Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 22-та седница на Уставниот суд на Република Северна Македонија закажана за 15.09.2021 година (среда), со почеток во 09,30 часот

I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА:

1. „Прв заменик на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за координација на политичките прашања на ресорите“ во насловот на Глава II, членовите 5 и 6 од Деловникот за работа на Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.38/2001, 98/2002, 9/2003, 47/2003, 64/2003, 67/2003, 51/2006, 5/2007, 15/2007, 26/2007, 30/2007,58/2007, 105/2007, 116/2007129/2007,157/2007,26/2007,30/2007,58/2007,105/2007,116/2007,29/2007,157/2007,29/2008,51/2008,86/2008,144/2008,42/2009,62/2009,41/2009,162/2009,40/2010,166/2010,172/2010,95/2011,151/2011,70/2011,67/2013,145/2014,62/2015,41/2016,153/2016,113/2017,228/2019 и 72/2020).
Реферат У.бр.266/2020

Подносител: Светски македонски конгрес

2. Член 17 став 2 од Етичкиот кодекс за вработените во Министерството за надворешни работи и други лица што вршат работи во и за Министерството за надворешни работи, бр.01-5710/1 од 1 јули 2013 година, донесен од министерот за надворешни работи на Република Македонија.
Реферат У.бр.190/2020

Подносител: Синдикална организација „Македонски Дипломатски Синдикат“, преку претседателот и законскиот застапник амбасадорот Зоран Дабиќ

3. Одлука за донесување на Урбанистички план за село Ново Село со разработка на У.Е.„В“ дел од У.Е.„Г“ и дел од У.Е.„Д“ општина Ново Село, на површина од 247,83 хектари, изработен од „ЗУАС“-Скопје со тех.број 2536/12, бр.08-1563/1 од 2.06.2015 година, донесена од страна на Советот на општина Ново Село.
Реферат У.бр.324/2020

Подносител: Методија Челаков од Ново Село, Струмица.

4. Член 3 став 1 дел 4 точка 408 од Правилникот за листата на професионалните болести (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр.118/2020)
Реферат У.бр.58/2021

Подносител: Македонско здружение за заштита при работа од Скопје.

5. Одлука за привремено ограничување на распределбата и исплатата на дивиденда на акционерите на банките, О.број 02-15/III-6/2021 од 26 февруари 2021 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.47/2021), донесена од Советот на Народната банка на Република Северна Македонија.
Реферат У.бр.42/2021

Подносител: Група правни и физички лица акционери на Комерцијална банка АД Скопје.