„Струга“ КО ЕРЏЕЛИЈА, КП.бр.48, 49, 50, 51, 52, 53, 54, 55, 56, 112, 113, 114,
115, 116, 117, 118 и КП.бр.119 м.в. „Алчак“ КО Амзабегово, Општина Свети
Николе, бр.0701-535 од 18 јуни 2010 година, донесена од Советот на општина
Свети Николе.
(Реферат У.бр.22/2011)

9. Одлука бр.07-3087/3 за донесување на Детален урбанистички план за дел
од втора урбана единица МЗ-4 Долна Влашка Мала, урбан модул 1-11, 2002-2010,
донесена од Советот на општина Охрид на седницата одржана на 27 декември 2005
година („Службен гласник на општина Охрид“ бр.11/2005).
(Реферат У.бр.33/2011)