Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 16-та седница на Уставниот суд на Република Северна Македонија закажана за 24.06.2021 година (четврток), со почеток во 09,30 часот

I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:

1. Член 344 став 2 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата („Службен весник на Република Македонија” бр.169/2015, 226/2015, 55/2016, 11/2018 и 83/2018 и “Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 98/2019 и 302/2020).
Реферат У.бр.39/2021
Подносител: Трајанка Елим Илиеска од Прилеп

2. Член 7 став 8 од Законот за неевидентирани лица во матичната книга на родените („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.42/2020 и 305/2020).
Реферат У.бр.47/2021
Подносител: Политичка партија „ЛЕВИЦА“- Скопје

3. Член 241 став 3 од Колективниот договор на Министерството за внатрешни работи („Службен весник на Република Македонија“ бр.69/2015, 227/2015, 177/2016 и 197/2016 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.269/2019 и 279/2019).
Реферат У.бр.309/2020
Подносител: Орце Коцевски од Скопје

4. Акти на ЗАМП: Oдлука бр.0201-392/1, Одлука бр.0201-393/1, Одлука  бр.0201-395/1, Одлука бр.0201-396/1, Одлука бр.0201-398/1, Одлука бр.0201-399/1, Одлука бр. 0201-400/1, Одлука бр.0201-401/1 сите донесени на 27.10.2020 година од страна на Собранието на Здружението ЗАМП од Скопје, Одлука на Управниот одбор за Здружението ЗАМП од Скопје од 23.12.2020 година, Одлука на Собранието на Здружението ЗАМП од Скопје донесена на 11.03.2021 година; и член 50 став во делот „Трошоците за водење на судските постапки, судските такси, трошоците за вештачење, адвокатските трошоци и извршните трошоци се утврдуваат со одлука на Собранието и тие не влегуваат во вкупните трошоци за работа на Здружението“,од Статутот на Здружението за заштита на авторски музички права бр.352-10201 од 19.11.2013 година.
Реферат У.бр.301/2020
Подносител: Славко Димитров од Скопје

II. БАРАЊА ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИ И ПРАВА:
Барање за заштита на слободи и права по предметот У.бр.55/2021
Подносител:
Наташа Талевска од село Далбеговци, Општина Новаци.

III. ПРЕДЛОГ ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ ПО ПРЕДМЕТОТ:
Предлог за одлучување по предметот У.бр.263/2020 со нацрт-одлука