Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 15-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 16.04. 2008

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 15-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 16.04. 2008

РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:

1. Член 1 во делот: „и овластените инспeктори на општината и на градот Скопје“,
на поглавјето: „4. Овластени просветни инспектори на општината и на градот
Скопје“, членовите 10 и 11, член 12 став 1 во делот: „и овластениот просветен
инспектор“, став 3 во делот: „а на овластениот просветен инспектор ја издава
градоначалникот на општината, односно на градот Скопје“, член 15 став 2, 4 и 5
во делот: „и 4“, став 5 точка 6 во делот: „односно за овластениот просветен
инспектор“, член 17 став 4 во делот: „односно овластениот просветен инспектор“,
член 23, член 29 и член 32 став 1 во делот: „и овластениот просветен инспектор“
од Законот за просветната инспекција („Службен весник на Република Македонија“
бр. 52/2005).
(Реферат У.бр.67/2007)

2. – Член 29 и член 56 став 1 точка 32 (односно 33) од Законот за девизното
работење („Службен весник на Република Македонија“ бр.34/2001, 49/2001,
103/2001 и 51/2003).
– Точка 3 став 1 од Одлуката за условите и висината на износот на ефективни
странски пари и чекови кои може да се внесуваат или изнесуваат од Република
Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.77/2002, 13/2003 и
65/2003).
(Реферат У.бр.136/2007)

3. Член 371 став 2 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата
(„Службен весник на Република Македонија“ бр.54/ 2007).
(Реферат У.бр.261/2007)

4. Членовите 49 и 50 од Законот за образование на возрасните („Службен весник
на Република Македонија“ бр.7/2008).
(Реферат У.бр.46/2008)

5. Одлуката за донесување Детален урбанистички план за дел од УЕ-4-Запад, блок
12, Струга-општина Струга бр.07-1809/14 од 29 ноември 2007 година (“Службен
гласник на општина Струга” бр.15/2007).
(Реферат У.бр.6/2008)