Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 22-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 10.06. 2009

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 22-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 10.06. 2009

РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИСТОСТА НА:

1. Законот за изменување и дополнување на Законот за адвокатура во
целина и посебно членовите 5 и 6 од наведениот Закон („Службен весник на
Република Македонија“ бр.106/2008).
(Реферат У.бр.163/2008)

2. Член 50-а од Законот за преземање на акционерски друштва („Службен
весник на Република Македонија“ бр.4/2002, 37/2002 и 36/ 2007).
(Реферат У.бр.220/2008)

3. Целината на Законот за инвалидските организации („Службен весник на
Република Македонија“ бр.89/2008).
(Реферат У.бр.221/2008)

4. Член 10 став 1 точка 8, во делот: „или извршени здравствени услуги во
здравствени установи каде што Фондот не обезбедил вршење на здравствени услуги
на негов товар“ од Законот за здравствено осигурување („Службен весник на
Република Македонија“ бр. 25/2000, 34/2000, 96/2000, 50/2001, 11/2002, 31/2003,
84/2005, 37/2006, 18/2007, 36/2007, 82/2008, 98/2008 и 6/2009).
(Реферат У.бр.25/2009)

5. – Решение бр.3467/1 од 26 јануари 2007 година за формирање на
Комисија за одлучување по барањата за денационализација поднесени од
старешините на верските објекти на верските заедници во Република Македонија,
донесено од Министерот за финансии
– донесени одлуки за враќање на земјоделско земјиште во КО Љубаништа по повод
поднесено барање на Македонската православна црква
(Реферат У.бр.57/2009)