Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 11-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 24.03.2010

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 11-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 24.03.2010

РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИСТОСТА НА:

1. Член 14 став 4 алинаја 2 и член 19 алинеја 3 од Законот за управување
со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна
постапка (“Службен весник на Република Македонија” број 98/2008).
(Реферат У.бр.111/2009)

2. Членот 2 став 1 алинеја 8 во делот: „катна гаража“, членот 19 став 2
во делот: „15 дена“ и ставот 3, членот 20 во целина и посебно ставот 1 во
делот: “конечноста”, членот 22 ставови 1 и 2 во деловите: „конечноста“ и членот
38 став 1 во делот: „конечноста“ од Законот за експропријација (“Службен весник
на Република Маке­донија“ бр.33/1995, 20/1998, 40/1999, 31/2003,
46/2005-укинат, 10/ 2008 и 106/2008).
(Реферат У.бр.173/2009)

3. Член 75 став 1 од Законот за извршување („Службен весник на Република
Македонија“ бр.35/2005, 50/2006, 129/2006, 8/2008 и 83/ 2009).
(Реферат У.бр.195/2009)

4. Член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за научно –
истражувачката дејност („Службен весник на Република Македонија“ бр.103/2008).
(Реферат У.бр.208/2009)

5. Одлука за донесување детален урбанистички план за Градска четврт
„ЛИРИЈА-2“, Општина Чаир Скопје, планиран развој 2008 – 2013, бр.07-1355/3 од
17.09.2008 година, донесена од Советот на Општина Чаир („Службен гласник на
Општина Чаир“ бр. 14/2008).
(Реферат У.бр.124/2009)

6. Одлука за донесување на Детален урбанистички план за локалитет
„Скопјанка“ Урбана единица А бр.07-1438/29 од 12 март 2009 година, донесена од
Советот на Општина Аеродром („Службен гласник на општина Аеродром“ бр. 5 од 12
март 2009 година).
(Реферат У.бр.205/2009)

7. – член 129 став 2 во делот: „два члена на Управниот Одбор на
Друштвото или друго лице/а овластено/и од нив“,
– член 134 став 1 во делот: „ два члена на Управниот Одбор или лице овластено
од него“,
– член 135 став 3 во делот: „два члена на Управниот Одбор на Друштвото или
друго лице/а овластено/и од нив“ и
– член 138 став 1 во делот: „два члена на Управниот Одбор на Друштвото или
друго лице/а овластено/и од него“ од Колективниот договор на ЕВН
Електростопанство на Македонија, Акционерско друштво за дистрибуција и
снабдување со електрична енергија-Скопје, склучен помеѓу Синдикалната
организација на ЕВН Македонија и Управниот Одбор на ЕВН Електростопанство на
Македонија, Акционерско друштво за дистрибуција и снабдување со електрична
енергија-Скопје под бр.02-17694/1 од 10 декември 2008 год.
(Реферат У.бр.238/2009)

8. Одлука за утврдување на вредноста на бодот за платите на судските
службеници за 2010 година, донесена од Владата на Република Македонија, број
51-462/1 од 2 февруари 2010 година (“Службен весник на Република Македонија”
број 17/2010).
(Реферат У.бр.37/2010)