Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 19-та седница на Уставниот суд на Република Северна Македонија закажана за 03.06.2020 година (среда), со почеток во 09,30 часот

I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:

1. Член 52 од Колективниот договор за работниците во Јавното претпријатие за стопанисување со шуми „Македонски шуми“ (по ново ЈП Национални шуми) ПО-Скопје, склучен помеѓу Синдикатот на работниците од шумарството и дрвната индустрија на Република Македонија и Управниот одбор на ЈП „Македонски шуми“, (бр.02-468/1 од 06.02.2006, 02-202/4 од 25.01.2007, бр.02-243/3 од 09.02.2009, бр.02-1126/4 од 13.07.2009, бр.02-864/2 од 30.06.2011, бр.02-907/1 од 03.09.2014 и бр.02-675/1 од 26.08.2019)
Реферат У.бр.120/2019

2. Уредба со законска сила за примена на Законот за процена за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.71/2020), донесена од Владата на Република Северна Македонија.
Реферат У.бр.70/2020

3. Уредба со законска сила за примена на Законот за превоз во патниот сообраќај за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.86/2020) и Уредба со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за превоз во патниот сообраќај за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.103/2020), донесени од Владата на Република Северна Македонија.
Реферат У.бр.104/2020

4. Уредба со законска сила за примена на Законот за извршување на санкциите за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.95/2020 од 08.04.2020 година).
Реферат У.бр.143/2020

5. Уредба со законска сила за примена на Законот за возила за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.102/2020).
Реферат У.бр.155/2020

6. Уредба со законска сила за примена на Законот за минералните суровини за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.103/2020).
Реферат У.бр.157/2020

7. Уредба за изменување на Уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2020 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.88/2020)
Реферат У.бр.164/2020

8. Решение за распишување на предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија бр.09-1422/1 од 16 февруари 2020 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.43/2020), донесено од претседателот на Собранието на Република Северна Македонија.
Реферат У.бр.168/2020

 

II. БАРАЊА ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИ И ПРАВА:

1. Барање за заштита на слободи и права по предметот У.бр.139/2019

2. Барање за заштита на слободи и права по предметот У.бр.4/2020

 

III. ПРЕДЛОЗИ ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ ПО ПРЕДМЕТИТЕ:

1. Предлог за одлучување по предметот У.бр.56/2020 со нацрт-одлука