Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 8-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 07.03.2012

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 8-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 07.03.2012

I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИСТОСТА НА:

1. Законот за домување („Службен весник на Република Македонија“ бр. 99/2009 и
57/2010), во целина и посебно: член 29 став 1 во делот „Во овој рок
сопствениците се обврзани да изберат друг управител“; член 52 став 2 во делот
„Во тој случај, кон третото лице за исполнување на обврските на сопствениците
на посебните делови солидарно одговара управителот“; член 59 став 1 во делот:
„на кого соодветно се применуваат одредбите од овој закон што важат за
управителот на станбена зграда“; член 125 став 1 во делот: „односно заедница на
сопственици“ и член 9 од Законот за изменување и дополнување на Законот за
домување („Службен весник на Република Македонија“ бр. 57/2010).
(Реферат У.бр.151/2010)

2. Член 55-а став 3 во делот „и учество во капиталот“, став 4 во делот
„и учество во капиталот“ и став 5 во делот „и учество во капиталот“ од Законот
за персоналниот данок на доход („Службен весник на Република Македонија“ бр.
80/93, 3/94-исправка, 70/94, 71/96, 28/97, 8/2001, 50/2001, 52/2001-исправка,
2/2002, 44/2002, 96/2004, 120/ 2005, 52/2006, 139/2006, 6/2007 – исправка,
160/2007, 159/2008, 20/ 2009, 139/2009, 171/2010 и 135/2011).
(Реферат У.бр.193/2010)

3. Член 50 став 2 точка 1 и член 116 став 1 точките 5 и 6 од Законот за
Народната банка на Република Македонија („Службен весник на Република
Македонија“ бр. 158/2010)
(Реферат У.бр.208/2011)

4. Член 53 став 8 и член 55 став 12 од Законот за безбедност и здравје
при работа („Службен весник на Република Македонија“ бр.92/2007 и 136/2011)
(Реферат У.бр.213/2011)

5. Член 256 став 1 од Законот за работните односи („Службен весник на
Република Македонија“ бр.62/2005, 106/2008, 161/2008, 114/ 2009, 130/2009,
149/2009, 50/2010, 52/2010, 124/2010, 47/2011 и 11/2012).
(Реферат У.бр.232/2011)

6. – Глава III „Управување со станбени згради“ и членовите 10, 11, 12,
13, 14, 15, 16, 17, 18, 19, 20, 21, 22, 23, 24, 25, 26, 27, 28, 29, 30, 31, 32,
33, 34, 35, 36, 37, 38, 39, 40, 42, 43, 44, 45, 46, 47, 48 и 49;
– Глава IV „Односи меѓу сопствениците и трети лица“ и членовите 50, 51, 52 и 53;
– Глава V „Заедница на сопственици“ и членовите 54, 55, 56, 57, 58, 59, 60,
61, 62, 63 и 64, од Законот за домување („Службен весник на Република
Македонија“ бр.99/2009, 57/2010, 36/2011, 54/ 2011 и 13/2012).
(Реферат У.бр.29/2012 со Нацрт-решение)

7. Одлуката за донесување на измени и Дополнување на ДУП „Градска
четврт Голем Ринг – Јужен дел – Исток“, број 07-3756/28 од 24 септември 2011
година, донесена од Советот на општина Центар („Службен гласник на општина
Центар“ бр.10/2011).
(Реферат У.бр.6/2012)

8. – Одлука бр. 02-2058/5 од 09.11.2010 година
– Одлука бр. 02-2058/7 од 09.11.2010 година, и
– Одлука бр. 02-1400/2 од 15.07.2010 година донесени од правниот одбор на
Јавното претпријатие „Македонски шуми“ – Скопје
(Реферат У.бр.10/2012)

II. БАРАЊА ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИ И ПРАВА:

1. Барање за заштита на слободи и права по предметот
У.бр.20/2012,