Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 27-та седница на Уставниот суд на Република Северна Македонија закажана за 20.10.2021 година (среда), со почеток во 09,30 часот

I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:

1. Член 160 од Законот за служба во Армијата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ број 36/2010, 23/2011, 47/2011, 148/2011, 55/12, 29/14, 33/15, 193/15 и 71/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 101/19 и 14/2020) и Правилникот за утврдување на висината на посебниот додаток на офицерите со генералски чинови заради вршење на стручни работи за организирање, подготвување и командување со Армијата, донесен од министерот за одбрана, бр.01-1155/1 од 15.2.2012 година.
Реферат У.бр.293/2020

Подносител: Борко Симовски од Скопје.

2. Член 8 став 1, член 34 став 1 и членот 51 од Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија 2021 („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.19/2021).
Реферат У.бр.31/2021

Подносител: Национален блок „ Не отварам врата“

3. Член 57 став 3 во делот „или е под суспензија или е укинат“ од Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.32/2020).
Реферат У.бр.62/2021

Подносител: Кристина Бачовска Синколи преку Адвокат Роберт Бачовски Синколи од Скопје.

4. – Член 1, член 3 ставови 1 и 2, член 5 став 2 алинеи 6 и 7 од Законот за Академијата за судии и јавни обвинители („Службен весник на Република Македонија“ бр.20/2015, 192/2015, 231/2015 и 163/2018),
– Член 45 став 1 алинеи 6 и 8, став 2 и член 46 став 1 точка 1 од Законот за судовите („Службен весник на Република Македонија“ бр.58/2006, 35/2008, 150/2010, 83/2018, 198/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија бр.96/2019),
– Член 62 став 1 алинеја 8 од Законот за јавно обвинителство („Службен весник на Република Македонија“ бр.42/2020).
Реферат У.бр.82/2021

Подносител: Рената Ѓеорѓиевска вработена во Основниот кривичен суд Скопје, Љубица Стојковска Перковска вработена во Управниот суд Скопје и др.

5. Одлука за продолжување на функционирањето на објектите од времен карактер на територијата на Општина Велес, во кои се врши трговска или друга услужна дејност, до обезбедување на соодветни услови за работа, бр.25-2752/18 од 30 јули 2020 година, донесена од Советот на Општина Велес.
Реферат У.бр.272/2020

Подносител: Аце Коцевски, градоначалник на Општина Велес.

6. Правилник за систематизација на работните места во ЈУ Меѓуопштински Центар за социјални работи во Штип, бр.01-754/1 од 25 јуни 2019, односно член 15 точка 1 алинеи 1, 2 и 3 од истиот, со кој се утврдени посебните услови утврдени со Законот за социјална заштита за давателите на услуги во областа на социјалната заштита од категорија А-стручни.
Реферат У.бр.38/2021

Подносител: Сузана Цветкова од Штип.

 

II. ПРЕДЛОГ ЗА РЕШАВАЊЕ НА СУДИР НА НАДЛЕЖНОСТ:

1. Решавање на судир на надлежност по предметот У.бр.95/2019

Подносител: Митко Стојанов од Струмица.