Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 11-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 28.03.2012

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 11-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 28.03.2012

РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИСТОСТА НА:

1. Член 5 став 1 точка 1 во делот: „непрекинато“; член 12 став 1; член
49 став 3 во делот: „освен ако тоа не би им предизвикало штетни последици“;
член 75 став (3) во делот: „или одбие врачување“; член 120 точка 3 во делот:
„освен ако работникот даде писмена изјава дека доброволно се согласува со
прекувремена работа“; член 202 став 2 во делот “или надлежен суд”; поднасловот:
„Отстранување од процесот на работа“; член 237, поднасловот: „Правила за
работите кои не смеат да се прекинат за време на штрајк“ и член 238 од Законот
за работните односи („Службен весник на Република Македонија„ број 62/2005,
106/2008, 161/2008, 114/2009, 130/2009, 149/2009, 16/2010, 50/2010, 52/2010,
124/2010 , 47/2011 и 11/2012).
(Реферат У.бр.167/2010)

2. Член 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за градење
(„Службен весник на Република Македонија“ бр.36/2011).
(Реферат У.бр.80/2011)

3. – Член 134-в став 2 точки 4 и 5 и став 5 точка 2; член 138 став 1
точки 4 и 5 и став 2 точка 2 во делот: “4,5”; член 154 став 1 точки 1 и 2 и
член 158-ѕ точка 1 од Законот за супервизија на осигурување (“Службен весник на
Република Македонија“ бр. 27/2002, 84/2002, 98/2002, 33/2004, 88/2005, 79/2007,
8/2008, 88/2009, 67/2010 и 44/2011) и
– Правилникот за стекнување со и испитување на стручната подготвеност потребна
за вршење работи на застапување во осигурувањето, број 0101-1131/4 од 13 јули
2010 година, донесен од Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на
осигурување (“Службен весник на Република Македонија“ број 102/2010 и 167/2011)
во целина, а посебно: членот 3 став 5, членот 4 став 4, членот 5 став 2 точка 3
и членот 9 став 2 од наведениот правилник.
(Реферат У.бр.122/2011)

4. Член 16 и член 17 во деловите: „1 јули“ од Законот за изменување и
дополнување на Законот за извршување („Службен весник на Република Македонија“
бр.83/2009)
(Реферат У.бр.144/2011)

5. Член 1 став 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за
придонеси од задолжително социјално осигурување (“Службен весник на Република
Македонија” број 166/2010).
(Реферат У.бр.156/2011)

6. Член 126 од Законот за парничната постапка („Службен весник на
Република Македонија“ бр.79/2005, 110/2008, 83/2009 и 116/2010).
(Реферат У.бр.193/2011)

7. – Член 117 став 2, во делот: „освен за работите кои поради
специфичниот процес на работа не можат да се прекинат или за кои нема услови и
можности да се организира работата во смени“, и
– Член 125 став 2, од Законот за работните односи („Службен весник на Република
Македонија“ бр.62/2005, 106/2008, 161/2008, 114/2009, 50/2010, 124/2010 и
120/2011).
(Реферат У.бр.194/2011)

8. Одлука за донесување на Детален урбанистички план за дел од Урбана
единица УЕ “Х.Т. Карпош”, Урбан блок 64-а и 64-б, Плански Опфат меѓу ул. “Х.Т.
Карпош”, Ристовац, Сава Ковачевиќ, Трета Македонска Ударна бригада и ул.”11-
Октомври“, Општина Кумано­во 2009-2014, донесена под бр.07-8102/13 од 30 јуни
2011 година од Советот на општина Куманово („Службен гласник на општина
Куманово“ бр.9/2011 од 1 јули 2011 год).
(Реферат У.бр.195/2011)