Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 9-та седница на Уставниот суд на Република Северна Македонија закажана за 25.03.2021 година (четврток), со почеток во 09,30 часот

I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:

1. – Член 96 став 4 од Законот за Судскиот совет на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.60/2006, 150/2010, 100/2011, 20/2015, 61/2015,197/2017 и 83/2018) и
– член 72 став 3, во делот: „ценејќи ја законитоста на постапката“ и став 4, во делот: „во случај на груба повреда од одредбите за постапката“, од Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.102/2019).
Реферат У.бр.137/2019

2. Член 163 став 3 од Законот за банките („Службен весник на Република Македонија“ бр.67/2007, 90/2009, 67/2010, 26/2013, 15/2015, 153/2015, 190/2016 и 7/2019 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.101/2019)
Реферат У.бр.247/2020

3. Член 46 ставови 4 и 5 од Законот за извршување („Службен весник на Република Македонија“ бр.72/2016, 142/2016 и 233/2018) и член 10 од Законот за изменување и дополнување на Законот за извршување („Службен весник на Република Македонија“ бр. 233/2018).
Реферат У.бр.74/2019

4. Член 31 став 3 од Законот за просветната инспекција („Службен весник на Република Македонија” број 52/2005, 81/2008, 148/2009, 57/2010, 51/2011, 24/2013, 137/2013, 164/2013, 41/2014, 33/2015, 145/2015, 30/2016 и 64/2018)
Реферат У.бр.148/2019

5. Член 2 од Законот за правосуден испит („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.190/2020
Реферат У.бр.311/2020

6. Член 17 став 2 од Правилникот за почетна обука (Службен весник на Република Македонија” број 19/2017, 88/2017, 11/2018, 34/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 193/2020)
Реферат У.бр.295/2020

 

II. БАРАЊА ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИ И ПРАВА:

1. Барање за заштита на слободи и права по предметот У.бр.171/2020

 

III. ПРЕДЛОЗИ ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ ПО ПРЕДМЕТИТЕ:

1. Предлог за одлучување по предметот У.бр.22/2019 со нацрт-одлука