Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 21-та седница на Уставниот суд на Република Северна Македонија закажана за 12.06.2020 година (петок), со почеток во 09,30 часот

I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:

1. Уредба за минимални технички стандарди и услови во поглед на опремата (хардверот), функционалноста и начинот на користење на информацискиот систем на градежно земјиште бр.42-7874/1 од 26.10.2016 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.198/20160).
Реферат У.бр.7/2020

2. Уредба со законска сила за примена на Законот за туристичката дејност за време на вонредна состојба, донесена од Владата на Република Северна Македонија, број 44-2438/1 од 24 март 2020 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.80/2020).
Реферат У.бр.89/2020

3. Уредба со законска сила за финансиска поддршка на самостојните уметници за време на вонредна состојба, донесена од Владата на Република Северна Македонија, број 44-2436/1 од 03 април 2020 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.90/2020).
Реферат У.бр.127/2020

4. Уредба со законска сила за примена на Законот за санација и реконструирање на дел од банките во Република Македонија за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.82/2020), донесена од Владата на Република Северна Македонија.
Реферат У.бр.94/2020

5. Уредба со законска сила за финансиска подршка за спортисти, стручни лица од областа на спортот и спортска администрација за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.90/2020) и Уредба со законска сила за изменување на уредбата со законска сила за финансиска поддршка на спортисти, стручни лица од областа на спортот и спортска администрација за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.94/2020), донесени од Владата на Република Северна Македонија.
Реферат У.бр.128/2020

6. Уредба со законска сила за примена на Законот за јавните набавки за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.94/2020) донесена од Владата на Република Северна Македонија.
Реферат У.бр.140/2020

7. Уредба со законска сила за исплата на паричен надомест за лица ангажирани со договор за дело во органите на државната васт, регулаторните тела, агенциите, државните комисии, правните лица во целосна сопственост на државата, единиците на локалната самоуправа и Градот Скопје и правните лица основани од единиците на локалната самоуправа и Градот Скопје за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.102/20).
Реферат У.бр.154/2020

8. Уредбата со законска сила за примена на Законот за извршување за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.86/20) и измени и дополнување на истата Уредба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.103/20).
Реферат У.бр.166/2020

9. – Уредба со законска сила за примена на Законот за извршување за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.86/2020) и
– Уредба со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за извршување за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.103/2020).
Реферат У.бр.185/2020