Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 12-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 31.03.2010

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 12-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 31.03.2010

РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИСТОСТА НА:

1. Член 4 од Законот за домување (“Службен весник на Република
Македонија”, број 21/1998, 48/2000, 39/2003, 96/2004, 120/2005 и
13/2007).
(Реферат У.бр.129/2009)

2. Член 17 став 1 алинеја 7 од Законот за застапување на Република
Македонија пред Европскиот суд за човекови права (“Службен весник на Република
Македонија”, број 67/2009).

(Реферат У.бр.134/2009)

3. а) член 7 став 2 точка 4 во делот: „или ако не ги намирил своите
обврски за даноци и придонеси“ и член 13 став 6 во делот: „ако ниту
работодавачот ниту странецот не ги прекршиле одредбите на овој закон во тој
период“ од Законот за вработување и работа на странци („Службен весник на
Република Македонија“ бр.70/2007 и 5/2009) и
б) член 11 алинеја 2, член 12 став 2 алинеја 4, член 16 став 4 алинеја 2, член
19 став 1 точка ѓ), член 21 став 1 точка 1 алинеја 6 и член 22 алинеја 7 од
Правилникот за постапките за издавање на работни дозволи и формата и содржината
на посебните видови на работни дозволи („Службен весник на Република
Македонија“ бр.108/2007 и 32/2008) донесен од министерот за труд и социјална
политика на Република Македонија.
(Реферат У.бр.230/2009)

4. Член 138 став 1 точка 4 и член 160 од Законот за катастар на недвижности
(“Службен весник на Република Македонија” број 40/ 2008).
(Реферат У.бр.7/2010)