Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 20-та седница на Уставниот суд на Република Северна Македонија закажана за 02.09.2021 година (четврток), со почеток во 09,30 часот

I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА:

1. Закон за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.19/2021);
Реферат У.бр.14/2021
Подносител: Политичка партија ЛЕВИЦА.

2. Дел II „Општ дел“ точка 2 „Единици што се опфаќаат со Пописот“, потточка 1 „Лица“, првата алинеја во делот „без оглед на тоа дали во моментот на Пописот се наоѓаат во земјата или во странство“ од Методологијата за подготовки, организирање и спроведување на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година (Службен весник на Република Северна Македонија“ број 30/2021);
Реферат У.бр.56/2021
Подносител: Мартин Бошкоски, адвокат од Скопје.