Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 24-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 14.09.2011

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 24-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 14.09.2011

РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИСТОСТА НА:

1. Член 44 став 1 во делот: “единствено” од Законот за едношалтерскиот
систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица
(“Службен весник на Република Македонија” бр. 84/2005, 13/2007, 150/2007,
140/2008, 17/2011 и 53/2011).
(Реферат У.бр.163/2010)

2. Член 35 ставови 3 и 4 од Законот за мирно решавање на работните
спорови (“Службен весник на Република Македонија” број 87/2007)
(Реферат У.бр.174/2010)

3. Член 2 во делот: “и друг” од Законот за сопственост и други стварни
права (“Службен весник на Република Македонија” број 18/2001, 92/2008,
139/2009, 35/2010).
(Реферат У.бр.181/2010)

4. Член 2 став 2, член 3, член 4 ставовите 2, 3 и 5 и член 5 од Законот
за националниот уметник на Република Македонија („Службен весник на Република
Македонија“ бр. 47/2011).
(Реферат У.бр.89/2011)

5. Член 135-б алинеја 4, член 153-ѕ став 2 точка 6 и став 4 во делот:
„ако со правосилна судска одлука се утврди дека здравствениот работник со
високо образование сторил стручен пропуст или грешка при работата со што
предизвикал трајно нарушување на здравјето или смрт на болниот или“ од Законот
за здравствената заштита („Службен весник на Република Македонија“ бр.38/1991,
46/ 1993, 55/1995, 10/2004, 84/2005, 111/2005, 62/2006, 5/2007, 77/2008,
67/2009, 88/2010, 44/2011 и 53/2011).
(Реферат У.бр.102/2011)

6. – Член 122 став 3 од Законот за сопственост и други стварни права
(„Службен весник на Република Македонија“ бр. 18/2001, 92/2008, 139/2009,
35/2010)
– Член 6 став 7 од Законот за постапување со бесправно изградени објекти
(„Службен весник на Република Македонија“ бр.23/2011 и 54/2011)
(Реферат У.бр.131/2011)

7. – Одлука за определување на надоместок на членовите на посеб­ните
тела на Општина Центар–Скопје, бр.07-276/12 од 15 февру­ари 2008 година; и
– Член 5 од Одлуката за формирање на посебни тела на Општината Центар – Скопје,
број 07-276/4 од 15 февруари 2008 година двете донесени од Советот на општина
Центар и објавени во „Службен гласник на Општина Центар – Скопје“ бр. 2/2008
(Реферат У.бр.34/2011)

8. Одлука бр. 02-2058/5 од 09.11.2010 година и Одлука бр.02-2058/7 од
09.11.2010 година, донесени од Управниот одбор на Јавното претпријатие
„Македонски шуми“ – Скопје
(Реферат У.бр.40/2011)

9. – Решение за одобрување на Државна урбанистичка планска документација
за изградба на ТИРЗ Кичево опфат 1 – КО Србјани – Општина Другово и опфат 2 –
КО Кичево – Општина Кичево, бр. 16-2244/7 од 23.08.2010 година, донесено од
министерот за транспорт и врски, и
– Решение за услови за планирање на просторот, бр.15-484/1 од 15.01.2010
година, донесено од министерот за животна средина и просторно планирање
(Реферат У.бр.79/2011)